Eве ги и моите нокти моментално ја поминувам мојата 6-та недела без да ги изгрицкам не ми се нешто посебно но овој лак ми е омилен а до сега немав можност да се налакирам а сега скоро на 3-4 дена го менувам уфф си ги обожабам
Моментално ми се никакви..со син лак кој почна да се лупи. Ама утре сум на свадба така да вечерва ќе си ги средам па ако не ме мрзи ќе ставам и слика да ги ѕирнете
За срамота, уште од кога ме немало на темава. Патем, тие ноктите што ми се со точкици, ги копирав од една феминка. И да! Држам пиштол на вода. Првите две слики.. Еден ден, ми седеа со еднобоен лак, а другиот ден ги шарав. И како што гледате, и не сум баш прецизна, ко стара баба сум станала, ми се тресат раце.
Моите се со Ајфеловата кула на палецот и на останатите со nude лак и бели точки. Јас си ја цртав Ајфелова, ја вежбав прво на лист, па ја цртав на вештачки нокти и на крај на моите. Еве слики:
Сега ми се со сребрени светки на врвовите кои надолу се повеќе и повеќе се изретчуваат. Утре ќе сликам на дневна светлина и ќе ви покажам.
Сега само што си ги бришев со ацетон а пред тоа ми беа со црн лак па сеа цели прсти ми се црни Уффф колку само мразам коа ми се налакирани со црн лак па треба да си ги бришам..
Вакви ми беа пред некоја недела. Незнаев како да ги налакирам ноктите, плус и немав многу лакови, се одчучив да експериментирам малку ... и да, не се убаво направени ама тоа е тоа. Еве што испадна: Не успеав убаво да се исчистам околу ноктите, на брат ми му требаше апаратот. А сега ми се вакви, тазе налакирани. Баш е дреч розевава, иако не се гледа тоа на сликава многу.
И јас се враќам на темата. Немав постирано одамна, а и немаше што, немав многу време па најчесто ми беа еднобојни. Еве ги сега, туторијалот го најдов во темата Туторијали за нокти.
Dulceee & Dancing Queen! Прекрасни нокти имате и шарите ви се прејаки! Да кажам дека поради темава, јас веќе 2 и пол месеци немам гризено нокти, и се‘ повеќе и повеќе се грижам за нив Моментално ми се некоја боја кафеаво-сива. Убаво изгледа.