еве ги и моите во чест на македонската кошаркарска репрезентација На десната имам знаме на малецот а на левата на тој што е до малиот,другите црвено обично ми се
Која штета што морав да си ги скратам ноктите, зошто оваа шара совршена би била за подолги нокти. малина-црвена боја- brooklin 40 сребрена металик -pacific 17 црн лак со тенка четка зацртање(за рабовите) -Art 09 top coat - bubble 00
Морав да ги скратам сите затоа што палците ги изгризав кога игравме со Литванија Сега ми се најобични, еднобојни, со црвениот најлево. 31 е бројчето.
До вчера ми беа вакви а моментално ми се црвени. лилавиот лак е на Aura 32 синиот Оливиа 117 Спојлер ги сликав одејки по пат затоа сликата е "многу добра"
Во чест на кошаркарите, односно во чест на Предраг Самарџиски ги излакирав ноктите во црвено, од десно кон лево пишува САМАРЏИСКИ со жолт лак, на секој нокт по една буква.
Пааа и не ми испаднаа баш нај нај добри и лакот што е користен , заедно со pacific gabrini бел, и лила ( број 22 )
Креативни и професионални нокти правите Мојата другарка навистина умее да ги прави ноктите! Ми ги имаше правено ноктите со кафеав лак кремасти точки и околу нив црно кругче! иии та-дааамм биднаа како тигар! лелеле 1 месец не ги сечев, не ги пипкав! Но лакот почна да се лупи а ноктите пораснаа (а јас неморам да ги трпам ) па морав да ги исечам и исчистам !
Еве ги Ептен си ги сакам, шарени, разиграни, детски. Спојлер основа - Golden Rose Paris 01 виолетов лак - Golden Rose Paris 216 тиркизен лак - Golden Rose Paris 222 жолт лак - Golden Rose Paris 209 корал - Golden Rose Paris 87 циклама - Catherine Arley
Не се нешто баш , но овие се првите нокти кои лично сама си ги направив.. П.С незнам зошто волку рашлакани излегуваат, но не се вакви !
Нели ми се прекрасни? Си ги обожавам. Па најубави ми се бе! Ајде сега озбилно. Она не се моите нокти. Ми беа сите црвени, само на палецот и претпоследниот имав знаме. Денес ги избришав, сега ми се црни.
у план сум да ги напраам како првата слика а моментално ми се како втората слика (ПС. бидејки не ми се сликани сликиве се од гугул а исти такви се јас само да си кажам )
Еве ги. Спојлер Заебавам. Им ставив гел за заноктици, ги исчеткав со паста, ги истрив со крем за нокти и ги излакирав со лак за зацврстување. Се беше со надеж дека ќе ги оставам да растат, ама ај да видиме дали ќе издржам така до утре.