Има кај нас во Unique имам гледано, мислам дека беа на miss sporty, ама не сум сигурна. Прашај ќе ти кажат. Ама сигурно ги има. И мислам дека беа околу 200 денари.
Средна големина ми се, истурпани добро, сама си ги средив, и со црн лак, многу елегантно ми стои црниот лак, а обично црвени ми се, си го забораив лакот дома, па тука во Ск црнички си ги носам.
Само да ви кажам нешто... Кога ќе ставате од лакот што распукува не ставајте дебел слој оти така не пука убаво. Поминете еден обичен слој и не го повторувајте. Ви гледам како ви се направени и повеќе изгледаат како излупени отколку испукани.
Ни ми се истурпирани, ни имам некаков лак. Летово му напнав на ноктите ептен и како да ми се отакчија ( ) , а сега башка и на школо сме па не ми личи да ги тинтрам многу .
си ги сакам ноктите НАЗАААД многу доло време ги раснам ноктите, од кршливи, меки и излупени нокти имав преубави ноктиња и си ги негував мноу, АРНО АМА залепив вештачки и лепакот ЛОМ ми ги направи и сега незнам што да правам, тоа беше пред недела и нешто ама многу споро ми се обновуваат
Кога и да ја отворам темава ми доаѓа еден нагон да си ги налакирам ноктиве од гледање убави ноктиња. Ама ова особено кога ми се моиве налакирани во еднобоен и ми стојат три дена како сегашниве крем што ми се, ама за среќа не се излупени па ќе им направам само некои точкички, а утре ќе ги прелакирам со други лакчиња.