Ете какви се моите моментално т.е. од неделата ми се правени па затоа малку се безвеза денес ако најдам време планирам да ги подсредам...btw баксуз сум секогаш ми се крши ноктот на средниот прст
Мене ноктите ми се многу меки и лесно се кршливи дури и кога се облекувам малце ке ми запне на облеката и веднаш се крши Со се имам пробано и со гел и лак за зацврстување и Дикла крем за нокти но не ми помогнаа.И користев крем од Аура и навистина ноктите ми пораснаа но веднаш се кршат и не знам веќе што да правам.Ве молам за совет
Нијансата е преубава (ама тоа од компјутерска камера не се забележува баш). Тегет со ситни светкички. Лакот е од Авон...и изгледа слично вака
Моите се скратени,исчистени и средени нешто орловски нокти да ја мрднам ракава на некој око да му истам не сакам. Ај ќе ви ги фотнам некогаш.
Moите нокти бидејќи се лесно кршливи,приморана сум да им ставам надградба,значи нон-стоп си ги надоградувам и ми се прекрасни
Колку лакот за нокти го привлекува спротивниот пол? Се лакирам скоро секој ден затоа што лакот ми се лупи брзо....ги имам скоро сите бои и не можам да излезам од дома ако не ми се налакирани ноктите Опседната сум со нив...средна големина ми се, но секогаш налакирани.
За нокти имам челични живци. Светкиве ги вадам, една по една од друг лак со светки и ги редам исто, една по една . Очајно барам вакви готови, ама нема. Обично се гломазни и крути па не стојат на ноктот Се исплати трпението, а ова не е ништо.....види ги овие како шах
Ноктите ми се стандард црвени како на рацете така и на нозете,малку пократки ми се од овие на сликата зошто воопшто не сакам долги нокти,а во последно време многу го невкусно ми изгледа маникирот на долги нокти некако многу евтино и невкусно ми изгледа(иако до скоро беше модерен)подобро со црвен,сјај или млечен лак...Не би сакал некого да навредам но тоа е мое мислење
јас ако не ми се средени ноктите мислам ќе полудам. Многу сакам кога ми се средна должина и темно бордо налакирани па најчесто така ги носам.
Моите нокти, за уникатни, уникатни се Ма не е до нив, кутрите, јас ги јадам уште од кепац, и ај сега најди му ја формата Се надевам ќе ги управам некако.