Набрзина нашлакани, но интересно испаднаа, само незнам што ме спопадна па ми се тресеше раката и затоа ми се така малце непрецизни.
Тоа на среднот прст не ми е црно под нокти, туку преходно имав црн лак и нејќеше да се извади Палчето Мачето само го цртав
Моите одмараат моментално. По долг период на шлакања со секакви лакови, моментално не ми се налакирани со ништо. И убави вака, здравички ми изгледаат.
леле bibb.y преубај сее<3333333333333333333 иначе мојте се никакви цели искршени и налакирани со еден розев лак шо почна да се лупи а немам време да ги средам ај за викендо
моите како што реков едно 4 нокта ми се поткршија, малку да ги опоравам па повторно ќе ви праќам слики. Моментално сум намачкана со светкав-шампањ golden rose лак, многу нежна боја.
Моите две најдобри другарки освен лак за нокти и ацетон во животот ништо не употребиле за нега на нокти, а имаат сосем нормални, обични нокти да ги наречам, никогаш без лак ги немам видено. Јас таа среќа ја немам, ако јадам глупости одма на ноктите се покажува, кожа или коса. Плус не користам ацетон него маслен отстранувач, ги одмарам од лак од време на време и ги чистам со лимон за да останат бели, заштитен, безбоен coat и маслиново масло. И сеа, јас со сите тинтрања, тие со нула напор, истото. Не е фер. Ама морам да признаам дека функционира се`, за лимонот на форумов прочитав и навистина избелува. Не користам турпија, така ми се кршат. А ако ги исечам по формата, право, се цврсти. Е така ги чувам, а ги лакирам строго еднобојно, ако ставам печат тоа е еден на 4 прст, ништо повеќе.