Еве ги и моите. И јас имам огромно трпение кога станува збор за нокти. Постојано ги средувам, нема шанси да ми стоат нелакирани и несредени повеќе од 5часа Или пак да излезам без лак...
Еве ги моите, коишто и јас дури се чудам ми седеа 5 дена. Прв пат толку, обично ги чувам максимум 2 дена. .
Моите ноктиња се кратки, мразам кога ми се подраснати обично ми се скроз исечени, но природно имаат некоја ок должина па не изгледаат премногу кратко. Инаку најчесто ми се црвено излакирани Сакам да ве прашам дали конечно стигна лакот што се распукува??? И дали некоја ја знае цената на Opi лаковите?? ( ако ги има кај нас?)
Уууу имам нокти диско топка. Мене баш ми се свиѓаат, ептен ми се фенси Купив лак со светлички и сеа нема да го оставам на раатм хит ќе ми биде некое време хахаха Во секој случај, ноктиве многу убаво изгледаат во диско
Ноктите моментално ми се кратки, налакирани со лак месо боја и имаат мали бели и црни цветчиња. Ќе ставам слика ама не ми се смејте прв пат правам цветчиња
Натинг спешл, ама си ја обожавам бојава, тиркиз Инаку ФБИ дефинитивно имаш најфенси нокти да поминат колоквиумите и ти ја крадам идеата (а може и легално да ми дадеш право да ја искористам за сопствени цели ) Браво и секоја чест на трпението
Кажете ми искрено дали ви се допаѓаат или да земам да ги бришам Прв пат вака ги правам . Со сунѓерче ги правев Спојлер ги избришав цветчињата
Сакам вакви женииии.... не се мои ама деновиве ќе се обидам да ги направам ,,па ако испаднат ќе сликам ако не ...не
Луничка овие конкретните не се моите само пратив слика да видите со каква шарка ми се сега..Лесно се прави ова макар што мене ми ги цртка една девојка ама за тие што си имате нерви и трпение по дома да се црткате и маникирисувате не е тешко ич се се сведува на три големи кругчиња со по четири точки над нив Има и туторијали на јутуб сум видела така да прочепкајте ова треба да е и полесно отколку да нацрташ обично цветче.. Инаку овие ми беа омилена шарка кога ги имав и ги носев вака па може еден месец (жал ми беше да ги избришам ) Е сега ова се моите ноктиња
Се важат вештачки нокти Прв пат правам вакво нешто, со сунѓерче ги правев, од тука ја видов техниката... малку се шаренки ама мене лично ми се свиѓаат.