Знаеме дека во последно време се намножија лажни слики по темите, но ве замолуваме доколку сметате дека е тоа случај, да исконтактирате модератор или да го пријавите мислењето. Се оди оф-топик, а и можно е да сте грешка, па членката да биде доведена во ситуација без потреба да се објаснува.
Еве ги и моите „сунѓерести“ ноктиња. Многу посимпатични и поколоритни изгледаат во живо, но и на сликиве не се лоши, сепак имаат некој фотогеничен потенцијал .
Огомна чест ми е да Ви ги претставам досегашните резултати од долготрајното чекање. Забележлив е видниот раст на ноктите кои обично се со "машка" големина Епа трудот се исплати а викендов планирам да бидат со некоја дреч боја со цел да си ги исфалам Не планирам да ги шарам - се нема време амааа мора да ви кажам дека вртејки ги страниве човек стварно добива инспирација. Секоја чест на креативноста. Занемарето го палецот кој се искрши предвреме (малку се зумнати )
Од претходната недела..... Прво беа вакви(лакови основа габрини М09 и галден роуз 52) Ми се здосадија уште првиот ден па од една свеќа ги извадив светките и си ѓи ставив на ноктите Денес снимав туториали, купив нови лакови па да ги пробам. Лакот се вика МАлена бројче 13. (Занемарете тоа што се малце замачкани од страните ама снемав ацетон снимав повеќе туториали и ојде ацетонот )