Новогодишно лудило ги зафати и ноктите наши Мое дело се и двете, тие со ирваси на сестра ми и ги нацртав, а тие со снегулки мои со нормално шашава десна рака, алал да им е на тие што одлично цртаат и со лева рака
Нови, со светки, само на сликава не светат толку како во живо. Цел град свети, па решив и јас да светкам малце предновогодишно, доста пркосев .
Патам од потребата да експериментирам со маникир. Кога не ми се налакирани ноктите чувствувам како да ми недостига нешто Имам здрави нокти и обожавам да ги чувам долги и средени Еве неколку мои обиди...
Дефинитивно блицот ми ја мати целата работа и некаде изгледа како да ми си замачкани но нема такво нешто.
И јас си направив Новогодишни Се извинувам за тоа отстрана што не ми е избришано, штотуку се направени Инспирација: http://www.femina.mk/%D1%83%D0%B1%D0%B0 ... 0%B8%D1%80
Да се пофалам, вештачкиве ми стојат цели 19 дена, со исклучок на некои, што се сменети, нормално. Еве вака започна, прво си реков.. ај еднобојни да си ги налакирам, и си ги налакирав.. После, ми станаа досадни, само еднобојни, па ај викам елкички да им турам, и им турив.. После сватив дека ги ушљакав, уште повеќе, и ги избришав, па пак ставив еднобојни црни, и пак ги за*бав.. И утредента, ги избришав и пак ги нашарав со моите депресивни цртички.