Бојата ми варира од жолто-зелена (на сончева светлина) до зелено-кафеава Ако можете да забележите, од внатрешната страна ми се потемни, измешани со кафеаво, а од надворешните страни се посветли, зелено-жолти. Имам чудна боја.
Па, имам класични зелено кафени очи, повеќе наликуваат на зелени.Имам типичен тажен поглед и средно големи долги очи, мене лично ми се допаѓаат и ги истакнувам со маскара и сенки.
Мали очиња,со сино-сиво-зелена боја и жотла околу црнката И ми се менуваат во зависност од светлината
Јас, со потисната огорченост можам да изјавам дека само јас имам грди очи во цела фамилија. Очите ми се маслинести, дури и жолти на светло, и делуваат тажно скоро секогаш.. Сестра ми има зелени очи, мајка ми сиви, тато има зелено-сини, чичко ми има ептен интензивно сини очи, тетка ми зелени, вујна ми зелени.. Еве го моето тажно око.
Јас имам прилично крупни очи,а бојата им е мешавина од сино и зелено,ни јас не можам да одредам.... Не дека се фалам,ама убави очи имам...