Јас си имам камелеонски очи, бојата ми се менува од зелена, жолта па се до кафена . Многу сум фраерка знам, ама тоа се ми зависи од облеката, од расположение, од времето... И стално ги фаќам на финта луѓево: -Абе какви очи имам, а? -Зелени. -Кои зелени глеј жолти ми се -Аааа ти леќи си стаила. -Нема врска, мои си се, ти толку ме гледаш во очи. После неколку дена, пак: -Какви ми се очите? -Жолти. -Кои жолти, гледај кафени ми се... Многу сум јака, стварно особено со финтиве
еве ги моите најомилени очина понекогаш ми се зелени светло а понекогаш плави темно зависи од времето
Често ми се менуваат од зелени во жолти и кафени. Немам никој у фамилија со вакви очи ко изрод сум Алиии најчесто ми се зелени со малце кафеаво во средината
Тешка сум со описи и објаснувања, а мрзлива да ставам слика, ама ќе се потрудам. Големки се, ама не претерано...средни. Не се многу ококорени, онака убавки се Кафени, со некоја зеленкаста нијанса. Кој сфати сфати, кој не повеќе среќа следниот пат.
Јас имам очи - петбанки. Треба да им барам копирајт на цртачите на манга стрипови, момите имаат очи ко моите. Трепки задоволителни, а бојата за обичните лаици е светло кафеава, но како што ми кажа еден многу елоквентен уметник (и педофил ), се со боја на темен килибар.
Види види мамата, ти ги ставиле очите и на интернет. Браво мала Спојлер http://sheokhanda.wordpress.com/2011/04/27/it-is-a-blue-eye-thing-stupid/ Иначе само да кажам за моите очи ми доаѓа да си пукнам зашто ни јас ни сестра ми не сме го наследиле тоа зелено око од татко ми. Не е фер, не е, само кривите запчиња и големото носе сме го наследиле
Кафеаво - зелени. Такозвани маслинести. Ми се мењааат, на светлина ми се изразито дречави, во темнина обично кафеави. Знам да се загледам во огледало и да се думам дека едното око ми е потемно за нијанса од другото, но најчесто трипам
Кога ме шминкаше Владо ми рече - ух бре, окце мое зелено Ми се свиѓаат вакви манијачки реакции на моите очи. Епа зелено. Мада не е баш само зелено. Секакво е. Почнува со бледокафена нијанса, преминува во маслинесто зелена и на крај завршува со темнозелена боја. Водолијско, де вакво, де такво, како ќе му текне. МисСпарк, ај да пукне!
Зелени. Нормално, затоа и така си се викам овде (и заради омилената песна од Coldplay). До пред некое време беа зеленкасти, плаво-зелени, сиви....чисто зелени беа навечер, и кога бев уморна. И тоа ме нервираше. Арно ама, на моја среќа, од пред некое време, ми се цело време зелени, баш зелени, како трева (како на тато, де ) И си ги обожавам што се зелени 24/7. p.s. Само уште да гледаа убаво, ќе беше топ, ама тоа е......Long live оној што ги измислил безбојните диоптриски леќи