па да докажам дека сум била во право тогаш кога другите ми го тврделе спротивното и да им го затнам устите ете ради тоа сакам да дојдат моите 5мин.кога јас ке се смеам бидејќи ке си се испразнам, а другите само ќе ќутат зашто ќе немаат што да кажат на тоа
Еееххх кога ќе дојдат моите 5 минути(уште ги чекам )ќе ги покажам моите вистински квалитети и способности...Ќе им ја покажам на другите мојата вредност...и ќе ги остварам моите зацртани цели... А другите ќе останат така малце подзинати и нема да имаат што да кажат ууухх осеќам дека набрзо ќе дојдат моите 5 минути
кога ќе дојдат мојте 5 минути. ех колку ќе се смеам. некој ќе праша зошто? во тие мој драгоцени 5 минути на сите ќе им ги затворам устичките. ќе им кажам која сум и што сум. ќе си го наполнам срцето а другите ќе разберат тек тогаш со кого си имале работа. сево ова го мислам во позитивна смисла. затоа што многу луѓе имаат грешно мислење за мене. уф не за џабе рекле кој последен се смее најслатко се смее. ех мој драгоцени 5 мин. како чекам баш во право време да ве искористам
Кога ќе дојдат моите 5 минути нему ќе му докажам дека навистина го сакам и секако љубоморните ќе пукнат од мака,исто и на моите ќе им докажам дека не сум зелена
Од моите пет минути очекувам да ми се оствари тоа што сум го замислила, покрај мене да има луѓе кои ќе ме сакаат и почитуваат вистински, а оние кои не верувале во мене да си ги согледаат грешките и лошите проценки
Вчера сонував дека ќе отворам ваква тема Како и да е, во моите 5 минути очекувам да се окарактеризирам како успешна жена, мајка, сопруга
Би сакала да ги искористам за докажување на моите способности кои досега од икс причини можеби не излегле на виделина. И не само да ги покажам, туку и да ги искористам за личен прогрес.
Мммммммммммммм да бидам почитувана и во круг на моите најблиски...Со диплома за завршени магистерки студии и најверојатно некаде надвор од земјава со убава работа и прекрасно семејство со 5-6 дечиња
Не би сакала да дојдат во скоро време бидејќи не сум сигурна дали ќе сум спремна максимално да ги искористам. Главно очекувањата ми се засновани за периодот кога ќе завршам факултет. Дали ќе продолжам на последипломски или пак ќе најдам некоја работа по струка која во целост ќе ме исполнува... Потоа сакам да ми излезе шанса да ја поправам сопствената грешка и да и докажам да мојата бивша другарка дека ја сакам повеќе од се и дека никогаш не сум се откажала од неа. За докажување пред другите воопшто не ми е галје, од моите 5 минути очекувам јас да си ја наполнам душичката и да бидам среќна со моите најсакани
прво што ми паѓа на памет е дека во моите пет минути се што знам ќе му плеснам во фаца и после гордо ќе го гледам како црвенее и се правда.
Кога доаѓаат моите 5 минути правам се и кажувам се што не сум можела до тогаш . И никој не смее да ми зуцне И после како повторно да сум се родила се чувствувам Не сакам ич кога треба да дојдат тие 5 минути , ми се собира се и многу се нервирам
Јас мислам дека моите 5 минути ги добивам кога ми е роденден и тоа секој роденден. Тогаш си правам што сакам, никој ништо не ми пререкува и сите гледааат да ми угодат и сум пре пре најсреќна
Море многу време не сум кажала ќе дојдат моите 5 мин. Еднаш поминаа покрај мене,сега не знам кога ќе дојдат,ама кога ќе дојдат сите ќе летат у п.м.
Да сум ја користела таа реченица ауффф ама кога ке дојдат јас им лепнам со во лице на сите мислам дека и така треба
ќе станам толку сурова и со поглед ќе им кажам каде им е местото со кренат нос ќе поминувам покрај тие кои не заслужиле ни да дишиме ист возух а не и други работи! дури тогаш ќе ја запознаат вистинската ..........................
Па да бидам искрена не ги чекам моите пет минути... Не сум трпелива по природа, чувствувам дека кога и да посакам си ги имам моите 5 минути.
исто и јас сакам да им ги видам лицата кога ќе видат дека сум успеала а тие само ми бамкале на глава со или без причина