Мила не ме сфаќај погрешно, ама мислам дека треба да си ги искористиш твоите 5 минути на некоја друга работа, затоа што нема што да докажуваш, ТИ си поинаква од другите. Колку и да има сличности помеѓу личностите, сепак секоја е посебна и единствена единка. Доволно е само ти да си го знаеш тоа и да си веруваш во себе. Јас моите 5 минути ќе ги искористам кај Драган Вучиќ во емисија. Се зезам. Моите 5 минути ќе дојдат кога ќе си го исполнам мојот сон, а веќе работам на тоа!
Секој ден си имам мои пет минути абе имам повеќе од пет .. ама овие ги користам турбо само за мене и за никој друг .Па и нема што многу да направам за некој друг во пет минути
моите пет минути? моментално не ги чекам. Но, мислам дека моите пет минути ќе бидат кога ќе го достигнам врвот во својата кариера.
Очекувам само едно извини од една за мене многу драга особа, или пак само едно глупи бевме, бевме деца..Ништо повеќе. Сакам само да сватиме дека избрзавме, дека претеравме....а можевме......
Ќе видат тие со кого си имале работа!! Се шалам. Од моите 5 минути отчекувам се да биде како што одувјек сакам, да бидам со тој штп сакам не да го делам и тогаш во тие 5 минути ќе сум најсреќна на свет! Ах
Едвај ги чекам... На сите ќе им ги затнам устите и ќе им направам само На сите ќе им кажам што се,какви се и да,ќе видат кого правеле будала овие години.
Сакам да дојдат да,ама не за да се докажувам пред другите или да им затнувам усти,туку за да ми биде мене лично убаво.Е тие мои пет минути вклучуваат: Да се реализирам професионално,како сопруга, мама на 2-3 дечки(до скоро сакав едно,ама се предомислив,досадно е ) и да ги почестам моите со некое убаво патување како фала за се..Скромно,нели? И очигледно за ова требаат многу повеќе од пет минути
Хммммм.... Ако дојдат (не се откажувам никако од нив) најверојатно ке им се затнат устите на многу скептици.Сепак за да го живееш својот сон мора прво да се разбудиш,затоа со полна пареа,со труд и воља се трудам моите амбиции да ги претворам во реалност и кога тоа ке се случи би дошле тие 5 мин нели)) И нормално не знам дали може да го кажам тоа како моите 5 мин,но сепак Би сакала да бидам срекна сопруга и мајка еден убав сончев ден
Кога ке дојдат моите 5 минути можат да траат и 10, 15, 20... Подобро ќе биде да нема никој пред мене, не одговарам за последиците
ах, кога ке дојдат тие мои 5 минути тој човек ке знае со кого си имал работа и веке нема да може у очи да ме погледне а јас само ке се смеам
Кога ќе дојдат мојте 5 минути јас зборувам а другите молчат Па кога ќе дојдат моите 5 минути тешко на тој што ми се спротиставува
Одамна си ги чекам моите пет минути, знам дека ќе дојдат еден ден и ќе си ги искористам најдобро што можам за да си ги остварам моите сништа. Само нека дојдат, станувам нестрплива.