Ке дојдат моите 5 минути сигурна сум.Кога нема да зависам за друг ќе му ги затнам на сите муцките тогаш ќе сватат колку згрешиле.Моите 5 минути ќе бидат нечија лекција во животот кој искрено би се покајал би простила
Моите 5 минути ќе дојдат некогаш, само кој е жив дотогаш. Што очекувам од нив? Следново: Да застанам таму, пред сите нив, како успешна млада жена со веќе постигнат успех зад себе и со визија за нејзиното следно освојување. А тогаш: -само ќе се насмеам на нејзината несреќа; -ќе завртам глава од оние кои тоа и сега од заслужуваат; -ќе ги гушнам оние кои со мене ќе бидат до крај, во добро и зло и тогаш сонот на моите баба и дедо ќе биде остварен. Потоа, дел од моите 5 минути сакам да биде и тој кој ќе биде љубов во мојот живот. А после моите 5 минути сите ќе видат дека не сум била толку наивна и глупава, туку доволно лукава и паметна за да го добијам тоа што го сакам!
Ќе дојдат кога и да е. Прво што ќе направам е ќе го запрам сатот за да потрајат барем пола сат и во тоа време ќе им докажам на сите дека не сум толку наивна како што мислат
Да покажам дека сум била во право кога некои ме правеле идиот И да ги откријам измамниците и лошите личности пред сите без никој да ги брани и правда
Охоо ке дојдат и моите 5 минути некогаш, ама знаете што? Ќе траат 10 Не озбилно 10 ќе траат. Е тогаш ќе им ги затнам устичињата на сите и гордо ке излезам like a boss! ете толку доста ми е!
Абе ќе дојдат и моите 5 мин кога ќе докажам колку вредам... Осеќам дека ќе дојдат и тогаш ќе му ги затнам тие нивни "златни" устички па ќе ме дознаат која сум во стварност уффф го чекам тој момент да дојде кога сите ќе се затнатт и ќе се зачудат ќе ме дознаат која сум леллелеле многу го чекам тој момент ама кој чекал дочекал и чекална отворил
Кога ќе дојдат моите пет минути сите ќе видат дека нон стоп им попуштам и кој е вистинскиот лажов. Ќе видат дека немало момент кога не сум била искрена.
Кога ке дојдат моите 5 минути ке се испукам и ке им кажам на сите други што ми смета и што ме повредува кај нив патем КОГА КЕ ДОЈДАТ ТИЕ 5 МИНУТИ?!?!?!?!? Во ваква ситуација сум :
Сеуште не дошле тие 5 минути. А кога ќе дојде времето... е тогаш има се да им изнакажам - се што ме повредило и понижило ма се до точка бре.Има да покажам дека не сум таа што ги трпи сите веќе.Ќе дојдат и моите 5 минути,ќе дојдат...
Кај мене многу долго време каснат тие 5 минути и со срце ги чекам кога ќе ми дојдат .. Тогаш сите ќе си го најдат своето место и ќе ме почитуваат како личност, нема да ме газат постојано. Чудна работа, скорпија сум, но постојано ќутам, никогаш не враќам ниту пак се карам Ах да ми дојдат тие 5 минути..
Ех,убавини ќе бидат моите 5 минути кои нестрпливо ги чекам. Тие што цело време ме гледаат од горе ќе ги легнам на земја и в лице ќе им се насмевнам.
Порано ги чекав чекав и никогаш не ги дочекаф. А сега не ни ги спомнувам, не ни ги чекам, тоа што имам одма ке го сплескам на лице место... зошто можи тие 5 минути нема никогаш да ги дочекам.
Моите пет минути не ги искористувам за да се докажам дека сум била во право или пак за да им кажам на сите во лице која сум и што сум.Тоа секогаш го правам,не само во моите пет минути...Кога ќе дојде моето време секогаш се обидувам да го искористам до максимум и да не зажалам дека поминало за џабе. Обично тогаш сум најрасположена бидејќи јас ја контролирам ситуацијата! Не се докажувам на луѓето кои не ми веруваат,бидејќи истите кои не ми веруваат не ме заслужуваат и за таквите нема место во мојот живот.Значи не се трошам беспотребно.А за одмазда---е тоа е веќе друго.Кога убаво ќе проценам дека има место за одмазда ќе се одмаздам дупло
Не треба да ги чекате! Направете да се ваши сега или кога и да ви се потребни. Еве моите пет минути траат 14 години (со исклучок на некои месеци).