Јас моите 5 минути, не ги гледам како тоа да е само еднаш и никада више. Тие 5 минути доаѓаат, заминуваат и повторно доаѓаат. Стрелките од часовникот нон стоп се вратат. Па така и моите 5 минути нон стоп како што реков доаѓаат,зминуваат и повторно доаѓаат.
Искрено кога ќе дојдат тие мои 5 минути,ќе направам да траат онлку колку што ми е потребно за да си ги остварам целите.
Кога ке дојдат моите 5 минути ке им се осветам на сите за се што ми направиле .. да се почуствуваат и тие како јас што се чувствував тогаш
Очекувам наскоро да дојдат моите пет минути Ќе се потрудам да ги претворам во години и повеќе..... Тие што ми се искрени пријатели ќе ја почуствуваат радоста како и секогаш, и знам дека ќе се радуваат за мене.. А оние другите, иако се малку по број, не мора ништо лично да им направам, мојот успех ќе ги уништи
Моите пет минути ќе ги дочекам со широко отворени раце и душа и ќе направам да ми се исполнат сите сни..А радоста ќе ја чувствувам јас заедно со моите родители и по некој роднина,од никој друг не ја очекувам искрена од душа.
Веќе имало моменти, односно периоди кога биле дојдени моите 5 минути, но за жал, не траеле долго. Мислам дека повеќе пати во животот доаѓаат, главно во вид на постигнати успеси и остварени зацртани цели. Моите „главни“ 5 минути се уште не дошле, но кога-тогаш мора да дојдат, нема бегање (Вака си се тешам во моментите на очај ) А стварно не сакам и не барам кој знае што, ама ај, ќе се стрпам
Еве ги се ближат...ги чувствувам. Јако ќе биде. Моите 5 минути ретко доаѓаат ама кога ќе дојдат РАСТУРАМ!
Моите тако звани 5 минути ако некад дојдат нема да ги употребам злобно само би сакал да ги споделам со некој што вистински заслужил да знае како изгледа да е човек среќен во вистинска смисла на зборот без можности за било каква .Барем 5 мин
Од моите „5 минути“ очекувам МНОГУ!!! Сето она што сум сакала да го направам или речам ќе го остварам во „моите 5 минути“!!! И да се разбереме тие „5 минути“ доаѓаат почесто отколку што се надеваме, само треба да го почувствуваме правиот момент кога се „во акција“!!!
Јас па тие 5 минути не ги гледам така ко „ќе видите сите која сум јас„ ко да треба да му се испукам на некого, или сум собирала 10 години па у тие 5 минути ќе му изнакажам некому се. Не, за тоа не ти требаат фамозните 5 минути ти треба само малку храброст. Тие 5 минути за мене значат многу голема среќа, на пример во моите 5 минути (ако ми дојдат некогаш) очекувам да добијам бинго, лото, кола на грепка, некоја друга вредна награда (читај „стан во Охрид„ од кафе да речеме ... За други работи не ми требаат 5те минути, и без нив ако сум решена има да му плеснам се во фаца или да изеде некој ќотек на пример.
Кога ќе дојдат моите 5 минути, би им докажала на сите дали ова беше лага или вистина, а исто и да си го остварам мојот сон. Докторка и пеачка две во едно не оди ама...
Кога ќе дојдат моите 5 минути, би сакала да бидам најмоќниот човек на светот. Би направила распределба на сите финансии и сите да имаат исто. Да нема гладни деца во Африка и дефинитивно да не постојат размазените деца кои купуваат јахти како од шала. Сите да имаме пристоен живот и никој да не плачи за едно парче леб. Тоа ми е една од најголемите желби, која како обичен смрттник не можам да ја реализирам
Тоа со 5те минути за мене не важи. За мене важи само тоа дека еден ден ќе ми се насмевне среќата, работите ќе тргнат во моја полза, коцките ќе се наредат и ќе биде се онака како треба да биде. Нема 5 минути. Не верувам во тие 5 минути. Верувам само во тој еден ден кога нештата ќе се сменат.