Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Вашите топ 5 омилени книги

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од Magnolija, 16 јануари 2012.

  1. Victorian

    Victorian Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2012
    Пораки:
    1.010
    Допаѓања:
    5.728
    Пол:
    Женски
    1.Ангели и Демони-Ден Браун
    2.Заедно ПС.Љубовна приказна -Џоди Пико
    3.Гневот на ангелите - Шелдон
    4.Раскажи ми ги соништата - Сидни Шелдон
    5.Злоба -Даниела Стил
     
  2. butterfly33

    butterfly33 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    1.252
    Допаѓања:
    1.100
    1. Црквичето 40 маченици во Битола- Владимир Костов
    2. Дневникот на Сузана за Николас- Џејмс Патерсон
    3. 100 празни страници- Сирил Масарото
    4. Остани крај мене- Гијом Мусо
    5. Дивов хлеб- Агата Кристи


    На прво место ми е Црквичето 40 маченици во Битола- Владимир Костов. Книга која и колку пати да ја читам, нема да ми се здосади. Книга во која е детално опишан секој дел на Битола каков бил порано. Книга во која паралелно се зборува за две приказни- една во сегашноста и една во минатото (приказната за тоа како била изградена црквата 40 маченици, или добро позната како Кркардаш. А крајот тотално ме зачуди... воопшто не мислев дека така ќе заврши. Вреди да се прочита дефинитивно!
     
  3. xoxo.Martina

    xoxo.Martina Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    333
    Допаѓања:
    198
    1. Која е таа девојка - Александра Потер
    2. Омраза длабоко - Драгица Најческа
    3. Сета љубов на светот - Марија Луис Фишер
    4. Порака во шише - Николас Спаркс
    5. Ангелот Џони - Даниела Стил
     
    На L-enna му/ѝ се допаѓа ова.
  4. O.l.i.v.a

    O.l.i.v.a Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    122
    1. Игра на ангелот - Карлос Руис Зафон
    2.Сенка на ветрот - К. Р. Зафон
    (мн е тешко рангирањево на Зафон :D )
    3.Без Збогување - Линвуд Баркли
    4.Девојката со тетоважа на змеј - Стиг Ларсон
    5.Марина - К. Р. Зафон
     
    На 1209 и Anabelle им се допаѓа ова.
  5. Ognenija

    Ognenija Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2012
    Пораки:
    384
    Допаѓања:
    586
    Оркански височини
    Папата Јована
    Невеста во Борџии
    Девојката со тетоважа на змеј
    Ангели и демони
     
    На Eli23 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. senjorita-v

    senjorita-v Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2011
    Пораки:
    1.688
    Допаѓања:
    9.990
    Пол:
    Женски
    1.Играта на ангелот-Зафон
    2.Сенката на ветрот-Зафон
    3.Марина-Зафон
    4.Сведокот на обвинението-Агата Кристи
    5.Раскажи ми ги соништата-Шелдон
     
  7. mamma-mia

    mamma-mia Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    1.034
    Допаѓања:
    2.267
    Пол:
    Женски
    Туф бре женски, сме се собрале овде љубителките на книгите на Зафон :wasntme:
    1.Марина- Карлос Руиз Зафон
    2.Јади, моли се, уживај- Елизабет Гилберт
    3.Гревот на нејзината мајка- Мир Јам
    4.Септемвриски светлини- опет Зафон :wasntme:
    5.Сведокот на обвинението- Агата Кристи

    Засега овие, можеби наскоро списокот ќе се обнови. :)
     
    На Eli23 и 1209 им се допаѓа ова.
  8. Anabelle

    Anabelle Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    283
    Допаѓања:
    458
    Баш ми е мило што има и други што го почитуваат и вреднуваат пишаниот збор на Зафон :)

    1. Сенка на ветрот - Зафон
    2. Јужно од границата, западно од сонцето - Харуки Мураками
    3. Кога Ниче плачеше - Ирвин Д. Јалом
    4. Клетници - Виктор Иго
    5. Демијан - Херман Хесе
     
  9. rozy

    rozy Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    274
    Допаѓања:
    121
    Тwilight- Breaking down - Stephenie Meyer
    Dear John- Nicholas Sparks
    A walk to remember - Nicholas Sparks
    The lucky one - Nickolas Sparks (што да кажам многу голем фан на спркс сум хихиих)
    Senka na vetrot - Carlos Ruiz Zafon
     
  10. Domino

    Domino Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2010
    Пораки:
    971
    Допаѓања:
    1.038
    1. Галебот Џонатан Ливингстон - Ричард Бах
    2. Малиот Принц - Антоан де Сент-Егзипери
    3. Клетници - Виктор Иго
    4. Бескрајна приказна - Михаил Енде
    5. Стихозбирката насловена Гавранот по истоименото дело од Едгар Алан По

    Е сега, вака гледано знам дека делува чудно. Но би појаснила зошто ми е ваква...
    Најпрво ми е ставен Галебот Џонатан Ливингстон. Книга која е волшебна. Со секое читање, секоја страница по безброј пати ќе откриете нешто ново. Нешто за животот, посебно нешто. Во тие странички кои ги има, секој нареден пат ќе најдете нова реченичка која можеби минатиот пат сте ја пропуштиле. Претпоставувам на повеќето била лектира, но навратете се на неа. Не сте свесни што сте пропуштиле да опфатите. Нешто што илјадници писатели големи и мали, класичари, романтичари и не знам какви пробувале да го доловат а ете, може да се најде во едно такво книжуле но само ако го отворите срцето кон книгава.
    Чудете ми се на мојата восхитеност но пробајте и видете дали вреди. :)

    Второ на листата е мојот, Малиот Принц. Зошто? Зошто секогаш ќе бидам дете. :lol: А книгава е многу подлабока од само едно дете, од само едно детсво. Книгава е многу подлабока од било што. Бајка за возрасни, а сепак најдобро можеби ќе ја сфати едно дете... Зошто некогаш мозокот на возрасните е премногу трул за да ги сфати и пронајде малечките нешта во убавината.

    Трето е Иго со Клетници. Едно безвременско дело, како тоа сите сме поврзани во круг. На крајот не можев да ги сопрам солзите. Постои една глетка што е поголема од морето, тоа е небото, постои една глетка што е поголема од небото, тоа е внатрешноста на душата. Ништо не е човек да умре, страшно е да не живее! Иго, :bow:

    Четвртото е Михаил Енде со Бескрајна приказна. Човекот со својата фантазија ќе ми извините ама ги тепа и Толкин и Роулинг во само едно дело. А најголем показател за интелегенцијата не е знаењето ами имагинацијата. (Алберт Ајнштајн) Прекрасно дело. :clap:

    Иии, конечно стихозбирката од Едгар Алан По. Зошто? Зошто во неговите зборови се пронаоѓам јас. Испишана меѓу редовите. Едноставно е, толку е.
    А Гавранот ни да претне, ниту пак замиг да летне
    oд бистата на Палада, туку како кобник створ
    над вратата бдее, молчи, со поспани демон-очи,
    И врз подот сенка дрочи, без да гракне ниту збор;
    и врз таа сенка – темна, душава, знам, веќе нема,
    да се крене. „Nevermore!”
    - Извадок од поемата Гавранот. :)

    Знам дека се занесов, ама не издржав. Јас можев да го спомнам и Достоевски и Маркез и Толстој и Ниче и уште многу автори кои навистина ме воодушевиле но ниедно дело нема да ме исполни како она кое ме прави дете а сепак сум возрасна или она кое ќе ме направи кревка пред самата себе како горе споменатите.

    Доста ви беше замрање од мене, толку. :D
     
    На SV1911, Annath и LivingGlam им се допаѓа ова.
  11. sleepingbeauty

    sleepingbeauty Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2011
    Пораки:
    309
    Допаѓања:
    640
    Пол:
    Женски
    1. Сите делови на Хари Потер.. засекогаш ќе бидат сведоци на моето растење :)
    2. Прошетка за паметење
    3. Никаде без ќерка ми
    4. Ангели и демони
    5. Алхрмичарот
    Има и многуу други кои ми оставиле впечаток но само овие ми влијаеа ептен онака :)
     
  12. barby

    barby Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2010
    Пораки:
    830
    Допаѓања:
    8.450
    1. Одлука - Николас Спаркс
    2. Порака во шише - Николас Спаркс
    3.Алхемичарот - Пауло Коељо
    4. Кој ќе го фати бранот- Агата Кристи
    5. Гревот на нејзината мајка- Мирјам
     
  13. simona-i

    simona-i Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    348
    Допаѓања:
    30
    1. Убиството во месопотамија - Агата Кристи
    2. Полноќна палата - К.Р. Зафон
    3. Принцот на маглата - К.Р.Зафон
    4. Убиството во синиот воз - Агата Кристи
    5. Сенка на ветрот - К.Р. Зафон :D
     
  14. fallenangel

    fallenangel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    2.150
    Допаѓања:
    16.150
    Моите топ 5 омилени книги се :
    1.Раскажи ми ги соништата -Сидни Шелдон
    2.Паднати Ангели -Нора Робертс
    3.Чокохоличарка на диета -Керол Метјуз
    4.Крик во ноќта -Мери Хигинс Кларк
    5.Бакни ме додека спијам -Линда Хаурд
     
  15. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.065
    Допаѓања:
    66.828
    Пол:
    Женски
    Тешка задача е ова, веројатно и затоа немам пишано во темава. :lol:
    Ајде, ќе се обидам да издвојам пет книги.

    1. Папата Јована - Дона Вулфолк Крос
    Оваа книга уште откако ја прочитав ми остави голем впечаток, ја памтам ко вчера да сум ја читала.
    Јована, нејзините подеми и падови, нејзината желба и мотивираност. На крајот сум плачела мислиш јас лично ќе умрам.

    2. Гангстер - Лоренцо Каркатера
    И оваа книга одамна ја имам читано, не знам колку ви е позната, ама ликовите се уште се со мене.
    Едно време детето сакав да си го крстам Анџело, како главниот лик од книгава, Анџело Вестиери.
    Дете, кое од најсиромашни услови успева да се воздигне до бос. Страшно добра книга, со ликови толку добро изградени што може да се проникне во нивната психа, што еден момент ги мразите, а другиот се молите да не бидат убиени, бидејќи во светот на мафијата се е возможно. Едно цело животно патешествие кое никогаш нема да го заборавите.

    3. Затоа што те љубам - Гијом Мисо
    Неодамна ја прочитав книгава, ама некако ми влезе во срце. Уште ми се моткаат ликовите во глава, некои цитати, мисли, судбини... Кога ќе слушнам како на некој не му се допаднала книгава, исто ми е ко да ми рекол ти не ми се допаѓаш. Додуша, не е таков случајот само за оваа книга, па често се расправам за ова. :lol:

    4. Одвеано од виорот - Маргарет Мичел
    Книгава можеби и требаше да оди на прво место, најверојатно е така. :) Најомилениот класик на сите времиња ми е ова, Скарлет О'Хара еден безвременски лик, заедно со љубовта меѓу неа и Рет...
    Не знам дали има нешто повеќе да се каже за книгата. :)

    5. Трилогија Милениум - Стиг Ларсон
    Се мислев мнооогу за последново место, ама кога ќе ми текне која мака ја видов додека се добрав до сите делови јасно е. :)
    Лизбет како лик ми се свиѓаше премногу, иако не е можно човек да се идентификува со неа, со се она што го поминала, а особено поради нејзиниот интелект. Како и да е, уште еден незаборавен лик, што трилогијата ја прави неповторлива.

    Се мислев и за Невеста во Борџии, за Оркански височини, многу, многу други, ама ете ја мојата листа. :)
     
    На Eli23, QueenElena, 1209 и 2 други им се допаѓа ова.
  16. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.412
    Допаѓања:
    42.196
    Пол:
    Женски
    1.Играта на ангелот и Сенка на ветрот-Карлоз Руиз Зафон(мене овие ми се ко една, а и неможам да се одлучам која ми е подобра)
    Мислам дека во доста теми до сега се изјаснив зошто ми се омилени, така да нема потреба да доловувам и овде.

    2.Белата Кралица-Филипа Грегори
    Затоа што ја обожавам ангилската историја, а во книгава е толку убаво објаснета.Одлична приказна, предобри ликови.Убавини од книга.

    3.Времето на лалињата-Дебора Могах
    Поради уметноста и налудничавоста кога е љубовта во прашање, а книгата изобилува и со двете.

    4.Раскажи ми ги соништата-Сидни Шелдон
    Ги имам прочитано сите негови книги, ама оваа дефинитивно е најдобрата според мене, мајсторски осмислена приказна, која те тера да не ја оставиш додека не ја дочиташ и последната страница.

    5.Москва на солзите не им верува-Валентн Черних
    Поради тоа што Русија не е опишана само како студена земја поради вистинскиот студ, туку поради бруталноста на животот во Москва.Во неа се зборува за тоа како буквално со солзи и кинкање нема да постигнеш ништо во Москва.Храбри девојки кои се борат со своите емоции, љубови, болки...само за да станат некој во овој град, бидејки само така ќе успеат да градат семејство и топол дом.Предобра, генијална книга.
     
  17. Cathe.rine

    Cathe.rine Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    4
    Тешко е да се одберат само 5 книги... Но бидејќи морам, тоа ќе бидат следниве:

    1. Сите делови на Хари Потер... нешто предобро, дефинитивно број 1;
    2.Убиството во Ориент Експрес- првата прочитана книга од Агата Кристи и од тогаш i'm in love with her books;
    3.Единаесет минути-Паоло Коелјо, ме остави без здив!
    4.Злосторство и Казна-Достоевски, книга која што ме натера многу да размислувам за животот, дали навистина парите се толку вредни за да се одземе човечки живот?
    5.Дигиталната тврдина-Ден Браун.
     
  18. iloveyou29

    iloveyou29 Queen of beauty

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    5.856
    Допаѓања:
    32.447
    Пол:
    Женски
    1. 100 празни страници

    2. Последниот ангел

    3. Петата спогодба

    4. Бојата на златото

    5. Мажи, пари и чоколада
     
  19. Dreamer

    Dreamer Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 март 2010
    Пораки:
    208
    Допаѓања:
    97
    1.Ловец на змејови - Халед Хосеини
    2.Розата на Севастопол - Катерина Мекмехон
    3.Волшебникот - Џон Фаулс
    4.Идиот - Фјодор М. Достоевски
    5.100 години самотија - Габриел Гарсија Маркез
     
  20. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    1. Крвна врска - Сидни Шелдон
    2. Жена во црвено - Ејлин Гоуџ
    3. Пет дена во Париз - Даниела Стил
    4. Убиство во Месопотамија - Агата Кристи
    5. Дневникот на Сузан за Николас - Џејмс Патерсон

    Од чик лит. нека бидат:
    1. Тројца во кревет - Кармен Рид
    2. Мали слатки откази - Сали Кослоу