1.Временска Порта-Улис Мур Spoiler Книгата едноставно е нешто што го барам неколку години. Мистерија , помешана со чуства на децата и можеби малку фантазија. 2.Сама-Горјан Петревски Spoiler Ме опишува мене.Добро не баш, ама во некои случки се пронаоѓам. Ми се допаѓа бидејќи има крај кој е многу различен од другите крајовите на другите книги од Горјан. 3.Книга за секое девојче-Виолета Бабиќ Spoiler КНигата е како прирачник и во него има се што се случува во пубертет. 4.Надарени-Мерилин Кеј Spoiler Од 1 до 6 дел ги имам прочитано и навистина се интересни. 5.Најубавите митови-Густав Шваб Spoiler Митови од Римската и Грчката Митологија.
По некој непишан ред, првите пет што ми паднаа на памет 1. Десет мали црнци - Агата Кристи (како правник и љубител на криминалистички романи и мистерии книгава ја обожавам! За разлика од останатите дела каде што главниот злосторник е во потрага по т.н. совршен злочин (убиство), тука, на така генијален начин е претставена потрагата по вистинската правда. До кои граници може да оди човековиот ум и да смисли таков план во кој ја спроведе вистинската правда, врз злосторниците кои избегале од канџите на правосудниот систем. Дали човек може да ја има улогата на Господ и конечно да пресуди за делата на останатите според своите гледишта?) 2. Градинарот - Рабиндранат Тагоре (една од најубавите збирки поезија. Ја прочитав многу одамна и толку ми остана во памет што едвај чекав да ми падне повторно во рака. Знам од време на време само да си ја земам од (скромниот) рафт со книги и да си читнам по некој стих) 3. Клетници - Виктор Иго (незнам дали е потребен некаков коментар. Едно од најдобрите литературни дела што сум ги прочитала, се чита во еден здив) 4. Дон Кихот - Мигуел де Сервантес (многу негативни критики слушнав за книгава и дури лани едвај се решив да ја прочитам чисто од љубопитност. Мене книгава ми беше прекрасна. Веднаш се исповестив себеси со ликот на Дон Кихот, можеби затоа што и јас знам така да замечтаам и да пропатувам во некој туѓ, далечен и замислен свет) 5. Пеколот - Данте Алигиери (едвај чекам да ги прочитам другите два дела)
Бидејќи сакам чик-лит сите омилени книѓи ми се такви: 1.Серијата Го сакам (Њујорк,Холивуд,Париз)-Линдзи Келк 2.Момчето во пижами на риги-Џон Бојн(оваа книга не спаѓа во чик-лит) 3.Која е таа девојка?-Александра Потер 4.Внимавај што посакуваш-Александра Потер 5.Фактор Бивши
Ако го дочекам утрото - Сидни Шелдон Рингишпил - Јелена Бачиќ Алимпиќ Никаде без ќерка ми - Бети Махмуди Чекори за сеќавање - Николас Спаркс Ранетиот орел - Мир Јам Овие се сега за сега
Sweetyy ако може да ми кажеш од кого е Состаноци, дружења,вселенски бакнежи и за што се работи во книгата.
1. Ана Каренина - Лев Николаевич Толстој 2.Молчи, молчи Бека Фицпатрик 3.Мемоарите на една гејша-Артур Голден 4.Ранетиот орел - Мир Јам 5.Пет дена во Париз - Даниела Стил
Во ниеден случај не би можела да направам релевантно и соодветно рангирање на книгите кои ги имам прочитано. Прво, заради тоа што со сигурност не би можела да се сетам на секој и еден наслов во било кој момент и друго, бидејќи секоја книга си има своја засебна убавина. Земајќи ги обзир претходно наведените фактори, оваа прилика ќе ја искористам да наведам неколку наслови кои ми имаат оставено значително позитивен впечаток. - Стакленото ѕвоно - Силвија Плат - Заговорот Моцарт - Скот Маријани - Пајаковата мрежа - Агата Кристи - Големата вода - Живко Чинго - Загубената ќерка - Дајен Чемберлен ... Странецот - Албер Ками, Единаесет минути - Пауло Коелјо, Жената на патникот низ времето - Одри Нифенегер, Рингишпил - Јелена Бачиќ Алимпиќ, Пиреј - Петре М. Андреевски, Девојката на командантот - Пам Џеноф, Трчај дома - Лори Лансенс итн.
1. Осаменоста на простите броеви. 2. За љубовта и други демони. 3. Марина. 4. Вероника реши да умре. 5. Најубавата жена во градот. Сите се различни, знам. Имам чуден вкус за книги
1.Затоа што те љубам - Гијом Мисо 2.Обиство во Ориент - Експрес - Агата Кристи 3.Што би правел јас без тебе? - Гијом Мисо 4.Јади, моли се, уживај - Елизабет Гилберт 5.Принцот на маглата - Карл Луис Зефон
"Победникот е сам" - Пауло Коелјо "Внимавај што посакуваш" - Александра Потер "Моќта на потсвеста" - Џозеф Марфи "Сеќавање на моите тажни курви" - Габриел Гарсија Маркез "Неподносливата леснотија на постоењето" - Милан Кундера
1. Халед Хосеини - Илјада неверојатни сонца 2. Марина Немат - Заробени сништа 3. Виктор Иго - Клетници 4. Ден Браун - Загубениот симбол 5. Том Мартин - Пирамида
Се надевам може да се стават и збирки раскази или поезија? 1. „ Херои и гробови“ - Ернесто Сабато 2. „ Мајсторот и Маргарита“ - Михаил Булгаков 3. „ Девојката што паѓа“ (збирка раскази) - Дино Буцати 4. „ Разговор со Спиноза“ - Гоце Смилевски 5. „ Кога Ниче плачеше“ - Ирвин Д. Јалом *Како бонус книги, би ги издвоила „ Пијаниот брод“ - Артур Рембо;„ Дениција“ - П.М. Андреевски; поезијата на Блејк; и расказите на секогаш маестралниот, Борхес.
1. Раскажи ми ги соништата - Сидни Шелдон 2. Која е таа девојка? - Александра Потер 3. Без збогување - Линвуд Баркли 4. Папата Јована - Дона Вулфолк Крос 5. Ангелот Џони - Даниела Стил Обожавам книги, и имам многу прочитано, овие 5 ги одвоив ете затоа што први ми текнаа, но на списокот на омилени се наоѓаат и книгите на Гијом Мисо, Ден Браун, Горјан Петревски, Даниела Стил, Сидни Шелдон и др. (Од сите жанрови си имам по нешто )
1.Грофот од Монте Кристо 2.Загубениот симбол 3.Кодот на Давинчи 4.Клетници 5.Москва на солзите не им верува
„Збогум мои 15 години“ - нз како се викаше писателката „Понори во срцето“ - Методи Манев „Пролет зад мојот прозорец“ - Томе Арсовски „Птиците одлетаа“ и „Туника“ - Видое Подгорец. Едниот дел беше прв, другиот втор, но не ми текнува, како мн мала ги прочитав. Овие две и „Споменка“ совршено ја опишуваат детската, првата љубов. „Марта“ - (сите знаеме од кого е ). Секој слично би постапил на нејзино место.
1.Нечиста крв 2.Нека победи подобриот 3.Ти не знаеш да сакаш 4.Алхемичарот 5.Ако го дочекам утрото и сите трилери од Сидни Шелдон и Ден Браун