1.Пица 2.Скара со многу помфрит 3.Селско 4.Сладолед и сите видови благо..ммм неможам ни еден ден без благо 5.Сарма (посна)
Денес нешто посебно сум гладна, цел ден јадења ми се вртат низ глава 1. Тестенини- макарони, шпагети... (со наааајразлични сосови) И пицата ја додавам тука Иако не е баш тестенина И си правам раазни видови, се и сешто ставам врз тестото 2. Рижото на 1001 начин 3. Секакви салати (свежи и кремасти) Тука морам да го додадам и динстаниот зеленчук на пареа. 4. Пилешки стек 5. Благи палачинки
1. Пржени компирчиња 2. Шопска салата 3. Сос од печурки 4. Тост 5. Ајвар Ги јадам само овие 5 јадења и грицки за дебелеење ... Инаку вегетеријанец сум, месо никако
1.Пилешки прсти 2.Тестенини ( со сосови) 3.Пире(домашно она во прав ми е ) и селско месо 4.пица 5.Сладолед(само да не е овошен )
пица панцерота тост мусака каша П.С пицата, панцеротата и тостот ми се најомилени и навистина ги сметам за вистински ручек
1.Пица и тестенини 2.Сарма исклучиво со ориз-посна 3.Салати без месо , и овошни салати 4.Пржен или печен стек со компирчиња може 5.Секаков вид на сладолед.
1. Тестенини со претерано многу доматен сос 2. Пире од компири 3. Спанаќ со кисело млеко 4. Пиперки полнети со мелено месо 5. Пирошки
1. Макарони (шпагети, јуфки) со домашен кечап и парче квалитетно сирење. 2. Пекарски или рестован компир со пилешки стек. 3. Мајонез-салата. 4. Тост направен дома, од обичен леб, полнет со тоа што се нашло дома. 5. Сарма од лозов лист со кисело млеко.
Пица со мнооогу домашен кечап. Пирошки(од тие на мама ). Шпагети со болонез сос. Кифлички со руска салата. Поховано сирење.
Само 5? Па јас сум голем гурман, 5 е малку! 1. италијанска кујна - тестенини со секаков сос, лазањи и пица. Во последно време ги обожавам белите сосови со печурки и со некое смрдливо мувлесто сирење 2. балканска кујна - бурек, симит погача, пити, ајвар, турлитава, сармички со лозов лист, скара со помфрит - увијачи, шарска и ќебапчиња, тавче гравче, сирење на скара, полнети пиперки со урда... 3. салати - посебно ми е омилена македонската салата 4. топло ладно, еклери, индијанки, тулумби 5. гиро или ќебаб, сеедно ми е - и турската кујна ја обожавам исто *** 6. суши и азиска храна општо 7. полнетата кокошка на мама со кисела салата од компир и со ориз 8. морска храна, риби на скара, лигњи на жар со сос од лук и магдонос, ракчиња, октопод... Ај сега бегам да јадам нешто, затоа што ја излигавив масата пишувајќи го ова!