1. сирење/кашкавал 2.мусака 3.лазања 4.торта/чоколади 5.макарони/шпагети мјам мјам сега ми се пријаде од се....
ммм јадењеее , обожавам и можам да кажам дека немам само 5 омилени туку могу повеќе 1. италијанска храна - пици ,лазањи, шпагети со сос и тортелини 2. сакам се од скара , кебапчиња , ребра , увијачи, ражничи , шарска мммм 3. Поховано - кашкавал ,сирење, пилешки прсти со сусам, зденка, тиквички , и се тоа да го мацкам во сос 4. САЛАТИ - руска салата ,француска, италијанска , салатите со туна *има многу* 5. Се што е со ЧОКОЛАДА -Чоколадни торти , чоколадни колачи - топло ладно ми е омилено но, обожавам и онака да си јадам чоколадо најчесто со топен лешник или АЛПИКО со цели лешници или Милка Морам да напоменам дека ЈОГУРТОТ ми е неизоставен пијалок со секое солено јадење , го ОБОЖАВАМ
Големо гурманче сум 1.Пита пастрмајлија- викендов е пастрмајлијада во Велес мх мх мх што јадење ќе падне 2.Пица 3.Скара, ребра, ражничи, увијачи.... луда по секаков вид на свинско 4.Компирчиња (пржени, печени) исто ми одат со некое месо 5.Ориз со пилечки копанчиња или прсти мммм
1.чизбургер 2.пица 3.помфрит 4.лазањи 5.селско месо(месо со печурки и малце кромидче) ммммммммм ај ако спремате нешто од ова вечерва викајте обавезно
1. Октопод на скара и чаден 2. Зелени маслинки во вода со лимон (ги има само во Турција) 3. Суши Кappa Мaki 4. Брокули со кисало млеко и лук 5. Шкембе чорба
1.Сирење или кашкавал неможам да живеам без него 2.Млеко благо со милко од краш 3.Помфрит 4.тост ама сама да си го направам 5. Кифличките од баба ми најубави се
1.Салати (свежи,кремасти,со макарони,со компири....секакви) 2.Пилешко месо (спремано на било каков начин) 3.Македонската кујна (не можам да оделам,тука спаѓаат мусака,полнети пиперки,сарма,ајвар,тавче гравче....) 4.Тестенини со некој добар сос 5.Риба Сакам да јадам и сакам да готвам, многу ми е битно освен да биде убаво спремено обавезно да биде фино сервирано,па макар и ајвар и леб да јадам со сирење сакам да ми биде убаво наместено во чинија,оти прво треба да го нахраниш окото па после мешето
пилешки стек во сос од кисело млеко лесковачки сендвич со полнето пилешко и сосови риба со компир салата салата од макарони, туна, мајонез, краставички.... палачинки со крем, банана и ореви....како за крај, за десерт
пица и патрамалија, пилешки стек и сите видови скара со компирчиња, хамбургер, селско месо, и нормално без благичко после сето ова не ја бива работата