1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Вашите цели и стремежи

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Golden, 4 јануари 2014.

  1. Golden

    Golden Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2013
    Пораки:
    1.077
    Допаѓања:
    1.407
    Пол:
    Женски
    Во оваа тема ќе можеме да ги кажеме нашите цели и кон што се стремиме и очекуваме. :)
    Ако има ваква тема или ја сметате за непотребна слободно клуч ;)

    Моите цели се да си поправам оценките,да имам тело какво што посакувам и да го положам меѓународниот испит по германски во март.Ќе може и да направиме:
    пр.Tело од соништата-направено! :$

    Темава ја создадов за да сите се фокусираме на нашите цели и соништа да се остварат.Како што реков ако веќе има ваква тема или ја сметате за глупа и непотребна слободно клуч :D
     
  2. MorbGoth.666

    MorbGoth.666 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 септември 2013
    Пораки:
    531
    Допаѓања:
    150
    Ајде да искоментирам прва, годинава целта ми е да ослабам, да бидам повеќе активна, да научам нешто ново..тоа е за сега
     
  3. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.581
    Допаѓања:
    40.010
    Пол:
    Женски
    Да ги средам испитите, да почнам да посетувам некој курс, сакам да научам нешто ново.
     
  4. sugarlips

    sugarlips Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2014
    Пораки:
    672
    Допаѓања:
    761
    Пол:
    Женски
    Да завршам факултет ,и да се преселам било каде,само да не сум овде :D Сакам да живеам некаде сама.
     
  5. angelche16

    angelche16 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2014
    Пораки:
    2.385
    Допаѓања:
    9.315
    Пол:
    Женски
    Хаха целта ми е малку да ослабам.
     
  6. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.585
    Допаѓања:
    79.084
    Пол:
    Женски
    Да учам повеќе и да не заостанам со толку многу испити како годинава, да го завршам факултетот навреме, да се хранам поздраво, да создадам среќно семејство, да патувам, да направам многу тетоважи итн.
     
  7. Mr. Right

    Mr. Right Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 септември 2015
    Пораки:
    2.510
    Допаѓања:
    71.269
    Пол:
    Машки
    Најосновното ми е да се вработам за да соберам пари за моето школување, потоа да го завршам факултетот кој го сакам и да се вработам според струката. После тоа би сакал да соберам пари за да си се наградам со едно далечно патување за целиот труд и жртвувања што сум ги вложил. Би сакам дасе тетовирам, ама никако да се одлучам, ама познавајќи се и тоа ќе го направам:D.
    После горенаведеново сакам да се оженам и создадам семејство. Би сакал да имам три деца, не е важно дали машки или женски, важно да бидат здрави и живи.
    Сега за сега толку:)
     
  8. Queen8

    Queen8 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2018
    Пораки:
    4.279
    Допаѓања:
    20.712
    Пол:
    Женски
    Здравје, среќа и успех за целото семејство и најблиските. Да бидам успешна и на приватен, и на деловен план.
     
    На Lovelybaby<3, Недопирлива5 и Aleksandra9999 им се допаѓа ова.