Фала на убавите зборови, цртањето е единстевното нешто што ме релаксира, инаку сето то е само пракса и вежбање со малку инспирација и голема желба за цртање И уште некој понов
На сликиве не испаѓа убаво цртежов, во „живо“ е поубав. Не дека се вадам ама така е. Инаку во ќошето пишува „Moonstone.17“.
Едно од омилените нешта ми е цртањето,тоа ме инспирира , ме опушта и смирува често цртам иако не сум баш некој добар сликар.Најчесто цртам портрети,некогаш мртва природа ,но сега еден период цртам и дизајни на некои чантички,блузи,накит фустани. Бравос за сите феминки преубаво цртате
Ова не се цртежи, но се моите нови дела.Масло на платно е...сеуште сум во фаза на откривање што ми лежи на рака, поточно кој правец најмногу ми одговара за сликање од срце, последниве ептен ми се олеснувачки, некако се осеќам толку живо додека ги сликам.Ќе ги споделам со цел да ми дадете некоја критика, а исто така се трудам да ги продадам зошо ми требаат пари за нови материјали, па ако случајно некој има заинтересиран нека ми пише лп, ќе добие повеќе инфо за сликата и ќе се договориме. Квалитетот на сликите може не е многу добар, ама сликани се со мобилен.Боите во живо се многу посјајни и поживи.Квадратчето долу десно ми го сокрива потписот.
Јас се извинувам за постот едно под друго, ама вчера завршив уште една слика па сакам и таа да ја споделам