Кај ја откопав сликава низ компјутер, цртано уште кога бев средно, па демек поминував низ депресивни периоди па со цртање се чувствував подобро и слични сценарија. Жити све бе Не се сликани сите дека цел ѕид ми беше со цртежи, ама само оваа слика ја најдов..
Пред некој ден најдов слики од цртежи во компјутеров и сега не ми текнува кај ги преместив. Инаку ова го имам ставено на ѕид, и го имам цртано во петто одделение, и тоа по прв пат работевме со лавиран туш. Многу го сакам цртежов, и кога наставникот ми го бараше, јас не му го дадов.
Ова ми е омилен портрет што го имам нацртано...имам и други, но овој ми е посебно драг затоа што ми беше меѓу првите кои ги нацртав а кои всушност личеа на сопственикот на лицето. Сега цртам поточно сликам претежно портрети и актови ама поради обврски, го занемарувам ова хоби. Но брат ми е активен и морам да кажам дека е инзвонреден со оглед на тоа дека си го откри талентот пред некој месец и од тогаш не престана да црта, ама многу подобар е од мене во портретите иако јас сум подобра во сликањето.Ако ми дозволи ќе ставам неколку и од него.
Имам нешто..колку да се каже...уште го надополнувам..повеќе знам да сликам отколу тоа портети...не ми се силна страна
Цртам од мали нозе...Имам некој талент, не е Бог знае што но и не сум толку лоша...Талентот ми е наследен од мајка ми но неа и симнувам капа, жената црта прекрасно... единствен цртеж (земете во предвид дека за нецели 5 мин го нацртав) што го најдов во пц е овај, иначе автопортрет (со малку измени)... се надевам дека ќе ми ги пратат сликите од поомилените цртежи па ќе ги постирам тука
Денес си црткав на час и еве што излезе Од безвезно шкртање излезе доволно убав цртеж. Немам ниту еден цртеж дома сите убави ми ги земаа преофесорите по ликовно Следен пат пред да дадам цртеж ке го сликам
Еве уште дел од моите цртежи,жал ми е што немав време овие години пак да си цртам,ама можи ќе имам некогаш,па пак нешто да нацртам...
еве и од мене,за цртање сум крш,особено луѓе,ќе видите и по девојката ептен ја ставив дека фустанчето ми е убавко,иначе ужасна ми за боење сум подобра,и обожавам да бојам! (Без цртање) баш како овие цртежи: малце изгледаат налудничаво,просто,и детско али интересни ми се мене х) Имам и "посериозни",како да кажам
Благодарам многу. Дизајни се бројат ли? (Во ова сум убедливо очаен. Немам вештини,ама луѓето викат сум имал интересни идеи. )
Јас имам неколку креации, ама поради проблемот што незнам да цртам глави,нозе и раце гледате какви се
^ Треба да поработите на цртање на самото тело, па после дизјаните. Главата ако е 1 цм, од вратот па надоле има уште 6,5. (Ако сфаќате што мислам) Или застани пример обично, и види до кај ти доаѓа раката, т.е. крајот на прстите, каде доаѓа лактот, уште колку има до колениците. И обично ако веќе цртате стапалата големината (бројот, незнам како да објаснам) треба да е еднаков со главата од прилика. И знаете нели, малце половинче потесно, бутче, ногата..
Хух, ни јас не сум, само ви кажав тоа што мене ми го збори наставникот цело време, зашто стварно помага, не ме сфаќајте погрешно.. И верувај и јас самата си гледам по себе, многу се поубави цртежите (дизајнот) кога е нацртано правилно телото.. Пробајте I would love to see more.