Ау, супер! И јас работам со Photoshop, а табла уште не сум си купила. Ако сакаш во пораки да ми оставиш каква табла користиш и дали си задоволна од неа?
@SwanMay ако може и мене да ми кажеш за таблетот за цртање ми се гледа како добар подарок за една драга личност. Ако не е многу скап би можела да го почастам. А твое ателје имаш?...Односно што после со сликите? Ги принташ? Правиш по нарачка?
@tace73 и @kolovoz ќе ви пратам ЛП за таблетот, да не рекламираме тука. Задоволна сум и е далеку полесно од цртање со маус. @kolovoz дел од цртежите ги објавувам на галерија и се наменети за продажба или се веќе направени по нарачка, за автори на книги, спортисти, блогери, игри, итн.
Техника: сликање со мек пастел. Пастелите се одлични, на Кох и Нор се и презадоволна сум. Утнати се нозете, односно ги нацртав преголеми, затоа што не направив скица, туку веднаш почнав со сликање.
Не знам да цртам луѓе, па претежно животни цртам. оваа вторава на брат ми му ја цртав за по ликовно Најчесто ми се во cartoon style. И да, најчесто се лавови. И други животни преферирам да цртам ама не можам моментално да ги пронајдам тие цртежи. Овие ми се со молив, а имам профил на deviant art каде сликите ги обработувам дигитално.
цртам скришно кога моите не се дома зашто се против тоа јас да студирам уметност и бла бла бла со парите фрката дека се немало живеачка. инаку моторот на ѕидот трепаше да искочи како на листот што е нацртан ама тогашниот ми дечко беше т.е сеуште е нестрплив и едвај чекаше да го нацртам и да се фали и не ми дозволи многу време да посветам на деталите инаку за 2 дена го нацртав и обоив не е којзнае колку тежок за цртање како што си замислував. ете тоа се моите креации има уште но насекаде се расфрлани лифчињата и не успеав многу да најдам. така ми е кога сум расеана . се надевам ви се допаѓаат.
Мене ова ме мотивира повеќе да цртам. И мене многу луѓе ми имаат кажувано дека нема иднина од уметноста, но со самодоверба, план и добра подготвеност, се успева.
Искрено, ме израдува ко' мало дете. Ретко цртам и не ги покажувам на други, одамна немам слушнато некој коментар. Извинете за оф-топик, мораше
Подолжи да црташ, покажувај ги цртежите, ќе имаш можност да напредуваш уште повеќе со критиките од страна.