немам постирано овде еден месец на другата страна од хартијата ми остана жолта боја од тие цвеќината погоре и нејќев да го скинам цел лист лицето не е во пропорција овде цело го утнав, ама излезе како така де е намерно цртано
@baby-star trololo jas pravam montazi ali nemozam da objavam neso so prethodno go imam napraeno deka site montazi se od luge so gi znam ovaa montaza e napraena mn brzo kolku za trolanje (nekoj raboti ne se ni pravilno iseceni ili zamateni)
Хaхa aбе мнoгу си смешнa, a трoл уште пoмaлку сум. Инaку фoтoгрaфијaтa ми е пo грешкa вo oвaa темa, требaше вo лични фoтoгрaфии. Инaку ептен ти е пaтетичен кoментaрoт, судејќи пo глупoстите кoи си ги вметнaлa. Ајт пoздрaв.
lol se napna jas sum trol ne si ti nejkev da ti gi povredam custvata za sopstvena zabava ja napraiv montazata
prekrasni se ke moze da mi kazes dali si uspev Prekrasni se. Ke mozes da mi kazes dali dovolno zarabotuvash od niv? Za da mozam da gi zatnam sudenjata na moite za umetnosta. Blagodaram odnapred
Еден мал совет: Кога црташ портрет во анфас или четврт анфас, носевите сенчај ги. Фактички повеќето делови од лицето треба да бидат исенчани, не контурирани. Контура е доволна за трепките на очите, носот и устат многу поприродно би изгледале само со сенчање. Со контура изгледаат дводимензионално и остро, со сенчање и градација ќе се истакнат потребните делови. Инаку, колку што знам најмногу се заработува преку веб страни. Јас планирам да земам таблет за цртање на крај на школска година, а и професионален апарат. Има многу заинтересирани за било каков вид на слики. На шатерсток можеш бесплатно да објавуваш фотографии и луѓето можат да купуваат неограничен број на еден примерок. За продавање цртежи, знам дека продавањето на дигиталните цртежи е слично на продавање фотографии на шатерсток, ако сум грешка, поправете ме.
Уххх, во темава има доста добри дела, морам да признаам. Доста страни за да коментирам и да критикувам за секого посебно, па затоа ќе ги издвојам само оние кои ми оставиле најголем впечаток: @SwanMay - Твојава уметност е супериорна од работиве што си ги ставила во темава, од аспект што веќе нацртаниот цртеж го работиш во Фотошоп, така што му доаѓа нешто како талент + вештина (на ниво). Одлично, пред некое време ти ги ѕирнав и работите на deviantart, ама фаворит ми е дамата со превез на очи. @imaginaerum и @TheScarletDandelion - Реалистичност, нешто невидено. Не знам дали само во овие техники цртате. Дајте да видиме уште. @Tan4ence - @RockNroLLGirL и @One.Moment - на добар пат сте, продолжете со усовршување и на коњ сте. За да не биде сувопарно, ќе ставам и јас нешто за почеток, како вовед. Ќ е биде во црно-бело, техники: молив и јагленче, цртани многу одамна, почнувајќи од 2003-2004. Сега кога гледам, си наоѓам маани, ама се сепак доволно добри за да ги ставам.
Многу ти благодарам, Lady Phoenix. Комплименти и за твоите дела, прекрасни се. Продолжи да твориш и да споделуваш со нас.
^ Благодарам, ова не е ништо посебно. Сум ги цртала на 15-16 години. Самоука сум, така што секогаш ќе има недостатоци во моите дела. Имам доста работи, особено од последнава година, ама ќе одам хронолошки. Прво постари ќе ставам, па после поновите. Некои од нив што делуваат школски или детски се цртани за брат ми по ликовно (помал е од мене, па сум морала да се спуштам на пониско ниво за да нема критики од наставничката; такви се вазнава со цвеќе и скулптурата), Јуџио или како и да се викаше беше специјално за него, П.С. Некои членки ги пофалив и во друга тема, гледам овде ја испуштив @1209, не знам дали ја спомнав во другата ваква тема. Еве уште нешто.
Ајде и денес дa ставам нешто старо. Ајнштајн ми е посебно драг и мислам дека е една од подобрите работи што сум ги направила (прецртала со некои измени) со пастелни бои. Го правев за проект на факултет во втора година. Сонцето веќе ми избледело малку (исто е со пастелни на пак-папир), како и колибрито, сличната варијанта на сонце со месечина правев по ликовно за брат ми и петтата слика е прецртана од корица на книга со бајки (користев водени бои). Јас се извинувам што не е редоследно.
После убавинава над мене, нема баш некоја поента да ставам слика, ама ќе ставам нешто уметничко, а сепак малку поинакво, што го изработив пред некој месец.
Еве две репродукции и една слика која можам да ја наречам авторска бидејќи ја „склепав“ од неколку различни слики. Во контекст на минатонеделната тема што ја имавме во Критики на фотографии.
@Lady Phoenix колку што гледам, ти си мултиталент ! Ми се допаѓа што од ништо создаваш нешто, а тоа нешто се одлични уметнички креации. ✌✔
Благодарам @Abrakadabra, ама барем за нешто корисно да бев талент... Ова само хобија ми се и поради тие мои ситни задоволства, само во трошоци си се ставам, никаква корист од нив.
Јас се извинувам на офтопик,ама девојки јас морам да ве пофалам.Едно големо БРАВО за вас ,деновиве само ја манијачам темава и се џарам во сликиве. Многу сте талентирани за ова,навистина ме воодушевија цртеживе. Јас само еднаш во темава ми се чини имам објавено нешто,но малце заостанав со цртањето,сега имам повеќе време и во скоро очекувајте некој цртеж и од мене.