@popovich - интересна техника. Одлични ти се цртеживе! @Abrakadabra, би сакала да се претвори во freelance бизнис, ама мене за терање бизнис не ме бива . Ќе треба прво некој менаџер да си најдам. Како и да е, веќе неколку души ми прашаа дали би направила некоја слика по порачка, на пример, на свадба ако одат, како поклон да ја носат. А еве нешто во согласнот со минатонеделната фотографска тема: пејзаж Репродукција е, со некои мои елементи, или да речам на мој начин. Има уште две слики од серијава, ама тие друг пат ќе ги ставам.
Сум за'рѓала малце. Летово ќе имам слободно време,ќе цртам,мора да се вратам во форма. Штета што не се гледа убаво сенчењето и тие работи,со телефон сликав.
Eве уште некоја репродукција од мене. Додуша, гледав на youtube некои трикови за цртање на брези, не е филозофија, па кога ќе имам инспирација и авторска слика со оваа тематика ќе си направам.
Еве уште една репродукција од мене. Можеби боите не се баш тие, светлото беше лошо и боиве рефлектираат плус.
Еве и еден цртеж од мене за прв пат овде. Ова го цртав денес, и секоја критика е добредојдена. Првата слика е од цртежот без блиц каде што е сликано, а втората е со блиц. П.С. Деловите каде што е започнато со сенчање, сеуште не сум ги завршила целосно.
Првиов цртеж и го поклонив на една многу драга пријателка за нејзинио роденден, бидејќи ги слуша 5ѕоѕ, остана стварно без зборов.
Молив немам фатено едно ... два-три месеци. Не сум најзадоволна од цртежов ама по толку време е ... океј. Мора да почнам по малце да цртам, ми се чини раката заборај моливот да држи.