неколку цртежи од портфолио 2014-15 овие се од почетокот на годината само од 2-3 сум задоволна за ова во круг требаше нешто да нацртаме со различни шеми за ова капки вода ... барем пробав на капки да изгледаат требаше да гледаме истуткана хартија и да ја копираме , не е довршено оти далеку беше хартијата ништо не се гледаше од кај што седам за овај цртеж имавме само 2 дена и првиот ден пола го завршив вториот ден кога се вративме назад се беше из преместено за ова требаше фигура со геометриски фигури, цртана со oil pastels и преку цртање учевме различни техники итн.
Немам постирано во темава, ама ги разгледав последните страници и морам да ве пофалам сите за умешноста и креативноста Јас одамна немам цртано и жал ми е што немам слики од сите цртежи што ми ги собра професорката по ликовно Синоќа добив желба нешто да нацртам, па од шпајз ги извадив платната и боиците. Платната се комплет, купени пред можеби 2 години. Со сестра ми прво ќе цртавме глуварчиња, после јапонски цреши, па не знам што. На крај јас се решив за Мадагаскар Имам уште две коцкасти, со исти димензии како страничните, ама мислам дека ќе беше премногу ако ставев 5 платна во линија. Еден куп работи би коригирала, да можев. Малку сум изгубила осет за ракување со четка. Ве молам не ме критикувајте за животинките, жирава и слон прв пат во животов цртам Татко ми ми рече дека слонот ми бил многу дебељушкаст Боите се поинакви во живо, не можев да ги доловам убаво, башка не се познаваат некои мешавини на нијанси што ги има низ платното. Како и да е, мислам дека добро ќе дојдат во мојава соба, таман одговараат боите. Само прво да искречам и да средам
Јас морам да го прикачам портретот што брат ми ми го црташе, не е мое дело ама ептен сум горда и мора да се пофалам, тој веќе црта за продажба така да заинтересирани можат и да ми пишат.Инаку некои членки ме знаат од социјалните мрежи па тие можат реално да ја видат сличноста, ама ете јас ќе ви кажам како да се гледам во огледало, јас сум запрепастена.
Долго време не сум била на форумот и сега случајно ја отворив темава и искрено да кажам неможам да се изнагледам.Ја обожавам уметноста,сакам да сликам,еве во последно време почнав повеќе да се насочувам кон портретите,ама уште сум во фаза на учење...сум размислувала да почнам професионално да се занимавам со тоа,но нашиве едно знаат,немало заработувачка од тоа..еве неколку мои цртежи,се надевам ке ви се допаднат.
Еве уште нешто од мене. Овие ми беа наменети за другарка, по повод нејзиното преселување во нов стан. Бувчињава симболизирале среќа, па ми нарача да и' насликам едно. Другите две беа по моја желба и иницијатива, зашто ми е многу блиска другарка и морам да кажам - вечно дете во душа. (Значи се работи за возрасна личност, ама сликиве би биле погодни и за во детска соба ) Инаку се репродукции, ама најдов некои интересни шеми за цртање на вакви бувчиња, па во иднина сакам и моја авторска слика на оваа тема да изработам.
Mojot PRV crtez ! Ushte si go cuvam Na 4god. od slikovnicata Palche baba mi ja kupi stom nauciv da citam
Девојки цртеживе се мноооогуу убави.сите се прекрасни,но Lady Phoenix според мене најубаво црта.Lady Phoenix ти си родена за уметник.Ме воодушеви!И многу си креативна!)
Благодарам многу, ептен ме засрами сега. Мислам дека овде има многу талентирани девојки, сепак јас долги години цртам и треба да ми биде срам ако не сум напредувала во текот на тие години. А повеќето од овде се доста млади и имаат огромен потенцијал. Прегледај ја целава тема, а има мислам и уште една, ќе наидеш на слики и цртежи поубави и од моите, те уверувам.
После 15 год. фаќање четка во рака, "Сафари"-то е моето прво дело(ми го краси ѕидот на моето раб.место) .И си се редеа натаму.Пресреќна сум што си го открив талентот и тоа за време на еден многу лош период-ете го плодот. Аматерски е,си се занимавам кога ќе имам мотивација П.С ми требаат сега поголеми платна
Еве нешто тазе и од мене вакви цртежи со patterns ми се омилени по tumblr и weheartit, па се зафатив со прецртување.