Искрено морам да ти признам дека преубаво изгледа, мило ми е шо баш мојот аватар го нацрта и преубаво црташ. Нешто постаро, ама вредно.
еве нешто и од мене Обожувам да цртам иако не ме бива многу за цртање. Иначе цртежот е сликан со мрсни боици
Одамна ме немало. Мислам дека овие слики не сум ги ставила до сега. Репродукции се. Малку е проблематично, дека со блиц.
Овој пат не е фанарт. Овој пат ги оставив чувствата и карактерот да цртаат. Само не знам какво име да ѝ дадам.
Дај и јас да ставам некои глупости што сум си цртала во последно време. @Papillon.Papi Стилот на втората слика, девојката со црвената коса повеќе ми се допаѓа.
Пред неколку години му подарив слика на платно што сама ја направив, ама дојде време да ја тргнам таа зашто веќе не ми се свиѓа Затоа направив нова Тотално немав идеја како ќе испадне, ништо претходно немав нацртано со молив на платното. Само си ја земав палетата и четките, пуштив музика во позадина и мозокот на пасење 2 ипол саати си тапкав со четката, а потоа ги нацртав птиците. Мислам дека гранките можев малку подобро да ги изведам, ама на лице место со боја цртав, па не можев отпосле да менувам. Некако избегнувам врз боја да цртам со молив. Сепак мислам дека не испадна лошо.
Еве нешто од мојата поранешна и кратка цртачка кариера. Сите ликови се постоечки и блиски до мене, па ако некој се препознае... Очите се моите.