Добри работи се ставиле во темава. Одамна не сум ја посетила. Еве од мене нешто, репродукција повторно. Ми стојат во дневна. Се надевам дека не сум ги ставила претходно. Веќе заборавив што сум ставила во темава.
И двата стила се за мене супер, а ти си исклучително талентирана за цртање. Доста од вас во темава се скриени таленти.
прв цртеж годинава, на сликата не е довршен, има уште водопад на празното бело место. некој нареден пат ќе го ставам целосен. Не ми ги вади сите слики шо ги имам со другар ми пуштано (само него сите цртежи му ги пуштам па кога ќе бидам во расположение да пресликвам ќе поставам повеќе).
Добив желба и јас да постирам нешто, а немам нови дела па ми текна на сликава, може ја имам постирано не сум сигурна.
Веќе не сум сигурна што сум ставила од моите слики. Ако ја има оваа веќе, нека ми го избришат мислењево. Сликава е репродукција и е составена од 16 парчиња платно. Како основа ги преземав контурите од оригиналната слика, но боите јас ги одредив за да одговараат на просторот за кој ја наменив. Оригиналот беше многу едноличен и блед. Овде има поживи бои, а потезите од четка кои се издвојуваат се заради рефлективноста на златната боја. P.S. @Papillon.Papi не сум по ваквата уметност, но кога се работи за квалитет, не бирам за каков вид на уметност се работи. Ми се допаѓаат премногу и двата стила и почесто цртај и ставај на темава. И дали си ја крсти црвенокосата?