Пред да ставам мои слики да ви кажам дека ќе ставам повеќе постови еден под друг бидејќи само 5 слики може да се стават, а јас имам многу поголем број од 5 на цртежи. Сликани се со камерата од компјутерот, некои со некои без блиц како повеќе ми се допаѓаа така ги сликав. Веќе не цртам, немам време за тоа. Кога ќе дојде распуст пак ќе почнам сигурно. И ако забележите повеќе сакам аниме и слично да цртам, а не портрети или пејсажи. Не се смејте .
~може ќе станам досадна на темава дур не ги ставам сите, ама сакам наеднаш да ги ставам, а не секој ден по 5 и се така
Нешо ич не сум активна на темава, иако имам што да покажам. Доста цртежи имам. Еве 2 овој пат, друг пат повеќе.
Еве од мене, само боите некако не излегоа како што се оригинално...потемни се најверојатно бидејќи е сликано со телефонот.
Порано имав време за цртање. Одев по натпревари, се надоградував....сега некако ми остана во заден план. Во фајлови ги имам само овие два цртежа, од кои првиот е цртан со фломастери, а вториот со темпера. Имам голема инспирација за цртање модели и дизајнирање на облека, но тоа во некоја наредна прилика
Ова е последно што цртав.На сликава цртежот е околку 70% завршен.Синоќа во доцните часови го цртав и немав време да го довршам па морав на училиштето поубаво да го средам.Немав прилика да го сликам комплетно завршен бидејки професорот ми го зеде и најверојатно ќе биде дел од изложбата што ја подготвува. Го сликав со телефон затоа не се познава многу убаво.А и останатите 30% скоро ми беше потемно сенчање па сега малку поинаку изгледа
Од оправдани причини(проблеми со интернетот) не можев да го поставам мојот најубав цртеж. Еве што ми се случи:Бидејќи сметав дека тој цртеж ми е најуспешниот до сега, решив да и го покажам на мојата професорка по ликовна уметност. Искрено, очекував дека ќе ми каже "убави зборови" и дека ќе ме пофали. Но, се случи спротивното. Му најде 300 маани, рече дека не е тоа што таа би го избрала за на изложба (п.с. јас воопшто не помислив дека мој цртеж би бил на изложба, но веројатно погрешно ме сфатила) После сето тоа, ми рече дека е одличен Тоа беше "најлошата" критика што некој некогаш ми ја кажал. Сепак таа е уметник и има завршено факултет П.С. Можеби на овој пост не му е тука местото, но морав некаде да го напишам