Ова е моето љубовно/животно “патешествие“: 1.Јас и мојот дечко(шо го немам) 2.Јас и мојот партнер за матура(шо го немам) 3.И навлегуваме за крај во длабоката далечна “наша иднина“,да конкретизирам:нашите дечиња близначиња Ви благодарам на трпението
Не е којзнае што,ама ајде.Нема ц од цртеж. Се глупирам со сликите За наредниот пат ќе се потрудам повеќе
Eве нешто јас што шљакав во последно време, се обидувам со водени боици да се усовршувам, е сеа тоа што користам од ефтините најефтини оние од Џамбо (и бои и четки) ќе го занемариме, али коа се нема пари за нешто по асално и тоа врши работа. Не сум нешто посебно во цртање и боење, мислам дека сум просечна, ама се трудам во последно време нешто да се надоградувам да вежбам, бидејќи долг период немав фатено молив во рака а не па водени боици кои последен пат сум ги користела во основно. Претцизноста на на линиите ми е мизерија ама битно се трудам Спојлер
Не знам дали некој ја видел објавата од портретот на Игор Џамбазов на неговиот профил на ФБ и да ја видел и не јас морам да се пофалам дека е дело на брат ми и ќе ја постирам и овде.Знам дека темата е ваши цртежи ама пуста гордост не ми дава да не го пофалам, а плус го постирам од причина и што сакам да се прочуе бидејки планира сериозно да почне да работи и да заработува од тоа, а тој не сака да се фали, а и од причина што сакам да дадам надеж на сите кои планираат да цртаат и кои имаат желба да не се откажуваат, бидејќи тој до 19 год не ни знаеше каков талент има, за во школо му цртав јас и мислеше дека поим нема да држи молив во рака, значи волку има напреднато во рок од 3 год со постојана работа.Да напоменам дека нема одено на курс и се нема пдучувано од професионалци, се што научи беше негова иницијатива и моја помош, значи секој кој има желба и барем малку талент може да стане одличен.
Леле @1209 ми текнува на сликава, а ете сега дознав дека брати ти ја нацртал Од мене одма доби лајк, баш памтам дека Игор имаше коментар дека дечкото што го нацртал го утнал факултетот Браво, стварно многу е талентиран и да знаеш дека ако некогаш сакам да подарам портрет, тебе ќе те барам