Одамна немам цртано ништо, може година или две. Па денес ме фати нешто инспирација и зедов дрвени боички и се внесов.
Бидејќи на ќерка ми сеуште не и давам да има свои профили на социјалните мрежи, ќе ви претставам неколку нејзини цртежи нацртани со таблет за цртање во Medibang Paint Pro:
Ти треба посебна хартија за таков начин, некоја која не ја прима брзо водата, но не остава да се разлее насекаде, побарај во книжарите некоја подебела хартија и пробај повторно, а јас ке чекам да ми нацрташ нешто и за мене :3
Мене омилен ми бил вика мајка, јас не памтам до толку. Ама кога и да го видам гифчето барем сфаќам од кој омилен лик сум го земала нарцисоидното однесување. Неќам вака да сум офтопик, ама до утре нема да го завршам тоа моето.
@theowndemon Многу ми се допаѓаат твоите цртежи! Ме потсетуваат на боенките за возрасни, имаш прекрасни дизајни, воодушевена сум. И мислам дека навистина би можела да дизајнираш некоја во иднина, навистина се гледа дека имаш вроден талент. Големо браво!