Еве нешто што си црткам во тетратчето. Тетратчето ми е каде обично си цртам одделни делови и поретко некогаш нешто цело вака.
Од сите серии, аниме и цртани што имам гледано, оваа ми е омилена сцена и ја имам преку 10 пати гледано, и преку 10 пати плачено. Редно беше да си ја нацртам. И само ја гледам, можи не е најуба, ама за мене нема грешка зошто онака во глата ми се врти како шо се случи постојано. Веројатно Бетмен и Харли на врата ќе ги заменам со Бан и Елеин.
Од каде ти се идеите како на втората слика? Од интернет ги наоѓаш и прецртуваш или ти самата ги смислуваш
И едното и другото, зависи од денот. Втората слика е спојка од две други, боите се на мене. По извесен период на гледање се охрабрувам да експериментирам.
За вториот цртеж требаше да биде тоа на 3тата слика, ама не искочи баш како што замислував пошо не знам да мешам бои ама добро е за мене и тоа.
Најчесто дигитално цртам, понекогаш и традиционално (на хартија). Цртежите ми се во cartoon style, не знам да цртам во реалистичен стил, затоа ќе ви изгледаат детски. Имам уште многу вакви.
Ова признавам го ѕиркав за да не згрешам зошто дури 5 денари за хартија потрошив. Ама са утре ќе си прикупам хартија па ќе си дозволам апла по мое да прам. Уствари сега и порака назад ќе пишам зошто за дечко ми е ама нека остани приватна, де.