Пробам да се вратам во форма, веќе 5 год немам сликани ништо, се блокирав тогаш и веќе не фатив четка во рака. Сега си купив акрилни бои, четки и платна и сакам да си ја вратам инспирацијата. Фрида Кало во обид на втората слика, не ми успеа другиот дел и ја фрлив, ама ако и тоа е дел од процесот на враќање.
Ликовите од светот на Загор(стрип) Првиот женски лик Прва се појавува Норма:млада и убава,ја грабнува човекот-лилјак во број 2 додека во број 3 ќе ја спаси токму Загор.На оние кои имаат замерке дека светот на Загор е Шовинистички(т.е. без жени) ќе им одговориме дека не е битен квантитетот туку квалитетот.Секако,во авантуристичка сага како оваа нема многу место за чувство:со оглед на тоа дека треба да го одржува редот и мирот во еден опасен регион како Дарквуд,Загор нема многу време за себе.А згора на тоа,малку е и срамежлив.Ќе поминат години до првите негови заљубувања(на пример љубовта со Фрида во два броја),а можеби ќе бидат потребни векови за да го видиме Загор во улога на сопруг. Пост скриптум:Норма ја нацртав како транвестит
@miss-bootylicius @theowndemon и @1209 можам да ги издвојам како најјј...Се што видов ми се допадна девојки.Секако и другите се преубави.Би сакала и јас да го имам вашиот талент.Можеби со вежба ќе успеам да постигнам нешто.Сепак не сум до толку лоша де
Туку луѓе се ближи Inktober. На 1ви ќе отворам и засебна тема за да е нова и ако има заинтересирани да учествуват. Листите се излезени уште од 1ви Септември.