За нијанса се различни боите, побледи и не мава на жолто воопшто, али неам убав телефон за да биде ко у живо
Се надевам ова ти е професија, а ако не, тогаш се надевам дека размислуваш целосно да се посветиш на уметност. Грев е да не се продадат овие слики...И претходните и оваа и сите...Значи, секоја чест Деновиве се опседнав со цртање, само гледам видеа и дефинитивно некои уметници што имаат милиони следбеници на јутуб може вода да ти носат. Бетер од Боб Рос си ма Отвори канал и цртај Само на англиски зборувај за цел свет да те разбире. Се возбудив знам, ама прејаки ти се цртеживе Како живи се.
Леле Џоли фала, ама не, не ми е професија, иако добив понуди после сликава, мислам дека ќе почнам да сликам почесто. Не ја продавам оваа оти на маж ми му се свиѓа многу, ама веќе планирам други. Фала ти многу ептен ме израдува со коментаров.
Еве сега гледам квалитетот на сликите е катастрофа. Да најдам некој со подобар телефон да дојдат до израз боите ќе ги постирам. Ова како со фиксниот од дома да сум ги сликнала.
(ова што следува е само за проект во училиште и таков производ не постои) Како поупатена во маслените бои ти ги препорачувам OLIVINE маслените бои, одличен квалитет и поволна цена! како што реков, овој производ не постои, благодарам на разбирањето
Многу ми се допаѓаат сликите, единствено ми боде очи позадината што е од материјал, одвлекува внимание. Кога би биле на еднобојна позадина повеќе ќе дојде до израз нивната убавина и минимализам.
Баш тоа го дискутиравме по дома. Имам некоја идеја да почнам да сликам мали минимални и симпатични слики и дека татко ми е столар и може да ми изработи рамки, некој убав модел, за да можам да си сликам како хоби а со тоа да си ги покријам трошоците за материјали, дека сум студен сеуште да не сум им на товар. Ама понатака тоа, да помине, а веќе поминува, ова лудило и да се вратиме сите во нормала.