Нас во Инктобер темата ни се заубај цртањето и се спомна да продолжиме заедно и во иднина и сега бараме начин за исполнување неделни предизвици јер е интересно. Пошто ме мрзи манав скрин од шо пишав таму и сите шо сте заинтересирани скокнете таму со некоја идеја да видиме како ќе се дружиме од Ноември натаму. Едит. Заборајв да нагласам, буквално во секој стил, со прибор по избор е се нели, не по правила на Инктобер зошто е независно од то ова.
Може, нека биде нешто како фото натпреварот, ќе менувам теми и анкети на недела дена. Направи нова тема за ова ако сакаш.
Мм епа можи и така, јас гледав да е помалку комплицирано али ако има нова тема ќе се бира од предизвиците претпоставувам? Пишав и таму чекам и другите шо ќе речат па ко ќе знајме замислата ќе отворам тема и ќе те означам.
Може тој што ќе има највеќе гласови во анкетата, да предложува следна тема за цртање сам. Ако сакаш така секако, твој е предлогот за тема.
И јас сум за. Можи да биди неделен предизвик, со тоа што секој што ќе нацрта ќе предложи по една тема. Потоа, да не гласаме за цртеж, туку во анкетата да стојат предложените теми и која ќе има најмногу гласови ќе биди следна. Леле не знам дали ќе ме сфатите @theowndemon @Dream-Girl
Да да можи и така, скроз сеедно ми е околу бирање кој е следен предизвик, поќе ми е нели, да постои. П р е д о б р о!!
Ок ќе пишам наново за да се види, тие шо сте заинтересирани пишете дали сакате: Онака сите уз цртеж да кажваме предизвик и после во анкета горе со ред да го фатиме од најгласан кон најнегласан, или Тој со најмногу гласа да бира нов неделен предизвик. Уз пат секој кој има предлог за предизвик нека кажи како се обавува за тој шо ќе има најмногу гласа ако не знај лично предизвици да има од кај да избери. За почеток можиме со еден да почниме колку да почниме, јас и другарка ми можиме викендов да изработиме листа од цртачки предизвици кои можиме да ги прајме во иднина, па ако имате други ќе дополниме листата па да имаме од кај да бираме. Па после ќе избериме една опција од горните две и горе долу мислам то е. Лично, мислам дека е идеално во Понеделник да бираме шо ќе биди темата, до Недела да се црта па кој колку сака, толку време да можи да вложи во цртежот пошто знај од 5 минути до 5 дена да се црта на ист цртеж некогаш.
Мислам дека подобро ќе е тој што ќе има најгласан цртеж да дава тема, затоа што може вака да нема предложени теми и слично (имаше ваква тема за нешто друго, знам за некое време се заборави и не се покажа како успешна), додека во фото натпреварот одлично функционира овој начин.
Јас мислам оваа тема да остане слободна, секој да си постира што сака, да не е ограничена неделно на предизвик, а за неделен предизвик нека се отвори нова тема, па кој сака да постира таму. Овде мислам таман си е каква што е ваква
Епа уште подобро! Зато викам, најмал проблем е како ќе е организирана и ако така е докажано како ефективно - така нека е. Ако некој сака промени и се најдени проблеми од после, секогаш можи да се смени како шо одговара во моментот. Ќе ја отворам темата викендов.