Алкохолни маркери. Ги купив за да бележам тетратката за учење: И ко виде другар ми за шо користам ќе ме отепаше и најмногу го сакам оти ми рече да ги користам за боење. Ептен се out of this world со ефектот шо го нудат од после. Вчерашните додуша се и малку со фломастер али ептен ко ќе ми требаше pop of color шо го немам уште купено со алкохолните.
Ги разгледав и другите цртежи...Многу ти е интересен стилот. Некаква изместена верзија на современ експресионизам инспириран од поп иконографија.Blur ефектот им додава злокобност, морничавост на ликовите ...Fan art, ама со демонска позадина...Ликовите како да се свесни за својата проколнатост и дека се жртви на таа изместена верзија на нив самите...Личат на ликови од giallo или хорор b-movie. I dig it!
ЗдравоВиктор, фала ти премногу. Јас уметноста ја доживувам поинаку. Во смисла...има секако многу професионалци, но нивната работа е шуплива одвнатре иако создадена за воодушевување. Мојот омилен сликар е Edvard Munch, неговата работа навистина не ме остава рамнодушна и ме прави да чувствувам. Кон истото стремам и јас, уметноста за мене е експресија на она што ми е внатре во душата, ја славам љубовта, хуманоста, човечноста. Ако барем еден човек го допира тоа што го творам, јас сум среќна и не можам да посакам повеќе. Ти благодарам пријателе уште еднаш, ете во прилог уште неколку.