Еве има барем еден! Да, има нешто Мунковско во цртежите....Разбирам како ти ја доживуваш твојата уметност. Молам, молам. Ти сакаше опера така? Изгледаат како сцени од опера? Го има тој патос... И, каков графички таблет користиш? Мислам, некаде прочитав дека овие ги црташ на таблет...
Виктор користам таблет нов нов го најдов на пазар 3 неотпакуван. XP pen tablet star мислам дека беше. Имам страница и на девиантарт повели ако сакаш -- stilladegortz, имам да кажам одредени пријатели кои им одговара мојот стил. да, сакам книги (класици, обскурни, сакам да трагам за богатства), опера, балет, уметност... Фала ти премногу. Моите субјекти се најчесто ликови од книги што ги сакам, на овој начин и возвраќам на одредената книга за се што ми пружа, така и јас на мој начин им кажувам на авторите кои веќе не се со нас, колку многу ми значи нивното дело. Еве нешто што насликав денес, Ребека од Ајванхо од Волтер Скот.
Да, го знам ликот! Одличен таблет, го проверив. И видов дека имаш прифил на Deviantart. Ќе ги видам другите твои цртежи. Треба да направиш изложба!
Леле колку одамна немам ништо клаено, само понови ќе клам фак ит нема шанси се да ме собери на три страни. Еве колку шо бери во едно мислење. Имам интензивни периоди и периоди на пауза. Така да ако некој сака инста нека кажи пошто и да сакам немом последни месеци да ги објавам во целост.
Конечно се сетив на кого ме потсетуваат твоите цртежи/слики. Не е Мунк, туку еден друг експресионист, Емил Нолде! Истата „декаденција“ на ликовите, слична „замачканост“ поради користење на акварелот, истата „опскурност“, можеби боите се поинакви, и тој е попрецизен.
Ти благодарам, тоа е голема чест! Знам дека спаѓаат во експресионизам дури кога уште не знаев точно што правам, ликовите ми изгледаа емотивно и допираа на некој начин, трогнуваа. Овие последниве три ми се од циклусот наречен “Амор“. Стриктно пастели.
Ќe заборавев да спомнам. Цртежите ти се особено добри. Јас би ти сугерирал да работиш повеќе на конфигурацијата на сликите, контурите, линиите, конструкцијата, иако тоа е твојата уметничка слобода, не мора да ме слушаш, може и вака.
Искрено кога сликам, секогаш го правам тоа по инстинкт. Никогаш немам замислено што сакам уствари да постигнам, само сликам, сега полесно е за фан арт книги на пример некое поглавје...знам пример има полумесечина во поглавјето, црква, машка особа, и со таа мисла тргнувам. Останати мотиви се чисто по инстинкт, многу се искрени. Ќе видиш дека од првиот пост уште кога не го знаев добро таблетот и програмот се трудев, после тоа ги поправив, оние што се “ликвид“ техника, како Фантина, или Клод. Сега со пастеливе уживам искрено. Инаку, дали и ти сликаш?
Разбирам. Можеби така е и подобро, за да уживаш во сликањето, наместо да размислуваш стратегиски, да почнеш од одредени теми и потоа спонтано да ги развиваш...Разбирам како тоа те прави среќна. Цртав порано, одамна, сега повеќе ми лежи текстуално изразување, но, половина живот сум читал книги за уметности секако и сум бил на многу изложби.. Сакам уметност, сакам себеизразување, сакам естетика.
И јас пишувам, изволте мојата збирка поезија на купикнига е, се вика Absentia. Хаха, шала на страна, сакам да пишувам многу... сон ми е еден ден да објавам проза, но сега за сега тоа ме плаши па држам до поезија. Бап би сакала да прочитам нешто од тебе.
Се обидував да најдам нешто соодветно за твојата „серија“ Амор... Да се надоврзам... Инаку, песната на Гензбур погоре е многу иронична, зезнат е Серж!
Хаха, да, Е. Поприлично... Кога не би постоела ми е една од омилените шансони, посебно кога ќе почне делот „мммм....“има многу емоција и хармонија.. Слушни ја оваа и најди го текстот. Многу е сензуална и страствена. Типична француска песна, оригиналот ме враќа назад во времето, одма ги замислувам Бардо или Данев, но оваа “живата“ верзија е многу хот, фивериш.