Моливите B ти се за цртање, почнуваат од 2B па нагоре колку е поголема бројката толку е помек моливот.Со H или HB молив не се црта.Јас користам најчесто 8B за сенџање и за добивање форма и мекост на предметот или ликот, а со 2B ги цртам деталите.
Многу сакам да цртам многу.Ама не сум толку талентирана.Еве од мене два слободни цртежи.Незнам колку ми е точно направено техниката на сенчење.....
Како што се накачува бројкава на В толку е и потемен моливот. А тоа што викаш помек, дека потемен и полесно се прават тие сенките.. Барем моиве се такви
Да да, ама стручно тие се викаат така, меки моливи, колку е поголемо Б толку е потемен и помек.Јас со години сликам и цртам и сега на факс имав уметност, така да ако ви треба нешто можам да помогнам, мислам не сум ептен стручњак ама имам знаење.
Мислам цртеживе се професионални П.с.= Има тема и за натпревар literatura-i-umetnost/vasite-crtezi-crtame-na-odredena-tema-t14599/
обично цртам кога сум смирена, бидејки кога сум нервозна неможам да нацртам едно обично цвеќе незнам колку ме бива за цртање,ама еве неколку од моите цртежи некои од нив ми беа за во школото за оценување а некои по слободен избор
Сакам да цртам, немам некоја посебна дарба. Знам да седнам и да нацртам нешто, најчесто цртам кога сум нервозна тоа ме смирува. Утрово во едни стари книги ги најдов овие два цртежи Спојлер Пеперутка И Твити најомилениот лик од цртаните филмови
Незнам да цртам, ама сакам. А кога се сака се се може, така беше? Епа не е, колку и да сакам пак незнам да цртам
Да ве прашам нешто, ама искрено да ми одговорите. Личи ли барем малку на жена и би го прикажале ли пред народ. Мене ми е така-така, ама повеќе накај неубави ми иде.