1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ваши дела – поезија или проза

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од Shelea, 7 декември 2009.

  1. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.257
    Допаѓања:
    43.755
    Ноќни разговори

    Ама, љубов, нели се договоривме.
    Дека ќе одиме позади небото
    кога ќе олади
    а не сега
    кога нема ветер
    а ни етер.



    Не можеме да дишеме еден без друг
    а ни еден со друг.
    Остави ми ја музиката в коса.
    Штом заспијам
    да сонувам нови видици.



    Се договоривме
    да плискаме зборови
    на Кејот, врз булдожерите и заскитаните шетачи.
    Да постелеме малку надеж
    врз калдрмата
    згази ме, љубов
    сакам трага на стапалата.



    Ама нели, ми рече
    дека можеме да цртаме
    во чекор
    со уморните ноздри
    вдишувајќи мир
    издишувајќи прекор.



    Ајде, покриј ме вечер.
    Ќе чекам, скриена на балкон
    во кутијата за штипки.
     
    На FBI му/ѝ се допаѓа ова.
  2. OzzyAngel

    OzzyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2010
    Пораки:
    1.884
    Допаѓања:
    1.225
    Багуфче, само сакав да ти кажам дека секоја песна што е напишана лично од нас е убава! Затоа верувај, дека и твојата е убава, тоа што си го чувствувала, тоа си го напишала! Секој поет го прави тоа!
    Другото оставам на Шилеа да ти одговори дали е убава твојата песна! само имај си на ум, дека се што ти излегло од срце- е убаво!
     
  3. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.257
    Допаѓања:
    43.755
    Морам да се сложам со Ози.
    Секоја песна што извира од искрено срце, допира некое друго, и прави магичен, ослободувачки круг.

    Мене ми е поезијата прва љубов, единствено бегство кога нештата стануваат никакви... Затоа и не се силам себеси да пишувам, кога не оди.
    Пишувајте, секогаш кога можете, тераписки делува :) Се извинувам и јас за офф топиков:)
     
    На MarchelineAmaru и missperfect им се допаѓа ова.
  4. polena

    polena Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2010
    Пораки:
    91
    Допаѓања:
    14
    Belina,sjajna utrinska videlina
    rosa cvet zamila
    misla, zbor vo pesna opeala
    dusa porti otvorila
    Deva Marija ljubov poseala
    od nea ne se odvoila
    siot svet go spoila
    Gospot nam ni go darila
    so ljubov ne pogalila.
     
  5. miamateva

    miamateva Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 март 2010
    Пораки:
    152
    Допаѓања:
    22
    Мојата приказна...


    Оваа приказна можеби изгледа глупава и досадна меѓутоа таа е спомен во срцата на двајца млади.Девојката беше со долка виткана кафена коса,прекрасна насмевка,зелени очи и добро тело.Слаба и висока.Имаше само 15 години.Учеше во Гимназијата и беше прва година.Беше доста популарна,имаше другарки,другари и секогаш добиваше се што ќе посака.Дотогаш сакала еднаш но веќе 2 години поминаа од нејзината прва љубов.Веќе беше заборавена.Момчето беше висок кошаркар со црна коса,темен тен,зелени очи и добро граден.Имаше 18 години и учеше во Економска.Немаше многу другари бидејќи беше изморен од се што има преживеано.Тој не сакал дотогаш.Имал многу девојки досега.Не беше невин и беше најпосакуван во цел град.
    Беше први октомври.Таа седеше дома на компјутерот досадувајќи се на фб и мсн.Тој исто така седеше на компјутерот и си пишуваше со неколку девојчиња.Они двајцата не се познаваа и немаа ништо заедничко освен двајца другари.Таа имаше другарка чиј дечко беше негов другар. Другарка и ги стави во конверзација сите 4ца.Почнаа да играат вистина или предизвик.Се забавуваа.Тој ја додаде на мсн и од веќе наредниот ден тие почнаа да се допишуваат.Секој ден си пишуваа,праќаа пораки,се гледаа на камера и слично. Поминаа веќе 2-3 недели. Беше 19 Октомври,понеделник. Таа беше прва смена а тој не отиде на училиште.После нејзиниот последен час,тој и се јави да дојде кај него дома,да гледаат филм. Таа прифати. Ја пречека пред училиштето и со моторот ја однесе до дома.Таа знаеше дека има хемија помеѓу нив но не и изгледаше како љубов.И се допаѓаше момчето и навистина сакаше да го има за себе.А тој мислеше дека таа е само една извеана девојка шо само ќе му се брои а можеби и да ја помине.Гледаа филм и момчето неможеше да издржи и ја бакна.Почнаа да се бакнуваат.Меѓу нив имаше мало маче,а таа беше алергична на мачки.Веднаш се јави алергијата и таа мораше да си оди.Од тој ден тие беа дечко и девојка.Меѓутоа нивната врска не траеше за долго.Немаше ниту 5 дена.Уште денот кога ја започнаа нивната врска таа слушаше муабети од секоја уста дека тој бил женкар,многу женски имал,сакал само да ја помине.Таа бидејќи не беше заљубена во него му се скара на третиот ден и му рече дека ќе имаат едно здраво.Меѓутоа тие откако се скараа повторно почнаа да пишуваат и се запознаа многу добро.Си ги раскажаа своите животи и своето минато.Таа знаеше СЕ за него,како и тој за неа.Беа најдобри другари.
    Се гледаа скоро секој ден,излегуваа заедно,се шетаа заедно.Родителите ги запознаа.И немаше никаква хемија помеѓу нив.Одамна беше заборавено она што се случи на почетокот.Таа имаше нови момчиња,и секогаш тој и кажуваше што да прави таа кога ќе се случи нешто.Тој на секоја втора недела ги менуваше девојките.Ниту една не му беше перфектна.Секогаш се чекаа на едно исто место,во едно исто време.Седеа таму со часови само разговарајќи.Тој беше единствениот што можеше да ја насмее до солзи.Таа беше единствената со која го трошеше своето време.Супер беа заедно.Почнаа трачеви низ градот дека тие повторно се заедно но,не беше така.Тие беа како брат и сестра.Пишуваа пораки на телефонот со само еден збор или еден знак.Целиот кредит го трошеа на тоа.
    Во последните месеци од годината почнаа караниците.Се караа и смируваа за 5 минути.Секогаш беше така.Со само еден поглед и само еден збор тие се разбираа.Премногу се сакаа.Они беа единствените кои можеа да докажат дека постои другарство помеѓу машко и женско.
    Таа се заљуби во него.Го засака но го негираше тоа на почетокот.Но поминаа 3 месеци и таа конечно свати дека нема што да крие сама од себе дека го сака.Почна да се оддалечува од него со надеж дека ќе го заборави.Му се лутеше кога немаше да и врати на пораката.Му викаше,му се дереше кога неможеше да излезе со неа.Плачеше и се убедуваше дека она е во право.Мислеше дека тој никогаш не и пишува да се видат.Тој кога ќе и пишеше таа одбиваше.А таа кога ќе пишеше тој никогаш не одби.Но беше многу касно кога тоа го свати. Се оддалечија малку.Таа запозна нова личност која веднаш и влезе во срце.Беше повторно со машко.И со него беше блиска.Тој почна да и вели дека таа сега има на кого да му се отвори и да му верува.Тој почна да откажува од средбите а причината не беше позната,па затоа таа мораше да седи таму,на местото каде што седеа двајцата,сама.Секој ден плачеше на тоа место надевајќи се дека тој ќе дојде.Доволно и беше неговото присуство.Поминаа и сите тие сплетки.Дојде време тој да ја дознае вистината.
    Таа му кажа дека го сака.Но тој не го прифати тоа.Мислеше дека не е така и знаеа и двајцата дека он не го чувствува истото спрема нејзе.Тој и рече да излезат и да се видат.Како и секогаш тој беше точно на време,седнаа на неговиот мотор.Тој ја гледаше.Немаше глас.Никој не се осмели да проговори.Тој ја бакна.Нејзините нозе растрепереа.Почувствува нешто чудно.Таква возбуда дотогаш таа немаше осетено.Разговараа мирно,но залудно.Таа го бакна и си замина.Одеше накај дома гледајќи ја неговата слика во нејзините раце.Плачеше по улицата.Тогаш ги стави наочарите за сонце за да не ја познае никој.Неможеше да се смири.Плачеше како никогаш досега.
    Помина некое време а тие нонстоп се караа на мсн без никаков крај.Ќе се налутеа еден на друг и немаше да си пишуваат...тој ден.Другиот ден повторно ќе си пишеа онака за безвеза.А разговорот како и да започнеше секогаш завршуваше со лутење.
    За брзо време нејзе и дојдоа оние...улавите моменти.Сакаше страст.И беше многу потребна.Му рече да се видат.Се чекаа на истото место.Но овој пат и двајцата знаеа дека нема да биде другарски.Цели два часа седеа напалени,се бакнуваа,се допираа.Беше прекрасна вечер.Се случи невозможното.Тој и кажа дека ја сака.Таа неочекувано ја крена главата,го погледна и незнаеше што да рече.Продолжија да уживаат.Тој почна да ја моли за да водат љубов.Но таа сметаше дека е премногу мала за да има односи со некој.Тој сакаше да биде со неа,сакаше она да биде негова засекогаш.И таа го сакаше истото но него му беше друго во план.Затоа неможеа да бидат заедно.
    По една недела повторно почнаа да се караат за да бидат заедно но неможеа да го решат своето.На 23ти Јуни таа фати нов дечко.Го засака за брзо време додека предходната љубов кон најдобриот другар за момент беше заборавена.Забрането им е да бидат другари.Но сепак не се живее од спомени,животот продолжува.Тој замина за Америка а таа остана во тој град,каде што започна првата нејзина љубов.Одеше на местата каде што беше со него...не го сака,но не го заборави...
     
    На MarchelineAmaru, MareeH, SexyLady и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. skyAngel

    skyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 август 2010
    Пораки:
    1.530
    Допаѓања:
    2.766
    Те гушкам како да не си илузија ...Сешто се случува, ама без тебе ...Сешто решавам, ама тебе не можам ... .Ми фалиш како приказна пред спиење ...Ми фалиш како наочарите без кои не гледам далеку ... Полудев ... скокав до изнемоштеност ...Тануцвав како никој да не гледа ... Вжештување до свитување на минус пет степени... целзиусови ...Ми фалиш бе ...А да прекиневме со инаетот? :inlove: :inlove:
     
    На donna.17 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.257
    Допаѓања:
    43.755
    Којзнае по кој пат

    Кога е недела,
    минутите тежат во рерната
    а таму питата создава нови гладови,
    чешмата пушта солзи
    о, какви ли има јадови.
    Кога е недела
    машините за перење, ќе полетаат
    (евтина струја нели)
    а мачките се топлат по гелендерите
    кајсиите умираат зрели.

    Кога е недела
    сонцето танцува со моите трепки
    безобразно ме соблекува додека мијам заби
    бегам во одразот на огледалото
    и оставам поглед залепен
    на вратата
    после чекорите
    врз чевлите и ќесите полни зеленчук.
    Кога е недела
    ми е гајле за се`.
    Инспирацијата татнее
    неделата пука, зрела лубеница
    семките како артилерија
    на овој ѕид
    напишани зборови во реченица.

    Кога е недела
    можеш да си признаеш.
    Здодевно е.
     
  8. polena

    polena Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2010
    Пораки:
    91
    Допаѓања:
    14
    Koga umira ljubovtta, se racja vojna.
     
  9. polena

    polena Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2010
    Пораки:
    91
    Допаѓања:
    14
    Rodninite ni se dar od Gospot a prijatelite si gi odbirame sami. Polena.
     
  10. Hiroglifa

    Hiroglifa Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    3
    Удавена во спомени

    Тука,ваму,таму...насекаде ТИ,загушена сум од тие мисли,надежи , но како повеќе удавена во некој океан кој немилосрдно се смее и ја земе мојата душа, за момент ќе помислев си ти...но, немаше да погрешам и ако тоа го кажам.
    Сега разбирам дека тоа што ти дадов беше премногу за тебе .Но,што всушност ти дадов?Дали стварно е премногу и малце нереално дека од тоа можеш да се заситиш? Бакнежи кои еден по друг молеа за уште еден повеќе и така се залажуваа дека можат да се заситат,очи кои ти нудеа да ги видиш убавините на утрото кое се будиш,кое толку многу ти сметаше неговата светлина,насмевка која несебично и искрено умеев да ја споделам и да ја вметнам меѓу твоите аут денови,страст која се засладуваше на твоите слаткоречливи зборови и раце кои безобразно го милуваа моето тело...Но,чекај тоа не е се...Усните сеуште можат да се залажат дека некогаш повторно пак ќе се засладат со твоите бакнежи,очите кои сега се исполнети со тага,сеуште ја имаат сочувано убавината за да ти ја покажат во тие твои мамурни утра,намуртено лице сеуште како потајно да ги крие насмевките за тебе,а страста...ах страста,таа ти е секогаш верна и лесна на твоите слаткоречливи зборови и безобразни раце...Се запрашуваш ли некогаш што е со љубовта? Да,и таа е тука,но полека ја уништи.Се запрашувам те учеле ли како мал кога се засадува дрвце,дека треба да го налеваш со вода за да опстане,преживее...Па дај зошто тоа се запрашувам сигурно тоа го знаеш,зошто само се залажувам... Мили мој,љубовта е таква, слична како дрвцето,но ти не умееше да ја полеваш љубовта за да опстане,ти беа доволни бакнежите,насмевките и страста,А,да и мојата наивност за да ме убедиш дека постоеше некаква повременска и површинска љубов.Некогаш спомените сакам да ги продадам некому,можеби тие ќе се сретнат со тебе, ќе те дознаат и нема да сакаат да си создадат нови спомени и пак само залажување дека така може спомени да се уништат...Можеби заедно во океанот кој толку немилосрдно ме дави,да може во него ќе се удават и мислите,а мене ќе ме исфрли на некое островче,за да можам да преживеам и да започнам нов живот,а спомените ти ги поклонувам,дури не ти ги ни продавам,сега уживај со нив и живеј ако можеш во спомени,зошто јас не умеев како...

    Инаку сега моментално го пишував ова,викаат убаво било да си исфрлиш се од себе за добар сон...се надевам дека барем малце ќе ви се свиѓа девојки, треба уште да работам за да се усовршам,но ова е само мал почеток,зошто голема мрза сум за читање книги и слично.Поздрав и имајте добра ноќ :)
     
    На SexyLady му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.257
    Допаѓања:
    43.755
    Timeless

    Ти се будиш
    во молк
    и претопен во чаршафските бротчиња
    Лажен морнар
    што не успева
    да се поздрави сам со себеси.
    А јас ја бркам
    несоницата
    на врвот од шолјата за кафе
    со лажицата
    правам ритуално чистење
    мешајќи отров и зборови.



    Ме прашуваш, зошто не сум заспана
    ја читаш
    мојата челна линија
    Се мрштам, и не сакам да ти пружам фелацио
    не си залужил
    радо би те осакатила.





    Па, ќе заспијам.
    И онака се` е сон
    кога само во него веруваме.
     
    На FBI му/ѝ се допаѓа ова.
  12. ecen4e

    ecen4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 август 2010
    Пораки:
    81
    Допаѓања:
    27
    нешто од мене

    - Рацете Ти Се Тресат, Срцето Забрзано Ти Чука, А Здивот Ти Застанува ?
    * Тоа Не Е Љубов, Тоа Е Допаѓање
    - Неможеш да го тргнеш погледот или рацете oд неа?
    * Тоа не е љубов, тоа е потреба
    - Горд си на неа и сакаш да ја претставиш на сите ?
    * Тоа не е љубов, тоа е среќа
    - Ја посакуваш зошто знаеш дека таа е тука крај тебе ?
    * Тоа не е љубов, тоа е осаменост
    - Со неа си зошто таа те сака?
    * Тоа не е љубов, тоа е сожалување
    - Со неа си зошто те бакнува и те држи за рака ?
    * Тоа не е љубов, тоа е несигурност
    - Срцето ти потскокнува кога ке ја видеш?
    * Тоа не е љубов, тоа е страст
    - И ги пpизнаваш сите грешки и се грижиш за неа ?
    * Тоа не е љубов, тоа е пријателство
    - Секој ден и кажуваш дека таа е единствената на која мислиш ?
    * Тоа не е љубов. тоа е великодушност

    - Срцето те боли и се во тебе се руши кога е тажна?
    * Да тоа е ЉУБОВ
    - Те привлекуваат и други. Но ти остануваш со неа без тронка каење ?
    * Да тоа е ЉУБОВ
    - Ги прифаќаш нејзините мани зошто и тие се дел од неа ?
    * Да тоа е ЉУБОВ ...
    - Би го дал животот за неа ?
    * Да тоа е ЉУБОВ
     
    На SunnyGirl2, SexyLady и angel4e121 им се допаѓа ова.
  13. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.257
    Допаѓања:
    43.755
    Што...

    Што би сакал
    од една студентка како јас
    студена
    од многу мислење.
    Дали ќе добиеш



    повеќе од својата сопствена сенка
    пресечени погледи
    скршени разговори?



    Што би сакал
    од една жена како јас
    топла
    од многу движење
    Дали ќе добиеш



    повеќе од изморени очи
    коса зафрлена позади уво
    и тишина?
     
  14. Unnaa

    Unnaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 август 2010
    Пораки:
    145
    Допаѓања:
    40
    Гнев...

    немој....
    не се колни на вечна љубов
    не гледај со тажни очи ко да се грижиш
    не води љубов со мене на начин кој го мами моето срце

    страдај...
    само за да видиш како боли
    сега си таму некаде
    се колнеш, ги читам твоите лаги

    а убива...
    твоето предавство убива
    одмаздата твоја убива
    силен си кога си во право

    зашто сега си тивок ко бубачка?

    ке плачеш за нас.
     
    На Annie.mk1 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. jassna

    jassna Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2009
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    2


    So ubavo kazano...bravo
     
  16. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.257
    Допаѓања:
    43.755
    х-о


    Кога ќе помирисаш
    лубеница
    вишни
    стара книга
    вдиши го сеќавањето.
    На моите палавости
    моменти на искреност
    борба со земните задоволства
    ирационалната (не)вистина.

    Сите мачки
    песни
    и сончогледи
    доминираат како индијанско огниште
    земи залет
    и замисли се.

    Кога ќе ја купиме вистинската смисла
    кога животот се менува и боли
    Јас доаѓам, како на сон
    реалноста овде не е
    и за мене никогаш нема место во твојот воз.
    (на недокажан виц, никој не се смее)
    Јас на сите им ветувам дека ќе ги видам.
    А љубоморно се чувам (од) себеси.
     
  17. Trikson

    Trikson Нов член

    Се зачлени на:
    27 август 2010
    Пораки:
    130
    Допаѓања:
    35
    Change of seasons



    Don’t know where my "smiles" are gone
    She seems to be in a world of her own
    Is she aware how I suffer ...without her around ?
    I look for her in the rising sun
    do search till the sun does drown...

    There was the time, she did find so much time
    Just to be here, to be with me...
    Filling my heart all with her love
    What is new in her world?
    What is "eating" all my smiles?
    How did it so change...
    That she isn’t around to give just one smile.

    She knows all to ...well...I'd suffer too many tears
    back into those memories
    Of which, pain's so intense that death I prefer
    I so feel now...
    Is this a rerun of my past
    Am I been pulled back in time?

    No, I don’t want to be there
    I don’t want that pain
    I have died a lot more than I can take
    The little that I’ve left of me,
    just is enough to keep my breath
    Love for me has always been a pain...
     
  18. polena

    polena Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2010
    Пораки:
    91
    Допаѓања:
    14
    Site Svetci gi sakam, Mojot vo mene go nosam so blagoslov me dari,vo zivotot mi pravi skali,nedopirlivi i zdravi.
     
  19. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.257
    Допаѓања:
    43.755
    Здив


    Во мојата свест,
    џеб,
    мрсулаво шамиче
    дланка
    надеж или верност
    Стои, и еден исчкрабан лист хартија.
    Од мене на половина.



    Мастило по рацете
    неуспешно пронајдено пенкало
    инспирација
    заглавена
    меѓу два патенти
    едниот од панталоните
    другиот од чантата.



    Каде и да одиш, жено.
    Секогаш земај се себеси.
     
    На DeRose, blonde.lavender, kate21 и 2 други им се допаѓа ова.
  20. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Извинете што е на латиница ама го пишував во ворд прво... се надевам ке ви се допадне ..

    Sakam pak da sum si toa milo nasmeano devojce sto I bese seedno … si igrase tenis so zidot od nasata kukja … si vrtese hulahop I si se smeese clo vreme nema se grizi vo glavata… sto znaese da se smee za se… sega ne… mojot zivot se svrti naopaku .. a jas nemam sila da go sredam … doma me tolcat ljubovta me dotolcuva… voopsto ne sum srekna… zar toa ne e grev da bides vo vrska kade sto ne si sreken??? Se unistuvaat dva zivoti … kavgi postojano… nikakov muabet … nikakva povrzanost… vrska vo koja nikogas ne sum se pocustvuvala celosno srekna … ima ubavi momenti ama ne se pamtat… ne pokraj olku losi momenti … 99 procenti od vremeto se kavgi … dzabe e se … sekoj moj trud … se sto se obiduvam… ne vikam ne…jas sum uzasno komlicirana devojka ama pak gleano od dr gledna tocka voopsto ne e tesko covek da ima so mene dobar odnos … a toj voopsto ne se trudi … nego go boli za se … za mene najmalku …bitno on e zadovolen vo sekoja smisla na zborot … Ne im go rpavi na drugite ona sto nekes da ti go naporavat tebe … taka se vodfam niz zivotot a zosto za dzabe nikoj ne mi vratil kako sto zasluzuvam …nema fajde od zivotot … pateka odena nedoodena … pa ne ni znam kaj odam … odam negde a ne stigam nigde … eptem mnogu patarini ima na mojov pat… toa ne e dozvoleno ni so zakon … tunel vo koja ne gledam svetlo … go nema …. Utre moze I mene ke me nema … bezdna… uzasie … eden vresok vo pernica I ne mozam da sfatam kako dozvoliv olku da propadnam … kako ne znam da se izboram za sebe za da bidam srekna… ne znam da si go sredam zivotot … sega sum epten nisko … ajde sto sum nisko… postojano nekoj me gazi I da sakam ne mozam da se krenam kaj sto nekogas bev… covek dobar toa sakav da bidam …
     
    На skyAngel му/ѝ се допаѓа ова.