1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ваши дела – поезија или проза

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од Shelea, 7 декември 2009.

  1. st-el

    st-el Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2010
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    4.688
    Пол:
    Женски
    Душата се дели од телово,
    убаво е,
    дур безброј сенки
    танцуваат околу мене,
    црни демони шепотат,
    стари сеништа зборуваат,
    лични самовили ме повикуваат....

    Душава се дели од телово,
    волшебно е,
    ко во рајска градина
    со безброј миризливи цветови,
    ме довикуваат духовите,
    со глас ѕвонлив, магичен
    ме привлекуваат
    да ги затворам очите,
    да ги отворам онаму,
    во вечноста,
    зашто животот мачен е,
    и тежок и жежок,
    ме пече и гори реалноста,
    ме прогонува минатото,
    дур бесмисленоста
    ме обзема целата....
     
    На Trexane му/ѝ се допаѓа ова.
  2. st-el

    st-el Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2010
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    4.688
    Пол:
    Женски
    Дур ноќната пеперутка немирно
    ја означува ноќта,
    во која се допираат спомените
    мои и твои,
    каде ништо не е мое или твое,
    а сѐ е наше,
    помислуваш ли на мене?

    Дур кукавицата болно го означува
    умирањето на денот,
    во повторното раѓање на ноќта,
    црна и темна,
    заклучена во мојов неспокој,
    и пак отклучена со твојата радост,
    светла и топла,
    нежна и силна,
    дали помислуваш на мене?

    Дур сонцето се буди
    во уморот на очиве,
    во тагата на погледот,
    во празнината на душава,
    во копнежот на зборот,
    дали некогаш
    помислуваш на мене?
     
    На Trexane му/ѝ се допаѓа ова.
  3. st-el

    st-el Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2010
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    4.688
    Пол:
    Женски
    Стоеше пред уметничкото дело. Чувствуваше како летниот фустан лесно трепери на нејзе од благата анксиозност која почна да царува. Првпат на ликовна изложба, ги гледаше сликите, анализираше и вниманието и го привлече токму оваа слика.... На неа двајца, девојка и момче нацртани ко во саркофази со главите свртени еден кон друг, а деталот кој се истакнуваше... Ццц, помисли, наместо двете леви раце да ги држат во цврст стисок, девојката лабаво ја беше ставила дланката на неговата... Мрачен приказ на љубовта, си рече во себе...
    Ти се допаѓа? - праша длабок машки глас....
    Темна е, ко да не ја доловува суштината на љубовта, ако е ова и воопшто љубов-рече...
    Убава насмевка го исцрта неговото лице...
    Зошто се смееш? Вака ја доживувам- на овие двајца релацијата им е бледа, копија е на силата на љубовта... Девојката ко да има чувства кон момчето, а тој ко да не е сигурен...
    Можеби има или сака друга? Мисли на неа и не може да ѝ се посвети на оваа жена во целост?-тој запраша со шармантен поглед, божем зачудено...
    Мисли само на себеси, тогаш... му возврати, со пркосен сјај во очите... Со оваа - овде, во умот со друга... Не ми се допаѓа тоа, воопшто... Јас би ги нацртала во цврста прегратка и бакнеж, така и гробниците би им ги споила во вечноста.... Ко оние двајца од филмот Помпеја, им ги најдоа телата после илјадници години сеуште прегрнати...
    Имам инспирација за следната слика, рече тој тивко.
    Зар ти си, твоја е изложбата? праша таа изненадено, вџашено.
    Така е и ова што го рече веќе е на платното- изусти, а се надевам дека ќе се видиме пак, помисли во себе...
     
    На Zhukov му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Sandman

    Sandman Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2016
    Пораки:
    137
    Допаѓања:
    478
    Пол:
    Машки
    Кога ноќта тихува и пролетта заспива,
    тука си,
    спокојна ко свеќа недогорена,
    со собрани усни,
    целата од тиркизно море извајана,
    во очиве бранови и од нив една сончева насмевка ми намигнува,
    а на лицево брчките мои сонат и го говорат името твое.
    Бескрајна си кога ветрот треперлив грлото ми го милува,
    а јас посакав да не те изустам и сретнам никогаш,
    но убавото поинаку ми вели.
    Моја си,
    како во старинска приказна, кога нештата се нестварни,
    моја си вечно создадена,
    без допир и копнеж во едно време застанато,
    кое минува покрај нас.
    Еве дланкиве ти ги пружам да ми простиш за сето сторено и од бога дарувано,
    кога ме вознемирува лошото во мене,
    за сето неискажано во срцево,
    со кое векувам во тебе,
    од мене,
    до нашата болка,
    без презир,
    што ја демнат ѕвездите на небото,
    за нашето што некогаш беше и сеуште трае ко жилаво дрво,
    што сенка нема, ниту корените му се знаат.
     
    На st-el, Cloi и twiligt* им се допаѓа ова.
  5. st-el

    st-el Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2010
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    4.688
    Пол:
    Женски
    Кога првите сончеви зраци,
    ја допираат жештината
    на едно лето
    родено од утробата на денот,
    кое зрачи со насмевка
    и повикува на среќа,
    мами со бескрајна радост,
    искапена од морските бранови
    на едно изгрејсонце,
    измиена од тежината
    на минатото,
    олеснета од бремето на зборот,
    знај,
    изустеното го истурам
    пред олтарот на твојата душа,
    зашто вербата во чистота на срцето,
    никогаш не згаснува....

    Кога песната на птицата
    моли за одмор
    од тежината на пладневната жега,
    во која борба водат
    твоите демони,
    но и моите,
    зашто чудниот медиум
    ја пренесува енергијата
    која струи и не дава мир,
    а твоето перо преку мене пишува,
    за еден неспокој,
    кој се бранува и бранува,
    знај,
    вербата во добрината
    останува вечна....
     
    На Sandman му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Sandman

    Sandman Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2016
    Пораки:
    137
    Допаѓања:
    478
    Пол:
    Машки
    Во магичното предвечерие на ранетото лето, кога звездите чекаат да блеснат, срцето мое сака да те допре, да те превие со наметката на небото,
    а јас,
    составувам зборови во ред,
    како нитки навезени, да те замотам во мојата поема, да те заведам во соната.

    Твоите образи сјаат ко месечината светла, во сонот што ја бакнувам, ти румена и прекрасна убавина, моја вечна молитва,
    нека топлината од моите зборови те досегне и во темнината те жигоса, со љубов да те скрои, таква каква што си,
    од бога дарувана.

    Сакам да те допрам со мислите што лебдат,
    ко нежен допир со крилото од лебедот,
    во мојата фантазија,
    ти си цвеќе што цвета,
    моја инспирација што гости јалова земја, ти си мојата поезија.

    Нека те бакнуваат брилијантните звезди коло што водат на небесниот свод и ти го светат патот што кон мене те води,
    во темниот мрак неискажан,
    да осознаеш,
    дека ти си моето упориште,
    мојата среќа,
    мојот сон,
    моето вечно почивалиште,
    обоен за нијанса повеќе од заборавен гроб,
    врз кој газат незнајни чекори, бројни.

    Нека те прегрне оваа поема,
    како допирот на ветрот,
    нека ти раскаже дека си цвеќе во цвет,
    и така цветна коначи сонувајќи во моите сништа,
    во мојата вистина,
    подадена од рамењава, со две раце за тебе,
    а една во тебе последна.
     
    Последна измена: 15 јуни 2023
    На Cloi и twiligt* им се допаѓа ова.
  7. st-el

    st-el Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2010
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    4.688
    Пол:
    Женски
    Солзиве натежнале,
    се борат тие
    со стисокот на душата,
    ко да им вели таа,
    немојте, не паѓајте,
    ќе го удавите
    убавото,
    среќното, веселото,
    ќе го уништите животот,
    ќе ја усмртите љубовта,
    ќе ја задушите радоста,
    ќе остане само празнината
    во едни несреќни очи
    кои се смеат со лага
    окована во горчина и тага...
     
  8. Sandman

    Sandman Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2016
    Пораки:
    137
    Допаѓања:
    478
    Пол:
    Машки
    Изгубени души, загубени во темнината, сред недопирливоста на своето патување, се бараат себе си во мракот без надеж, посакувајќи да бидат пронајдени, во нијансите на светлината,
    во воздивот на муграта пред да го преживеат уште едниот ден и уште едната ноќ.

    Понекогаш душите, ги одекнува времето, во мрежите на заборавот се бараат загубени со одговорите во бездната на сомнежот, но тивко велат едно најдување на ѕвездите што небото го красат, кога сѐ изгрева и заоѓа.

    Изгубени души, поголеми од темнината, секнуваат и скитаат во мракот без глас и образ, трагајќи за мир, за слобода и освојување, во својот безднен лавиринт и бескрајнен пат.

    Но душите, вечно загубени во вечноста, секогаш се со нас, во нашите срца капат со полноќниот дожд, протекуваат со мудроста во нас, што не замрзнува и во него шепотат, кога се црнее врз знамињата на јарболите развиорени од ветрот летен, лесен во името и тежок во сонот, а толку посакуван.

    Изгубени души, од времето одречени, во мракот ги наоѓаат невидливите стапки со кои чекорат, но во нив се крие моќта на вечноста, на вербата, на светлината во која повторно ќе се родат, за една биднина.

    Затоа изгубените души постојат, тие се расцутените на патот на самотијата и во нивната тага, во барањето на вистината, со нив се раѓа сонцето осамено со кое се спојуваат две постоења, земјата и плодот, засекогаш.
     
  9. Sandman

    Sandman Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2016
    Пораки:
    137
    Допаѓања:
    478
    Пол:
    Машки
    За сите неискажани зборови,
    некои други усни некогаш низ бакнеж ќе ги изустат,
    а јас и ти ќе бидеме странци во нив,
    затоа што не бевме доволно мудри и искрени,
    заборавајќи дека го имаме само овој живот во кој можевме да бидеме наши и незгаснати,
    ко ѕвезди на небото,
    како што ја држам цигарава ноќва и гледам немо во неа,
    пред да ја изгасам со прстиве со кои те допирав некогаш,
    првиот и последен пат,
    засекогаш,
    иронично, зарем не?
     
    На twiligt* му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Sandman

    Sandman Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2016
    Пораки:
    137
    Допаѓања:
    478
    Пол:
    Машки
    Те посакав ноќва, како некогаш дива и разгорена во свеќа, со која се хранат душите на мртвите и живите во нас, топло и горко разлеана во срцево, во дамариве модро и златно жолто, пред есента, во летните цветови неуспеани од кои се раѓаат уште поубави.

    Посакав да те допрам со дланкиве од крошни, разнишани од дождот, во кои нови животи се раѓаат дур ѕвездите трпеливо чекаат и треперат да се одсликаат во очите на новата љубов во мене за тебе, што ставата ти ја красат по стариот асфалт по кој некогаш чекоревме, безгрижно и детски, бескрајно.

    Остани недостижна и после илјада допири, со кои ги обликуваше моите отпечатоци, за да те посакам повторно во ноќта безмилосна,
    нека горат прстиве и те гасат уште еднаш во свеќата недоречена, пред да ме земе сонот за тебе и сето наше што некогаш беше, скриено во косата твоја, на полноќ себична и точна.
     
    На twiligt* му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Sandman

    Sandman Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2016
    Пораки:
    137
    Допаѓања:
    478
    Пол:
    Машки
    Верувам во твојта љубов искрена,
    ноќва кога сите воздишки на вљубените се врзани во еден цвет, со чии листови панделки ти врзувам во косата нестасана, во прстиве испреплетена.

    Те посакувам во мене, дар за тебе, исконски, ко небото што гаси одари бели во космосот за нови утра, таму некаде, каде очиве не те допираат со погледи од сатен искапени, од дождови тивки и заборавени, во дамариве модри истечени, врели извори во срцево искажани, ко среќа и моќ, во молк, насмевка за една убавина заробена во далечината, која не разделува и спојува за навек.

    Верувам и те посакувам, но проштевај што не умеев да те засакам и се заљубам во тебе со секој помен и заборав на мртвите во нас, после кои се раѓа сонцето на истокот, кое наликува на тебе со безброј страдања, одродени од телово, за нашето постоење, во кое живеам да те допрам како првиот пат, векови наназад, да се родам уште еднаш и згаснам засекогаш, без тебе со твојот аманет за вечноста.
     
    Последна измена: 20 јули 2023
    На st-el му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Sandman

    Sandman Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2016
    Пораки:
    137
    Допаѓања:
    478
    Пол:
    Машки
    Ноќва е ѕвездена, боишта од сребро, а јас лутам низ нив, да ти го допрам гласот меѓу нив, треперливо и тивко, да не го вознемирам небото над нас и по некој сон на нечии гради неодсонуван.

    Те љубам во утрото, денот и самракот кој доаѓа душата да ми ја земе, ко да е последна, а во тебе заносна, со фустанот твој лесен и летен, со кој ме опиваш во виното од зрели гроздови набран, во мене собран, со кој се милува векот, наш и ничиј.

    Те обожувам во божурите кои цветаат да се разбудат и го насипаат со љубов коренот на нашето постоење, од почетокот наш и иднината во која веруваме двајцата ние, сплотени во едно, од плам разгорено, со пепел сторено.

    Вљубен сум во твојата става и разговорите бескрајни што ги милуваме еден за друг, посебни што име немаат и со очите се читаат, ко да се последни на земјава, пред муграта, пред тебе и мојата смрт, во дланките твои споени, со последната молитва кон бога и нашето што сега стои, нежно, за еден поинаков допир од стакло, кој ја сече крвта во вениве и ги врежува стиховиве во душата твоја, ќе изустам само моја, да биде последна.
     
    Последна измена: 12 август 2023
  13. Zoroastrian

    Zoroastrian Активен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2023
    Пораки:
    51
    Допаѓања:
    127
    Утрата покрај шарените вагони на изгрејсонце за мене се мелем на душа во ова време невреме каде сивата боја има изрично доминантен тон во речиси сечија клетка и приказна. Не може ли да се види како се топам во твојот мозаик после зората?
    Чувството е како повторно да имам четири и лежам под борот со заборавени зумбули.
    Само сега го нема ''лошото'' момче да дојде, ме бакне и преку бакнежот ме турне на земјата.
    Она што пробувам да ти го кажам е дека ти си причината поради која сум сплотена со сите сеќавања под оваа огнена Месечина.
     
    Последна измена: 17 август 2023
    На st-el му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Сонувачката

    Сонувачката Нов член

    Се зачлени на:
    25 август 2023
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    8
    Пол:
    Женски
    Прегнав еден човек со цела душа.
    Го љубев со душа.
    Го љубев без граници,
    без мислење,
    без мерење на емоции,
    го љубев со мирис на возови
    и вкус на збогувања,
    го љубев во доцнежни часови
    во сите годишни времиња кои заспале на кожава.
    Го љубев со цела душа ама згрешив.
    Го љубев јас, но не љубев човек.
    Љубев битие без душа.
    Љубев прекрасен хаос кој не ги знаеше своите желби.
    Не ги знаеше сопствените очи,
    не ги познаваше вдлабнатините кои му ги остави мојата љубов без граници, без сила, без време.
    Платонско.
    Чисто.
    Разголено.
    Секој дел од овој град мирисаше на него.
    Секој дел носеше нешто негово во себе.
    Гласот на разумот ми велеше:
    Време е ова лудило да престане!
    А душата ми шепотеше: тој ти е се, закрпен за мене ќе остане !
     
    На st-el, mira.mira и Sandman им се допаѓа ова.
  15. st-el

    st-el Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2010
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    4.688
    Пол:
    Женски
    Татковино...
    една,единствена,
    со букети од цвеќе закитена,
    со песна и радост напоена,
    со стихови на почит опеана,
    со љубов и верба задоена....

    Татковино...
    Кристално сини езера,
    буици од реки надојдени,
    смарагдно - зелени планини
    украси од шуми,
    недопрени, чисти,
    и нивниот шепот, те сакаме....

    Родино,
    Силна емоција,
    која тлее и повторно се разгорува,
    зашто душата еден корен познава,
    усниве само едно име познаваат,
    а срцево само една земја љуби, својата :l:
     
    На Sandman му/ѝ се допаѓа ова.
  16. st-el

    st-el Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2010
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    4.688
    Пол:
    Женски
    Утрово студената суровост,
    тивко ме пречека на прагот од твојата душа.... Таму ладно беше, мразот од твоите зборови ја полека топеше мојата љубов, дел по дел исчезнуваше, се губеше некаде, се претвараше во ѓаволска сабја.... А таа, пустата, ме сечеше долж и попреку со рани од кои се кршеа чувствата како стакло, нивните убоди болеа толку многу што посакав никогаш да не сум те запознала,додека дождовите во очите безгласен сведок беа.... Не, не заплакав, молкум тагував и сеуште е така.... Само вештиот читач на човечките души може да препознае....
     
    На mira.mira му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Sandman

    Sandman Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2016
    Пораки:
    137
    Допаѓања:
    478
    Пол:
    Машки
    Едноставно ги оставав емоциите да течат во крвта,
    лесно и лечебно,
    ко бели облаци на небото,
    без почеток и крај,
    но срцево понекогаш запира кога ќе се соберат во него лисја есенски, пред прагот се,
    мојот и твојот,
    не делат тие од нас,
    тоа е моја најдолга милја од болка, на која долго образот и го вртев,
    сеуште врела во телово оладено,
    без преврска на ранава
    која ја имам
    и нова и стара,
    ко скината страница од роман љубовен,
    во кој се создава вечноста,
    за нашето непостоење исткаено со зборови,
    во сонот,
    кој уморот го зема од коскиве,
    да се роди повторно некогаш и некаде,
    во вртлогот на цвеќињата,
    насликани под кожава со пастелни бои,
    со надеж,
    во овој свет покриен со темнина,
    во која кучињата лаат,
    со усти човечки, пенливи,
    после кои се раѓа месечината, со која бдеам доцна во ноќта.
     
    На st-el и Сонувачката им се допаѓа ова.
  18. st-el

    st-el Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2010
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    4.688
    Пол:
    Женски
    Искршени ноти
    на лутина и понекоја искра
    од спомените кои навираат,
    искривени лица
    од лажни насмевки,
    збогатени со солзи
    сокриени,
    зад превезот на хаотичноста,
    убави зборови,
    изустени
    а сепак празни,
    со суштина која секогаш извира,
    а потоа пресушува,
    барајќи го патот до тебе,
    ама тој трнлив е,
    угорнина тешка,
    со здив уморен ја чекорам,
    со стапала крвави,
    се радувам,
    со дланки што гребат,
    искасани од усните ѓаволски,
    извалкани од нечисти мисли,
    отруени од слатки писанија,
    чекорам и не се предавам,
    ама знам,
    онаму горе на врвот,
    пустелија е,
    психоделична илузија,
    која крај нема....
     
    На Sandman му/ѝ се допаѓа ова.
  19. fairy11__

    fairy11__ Активен член

    Се зачлени на:
    14 јули 2021
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    1
    Ги слушам тивко твоите зборови ,,Така е пишано ,ако треба судбината пак ќе не спој.Можеби бевме вистински во погрешно време “ . Молчам и ги апсорбирам твојте зборови,ги гледам ѕвездите како љубезно гледаат во нас исто како првиот пат кога сакаше да ме бакниш ,а не знаеше на кој начин да ми пристапиш .Месечината го нема својот сјај оддеднаш стана мрачна и не го осветлува подиумот каде што често танцувавме со љубов.Солзите ми паѓаат по лицето и за миг се прашувам дали е ова реалност .Дали си толку наивен да веруваш дека моментално судбината е седната над нас и дека како шаховски фигури не движи низ времето.Кој те научи на тоа кој те убеди .Дали ти се даени срце и ум кои не се твои да ги користиш.Дали твоите дела не одредува што ќе стане од тебе.Единствено знам дека си љубовта на мојот живот ,љубовта што ја сонував како дете,љубовта што ја гледав во бајките.Сакам да врескам и викам ,,Од нас зависи будало ,ние сме единствените што повторно можат да не спојат”.Молчам и бисери се леат од лицето мое .Зае ова не е трагично ,кога можеш да видиш нешто толку јасно ,но другиот не може.
    Те сакам засекогаш пиги мој
     
  20. Cloi

    Cloi Активен член

    Се зачлени на:
    26 септември 2023
    Пораки:
    59
    Допаѓања:
    266
    Пол:
    Женски
    Look at the fool moon, look at this night.Just take my hand and let will dance.Don't worry about tomorrow, tomorrow however will come.Just take my hand and let we dance, til the sun rise up.
     
    На Sandman и Pacifist им се допаѓа ова.