Ваши дела – поезија или проза

Discussion in 'Литература и уметност' started by Shelea, Dec 7, 2009.

  1. SkyStar99

    SkyStar99 Истакнат член

    Joined:
    Jan 28, 2022
    Messages:
    39
    Likes Received:
    33
    Gender:
    Female
    Некад ќе се завртиш позади и видиш брдо ствари во кои си се вложил од петни жили не си добил заслуга, и многу односи за кои си влегол во огин уствари биле еднонасочни.
    Горкото изненадување лежи у тоа што све тоа ќе го скопчаш на крај, а не на почеток, па вероватно нема да може да напраиш ништо, јер веќе е касно, иако боли до коска онака .. крваво многу.
    Време проаѓа, ти се давиш у болест, меланхолија, во години кога треба со најсилен интензитет да осетиш љубов, андреналин, полет али ти наместо све тоа заедно, осеќаш стагнација пропратена себеобвинување .. каде згрешив?
    Пола ти го заебале животот, пола ти си дозаебал поштено не знаејќи за боље, и сега тоа е, нема премотуење филм назад...
    Најлесно решение ти е на пар минути да се исклучиш од свет, зачекориш у слеп ескапизам, со врзан превез и утешна мисла од типот, вау, ебате па мора да има бетер од ова и бетер од мене, не сум ваљда само јас, нели!?
    Меѓувреме дур статично стоиш со некохерентни мисли испиваш последна капка алкохол со кој знае што и си даваш црвен картон, знак дека си го хитнал рок ботомот .. знаеш пониско од ова нема.
    Од тука постојат само две опции.
    Да се воздигнеш од пепел ко Феникс или потонеш ко Џек на Титаник .. толку.
    А, утрото гледаш таму некаде се издига зад завеса, прва зора долж хоризонтот пушта крак, ја топи ноќта, прегорувајќи ја ко свеќа во уште една бессона филхармонија у која молиш да нема утре.
    Живот.
     
    Last edited: Dec 14, 2023
    FridaKahlo likes this.
  2. Sandman

    Sandman Истакнат член

    Joined:
    Feb 14, 2016
    Messages:
    175
    Likes Received:
    648
    Gender:
    Male
    Ноќта патува нежно со дождот,
    меѓу прстиве бројаници,
    прашувајќи се има ли подобро утро,
    од очиве ѕвезди на небото,
    позади облаците сокриени.
    Сакам да сум нов со нив,
    со тебе,
    во килибарната мугра,
    што младоста твоја ја скокотка и плеќиве од векот ја толчи.
    Тишината капе низ олуците,
    мамејќи тивок сон и склопување на зениците.
    Малечка во годините,
    голема во зборовите,
    посакувам да носиш нежни зборови на усните.
    Немаш ти пијани чекори,
    што ставата ти ја лажат заумно,
    да бдееш со нив во стиховите кои ги посакуваш, а ги напишал некој со седи прсти за тебе, да не те повреди,
    исконски,
    од душата негова родени,
    што конец не крпи, помалку љубов, пред полноќта, што крвта ја дели, повеќе од сѐ.
     
    Last edited: Dec 15, 2023
  3. st-el

    st-el Популарен член

    Joined:
    Apr 27, 2010
    Messages:
    816
    Likes Received:
    5,561
    Gender:
    Female
    Во раните мугри на утрото кој полека денот го носи во дланките од памук, си ја сонив тагата... Обоена во кристални солзи, бисери кои паѓаа по лицево обременето со несреќа... Се ронеа тие, формирајќи украсен венец околу мојот врат, кој се повеќе тежеше, притискаше со возбуда од нечии зборови, кои повикуваа, сурово, ладно и себично негодуваа.. Полека се прелеваа во силен плач, од кој срце не издржа, за жал....отворив очи, за да сонот јаве ми стане...
     
  4. Sandman

    Sandman Истакнат член

    Joined:
    Feb 14, 2016
    Messages:
    175
    Likes Received:
    648
    Gender:
    Male
    Ноќва сум бонсаи во нејзината градина,
    што името мое го носи,
    од љубовни водопади создадена.
    Среќата ми е наклонета поради нејзината,
    толку е вистинита,
    дур тагата е заспана.
    Очите нејзини радосни,
    се и мои,
    чудо во мислите црни,
    кои копаат во вениве,
    нова молитва,
    за поинакви дни,
    што пристигаат од западот,
    каде изгрева љубовта,
    а во неа златото во крв се бои,
    за нов сребрен оган,
    разгорен во душава,
    намигнувајќи ми скришно од космосот,
    во погледот замислен што се додворува,
    ослободува,
    и низ рајски игри собира векови,
    ко бранови врз песок што бришат брчки неискажани.
    Ми недостасува минатото, запишано овде во сегашноста,
    ко да е за некој друг од мастило натопено,
    во страста железна што ја носам во градиве,
    проколната со секој здив,
    со кој постојам, за неа, за себе.
     
    Last edited: Dec 17, 2023
    st-el likes this.
  5. st-el

    st-el Популарен член

    Joined:
    Apr 27, 2010
    Messages:
    816
    Likes Received:
    5,561
    Gender:
    Female
    Ноќва пламенот трепери,
    во јазиците на срамот
    се разгорува,
    црвенее во совеста,
    пламнува и се гаси,
    умира и повторно воскреснува,
    во преквечерито на твојата попладневна дремка,
    исткаена во еден сон,
    непознат, незнаен,
    а сепак толку нежен и мил,
    обоен во боите на виножитото,
    шарено од зборови
    лични, со убост украсени,
    туѓи во постоењето,
    а сепак познати на усниве,
    кои молат,
    проколнуваат,
    тивко изустуваат, прости....
     
    Sandman likes this.
  6. Sandman

    Sandman Истакнат член

    Joined:
    Feb 14, 2016
    Messages:
    175
    Likes Received:
    648
    Gender:
    Male
    Не буди го пламот кој не ти прилега доцна во ноќта,
    да ги разбудиш демоните во неа,
    кои одамна ги погребав во крвта.
    Убавината е света, на дофат од дланките ти е,
    не крати ги корените кои сакаат да ја допрат.
    Сон знаен и незнан ти сони со очиве,
    жигови на небото,
    со кое ги погледна ѕвездите и нивните одари згаснати во модрото заоѓање на смртта,
    што им ја одсече младоста од плеќиве,
    со кои те гордеев некогаш.
    Јас не сум тој што простува,
    ниту имаш грев пред душава од памук,
    срцето што ти го милува.
    Јас само венеам,
    кога луташ за да ме повредиш подлабоко од меч,
    кој одамна го закопав во земјата,
    за да биде плодна,
    препознаена од усните твои,
    што ја хранат љубовта во тебе.
     
    st-el likes this.
  7. st-el

    st-el Популарен член

    Joined:
    Apr 27, 2010
    Messages:
    816
    Likes Received:
    5,561
    Gender:
    Female
    Не, не душо,
    не сум идеал кој плени
    со насмевката
    на совршената љубов,
    не сум безгрешен чекор
    кој стапалки реди,
    а од нив долго трага останува
    на моето, но и твоето постоење....

    Не, не душо
    не сум поглед
    кој со невини очи погледнува,
    не сум наивно изустен збор
    кој сказна станува,
    та со милозвучен глас гали, повикува,
    бара во изгубената верба,
    се крши во сопствената желба,
    се соединува во копнежот,
    плима станува,
    и надоаѓа во силен бран,
    од молби и проколнување,
    зашто јас во твоите очи друга сум,
    ти во срцево ист си...
     
    Sandman likes this.
  8. st-el

    st-el Популарен член

    Joined:
    Apr 27, 2010
    Messages:
    816
    Likes Received:
    5,561
    Gender:
    Female
    Голтка по голтка си ја пијам сопствената тага преточена во твоите зборови.... И тешко е, мачно е, дури виното модри и црвенее од мојата празнина....се наголемува таа, расте, се престорува во чудна наказа која ме повикува да ѝ се придружам, онаму.... во темнината да потонам во сладок сон исполнет со среќа од нас двајца,никогаш да не се разбудам и останам вечен спомен....
     
    Sandman likes this.
  9. Sandman

    Sandman Истакнат член

    Joined:
    Feb 14, 2016
    Messages:
    175
    Likes Received:
    648
    Gender:
    Male
    Не мачи го телово варварски да те стишува,
    јас одамна не сум тој,
    што во образот негов сакаш ноќта да ја стемниш.
    Боли минатото во нечија крв запишана, сакаш ли да ја почувствувам истата во мојта,
    со твојот ракопис раскажана.
    Можеби несвесно зборови редиш, слогуваш казна и со една карма, сакаш душава да ја дотолчиш.
    За во едни ириси да се огледаш,
    што сон сонат и во минатото бледеат, ко усни сушни, жедни за љубов.
     
  10. st-el

    st-el Популарен член

    Joined:
    Apr 27, 2010
    Messages:
    816
    Likes Received:
    5,561
    Gender:
    Female
    Ночас ѕвезде падаче.... :music:
    Ова љубав наша је... :music: топло ми ги милува мислите песнава....беше сокриена некаде во летната ноќ, во топлината на врелиот асфалт на мојата младост...звукот од радиото привлекува, предизвикува, а зборовиве како милозвучно ѕвоно одекнуваат низ спомените...
    Твоите очи сини се огледуваат во мојот поглед кој те гледа со нежност и страст истовремено....Кадравите, руси, кратки кадрици се нишаат од тивкото ветре кое ненадејно се појавува, само толку колку за да ја разбранува привлечноста меѓу нас. Зборовите се редат во сериозни и шеговити досетки... Ко во некоја бајка да сум, така ја чувствувам хемијата меѓу нас... Убаво, имагинативно, со твоите раце околу мене и безброј бакнежи спакувани во еден букет на милувања... Опиена од твојот шарм и згодноќа, губам разум и чувство за време,додека преминуваме од една во друга просторија....постелнината ни ги прифаќа телата, повикувајќи нѐ на соединување...Понесени од виорот на страста, додека се прпелкаме во копнежите, изустувам, не можам понатаму... И иако не те познавам, сепак умееш да ми ја прочиташ душата.
    Наредните мигови се престоруваат во спокојни прегратки еден покрај друг.... И разговор со по некој бакнеж, закитен со белата шнола која ти ми ја подари и долги години ми ја красеше косата потоа....
    Посветено на еден О.....
     
    Last edited: Dec 26, 2023
    Sandman likes this.
  11. Sandman

    Sandman Истакнат член

    Joined:
    Feb 14, 2016
    Messages:
    175
    Likes Received:
    648
    Gender:
    Male
    Копај љубов,
    копај во оваа пастелна ноќ,
    толку е наша колку што е туѓа,
    извајана на твоите дланки,
    што ги бакнувам нежно,
    со мирисот на неискажаното,
    од голи стапки на снегот што ми ја донесоа зимата пред прагот од душава,
    несебично,
    за да го отворат срцето на вечноста,
    и во неа да протечеш врела,
    од извор до утока,
    од дремеж до будење,
    со една поинаква крв,
    украдена од тишината,
    што во градиве ја руши,
    темнината со плам и лелек нежен.
    Копај со прстите на векот,
    незаситно што те влече,
    и те длаби тој,
    во зборот мој,
    со олтарот нов,
    на моето и твоето лице,
    засенети со празнината на очите ти,
    родени во мојте,
    од небото изврнати,
    со сонцето исплакани.
    Копај љубов,
    не застани,
    не замолчувај пред одарот блед од посакување,
    дур ѕвездите мои,
    не згаснат со твоите.
     
    Last edited: Dec 29, 2023
    st-el likes this.
  12. st-el

    st-el Популарен член

    Joined:
    Apr 27, 2010
    Messages:
    816
    Likes Received:
    5,561
    Gender:
    Female
    Те гледам онаму, на работ од сонот кој те прикажува тебе, насмеан, со подадени раце, усни подготвени да изустат заборави ме, јас не сум оној, вистинскиот..
    Те гледам во мислата која плови во морето од мечти исткаени во шарениот килим од љубовни воздишки....
    Те чувствувам во песната на Новогодишната ноќ, среќна и опуштена поезија отпеана со чаша црвено вино...
    Те чувствувам во празнината која како плима надоаѓа и во пранги се престорува..... Окови кои ми ја земаат слободата повторно да љубам и бидам љубена..
    Зошто сарказмот и потсмевот те закитија со најгрдата титула во срцево мое... Зошто искреноста ми ја преобрази во сурова навреда упатена кон душава...
    Сега само едно знам...
    Каењето е казна со која засекогаш те обележав, вината награда спакувана во букет од спомени, а недостигот вечно мачилиште....
     
    Sandman likes this.
  13. Sandman

    Sandman Истакнат член

    Joined:
    Feb 14, 2016
    Messages:
    175
    Likes Received:
    648
    Gender:
    Male
    Понекогаш умеев да те сакам,
    да ти се поклонам пред секој збор што срцето ти го говореше,
    нема таква тајна што меѓу нас застана да не ја засакам ко гранка од маслинка,
    со сенката нејзина на душиве со жал и тага напластена.
    Еве стојам пред нас сонлив и буден, повторно вљубен во нас,
    ѕвездите сведочат, на небото, на земјата, во темјанот мирисен во здивот знаен, со кој постоевме некогаш ние.
    Ми недостасуваш во синото на езерските длабочини,
    што галебот бел ги прелетува со леснотија,
    а во крвта се к'ти ноќта врела,
    со дамар изгубен од телото наше,
    ко да е последно.
    Божиќ е,
    а толку сме далеку,
    со ириси исти и проклети,
    во него не ќе се роди ноќта иста со муграта на новиот ден,
    во кој душава од твојта се одродува,
    да остане чиста,
    со гревот од подмладување,
    после кое нема враќање,
    на нашето што некогаш беше.
     
    Last edited: Jan 7, 2024
    st-el likes this.
  14. Sandman

    Sandman Истакнат член

    Joined:
    Feb 14, 2016
    Messages:
    175
    Likes Received:
    648
    Gender:
    Male
    Те бакнувам со ноќта дождовна,
    во градиве тетовира и името твое го снежи,
    со топли зборови.
    Векувам со твојата искрена солза,
    после која очиве не знаат да заплачат.
    Нежна и си тивка,
    мечтаеш за допирот мој,
    а во сонот велиш, потрај,
    на лицето небесно ќе испишеш песна.
    Сакам да те бакнувам искрена и од извор истечена,
    за да го видам отсјајот мој од очите ти, во моите.
    Те посакувам трнлива со стапала голи, дур зимата преспива со нота нема,
    после која не си моја и не сум твој.
    Сечии сме, тука сме на прагот од едно постоење,
    после кое се капеме во грев и чест,
    за еден нож, кој сече дамар за господов ден,
    што ниту една молитва не може да го изусти и трае долго, во свеќата насушна, што во гроб вечно гори.
     
    Last edited: Jan 18, 2024
    st-el likes this.
  15. Cacii123

    Cacii123 Истакнат член

    Joined:
    Jun 13, 2019
    Messages:
    105
    Likes Received:
    113
    Gender:
    Female
    Јас тебе те зачував од себе за некои подобри наши времиња.
    Кога нема да паѓаат дождови веќе и кога нема да барам ништо повеќе.
    Кога ќе бидам твојот човек, а ти мојот маж до век.
    Јас тебе те сокрив од себе, за да те најдам кога ќе дојде време.
    Кога ќе можам да те сакам, кога ќе престанам да патам и кога ќе го тргнам од себе ова немирно време.
    Ова време на лечење и ова време на солзи течење.
    Тогаш ќе ги побарам твоите очи кои што постојано кога ќе ги видам мојот поглед веднаш се кочи.
    А тогаш мојата заробена душа немирна ќе речам дека конечно од долгогодишните решетки успеа да ѕирна, успеа да се излечи, успеа да оздрави и конечно со милна насмевка да те поздрави.
    Ќе ти вратам се што одамна ти земав и за сето она кое што со нетрпение чекав да ти го спремам.
    Тогаш ќе те наречам свој, иако веќе цел живот сум знаела дека си бил мој.
    Ќе ти ја ставам мојата глава на твоето рамо и ќе ти речам, дека отсега ќе бидам засекогаш покрај тебе и дека конечно сум се спознала самата себе, а потоа ќе сфаниш дека засекогаш ти си бил мојот еден и единствен мил.
     
  16. st-el

    st-el Популарен член

    Joined:
    Apr 27, 2010
    Messages:
    816
    Likes Received:
    5,561
    Gender:
    Female
    Се губиш во далечините на сонот,
    ко силуета
    што полека исчезнува во
    непознатите хоризонти
    на времето,
    се преточуваш во копнеж
    кој снага добива,
    во љубов се престорува,
    со нежност повикува....
    Бледеат отпечатоците на зборовите запишани во срцево,
    трага оставаат на душава,
    која се бори, војува
    со твоето присуство,
    кое и кога не е овде,
    сепак е тука,
    во една тага,
    носталгија за среќа...
     
  17. st-el

    st-el Популарен член

    Joined:
    Apr 27, 2010
    Messages:
    816
    Likes Received:
    5,561
    Gender:
    Female
    Немирот се пресликува
    во грижа,
    ко рамка од слика стои некаде
    на полицата од стариот камин,
    искривена,
    изобличена,
    се смее со цинична насмевка,
    од кои празнина потекува,
    се разлева таа,
    мастило постанува,
    душата ми ја потопува,
    модрее таа,
    та во црнило се престорува,
    и во преграб ме зема,
    се раскрилува во прегратка,
    обзема во монотонија,
    едноличност која крај нема,
    па во бесконечноста ме бара,
    да ми биде господарка,
    кралица, царица,
    безгласно да ѝ се покорам,
    молкум да зборам,
    да прозборам,
    а никој да не чуе,
    никој да не види,
    и сокриена, заборавена,
    иднината трагот да ми го избрише,
    со волјата на сегашноста,
    тешкотијата на минатото...
     
    Last edited: Feb 7, 2024
  18. st-el

    st-el Популарен член

    Joined:
    Apr 27, 2010
    Messages:
    816
    Likes Received:
    5,561
    Gender:
    Female
    Сакам да исчезнам, да се сторам ништожност и така да ме одвее универзумот низ непознати светови, да ме земе темнината во прегратка и таму да ми шепоти тишината во љубовен занес...
    Јас да се смеам, а таа да ми пее со радост во очите, да ме опсипува со бакнежи од кои
    душата се буди и расцутува, а срцето не може да одолее на нејзината насмевка... Да ме поведе за рака во венчаница, ко невеста млада ветена во живот без болка, страдање, да влезам... Да ме покрие времето и збрише, избрише, поништи од едно постоење, да ме погреба тоа и пак да се родам во свет без емоции...
     
  19. Sandman

    Sandman Истакнат член

    Joined:
    Feb 14, 2016
    Messages:
    175
    Likes Received:
    648
    Gender:
    Male
    Збогум

    Секој со своето нека продолжи напред.
    Тоа не значи прогрес, но во чекорот кој го кали неговиот калап, има своја иднина и запишано време.
    Збогувањето е само збор кој опишува разделба и нови средби, кои ни се случуваат со добра причина, да ни го покажат новиот пат.
    Јас одамна не негувам мечта, ниту надеж за ова постоење, меѓу луѓе, стојам сам како од моето раѓање, така и со години навезени во браздите на мојата кожа кои ме обликуваат во тоа што сум денес.
    Велам ќе продолжам, но во срцево сум носталгичен за сето изврнато невреме, кое ми донесе и среќа и тага, жал и свежина во новото утро.
    Да се поздравиме, некому важно, некому помалку, ко што му доликува на човек, железно и нежно, искалено во ноќта, да не повреди никого.
    Нека биде ден, после кој ќе се роди воспев, за сето искажано и неискажано, со кое светлината ќе биде посветла.
    Збогување, ништо ново,
    на оваа почва, што се нарекува земја.
    До некои нови емоции, на некое ново место во космосот.
    Збогум,
    нека бог биде сведок меѓу редовите запишани.
    Нова ѕвезда на небото паѓа,
    во пресрет, има нова вистина, налик на старинска приказна.
     
    st-el likes this.
  20. st-el

    st-el Популарен член

    Joined:
    Apr 27, 2010
    Messages:
    816
    Likes Received:
    5,561
    Gender:
    Female
    Олеснување
    Тешко бреме на плеќиве носев,
    натежнуваше тоа,
    од неговиот товар и душава знаеше да чемрее
    во грижа на совест,
    која грицкаше, постепено нагризуваше,
    срцето полека се ронеше,
    едно големо ништо стануваше....
    Но, сега, конечно,
    олеснувањето како награда пристигна од едни прсти напишано,
    во доцната февруарска ноќ,
    кога сказалките на стариот ѕиден часовник, се поклопија во љубовен занес,
    кога гранките на старото дрво се кршеа од жестината на ветерот,
    едни усни изустија збогум...
    Сега подготвена сум,
    со смели чекори кон
    една нова приказна што во својот зародиш емоции крие исти како твоите...
    Се насмевнува таа и намигнува,
    млада во своето постоење,
    а сепак стара исконска,
    во обликувањето на чувствата...
    Благодарам, велам,
    и тебе и нејзе,
    за споделените мигови,
    среќни и несреќни,
    шеговити и сериозни,
    овековечена со едно збогум,
    кое се надевам последно е....
     
    Sandman likes this.