Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ваши дела – поезија или проза

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од Shelea, 7 декември 2009.

  1. st-el

    st-el Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2010
    Пораки:
    697
    Допаѓања:
    4.784
    Пол:
    Женски
    Слободна како птица,
    полетувам,
    без ограничувања,
    без стеги од мачнина и јад
    кои плодови од плач раѓаат,
    без пранги украсени со тага,
    оковани во солзи
    железни, тешки...

    Слободна ко птица,
    вивнувам во небесната шир,
    таму светло и топло е,
    обоена во синило,
    мојата душа,
    се раскрилува таа
    во леснотија и безгрижност,
    со искрена детска невиност,
    и чиста мисла,
    закитена со убав збор, лечебен,
    слово што простува,
    ослободена од зачетокот на новото што во зародиш крие
    шарм и заводливост,
    кокетност и флерт,
    изобличени лажни насмевки,
    досетливи шеги,
    велам, конечно,
    спокојот и мирот господарат
    со срцево...
     
    На Sandman му/ѝ се допаѓа ова.
  2. st-el

    st-el Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2010
    Пораки:
    697
    Допаѓања:
    4.784
    Пол:
    Женски
    Кога сонот неуморно ме прогонуваше и лудо ме посакуваше, во тивкиот спокој на ноќта, црно обоена од талкањето на моево постоење, сонив нечија прегратка....Толку многу твоја, а сепак незнајна, непозната... малку иритирачка, а сепак многу, многу топла, спокојна... Ме бркаше таа, а совеста секогаш попушташе кога ќе почувствував обрач од раце околу мене... Навидум вознемирувачка, во суштина лечебна... Наизглед нежна, а во срцето снажна, стаменита... Се бркавме јас и таа низ виорот од чувства, низ лавиринтот од одобрување и негирање, се додека првите утрински зраци ми го заскокоткаа лицево.... Ги отворив очите од допирите, милувањата пробудени, разбудени од денот што полека се раѓаше и си посакав една желба...
     
    На Sandman и BubbleBum94 им се допаѓа ова.
  3. valkyri

    valkyri Активен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2024
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    46
    Пол:
    Женски
    И додека светот спие во неговите очи,
    нечии други копнеат да го видат,
    нејзини босоноги чекори во полето без маргини,
    негови оросени стапала врз влажната трева,
    и една река, без мост,без пат и патоказ,
    само длабочина, подлабока од сета тага на светот,
    создадена од Господ или од Ѓаволот,
    за грешник или за праведник,
    за благослов или проклетство,
    проштевање или казнување,
    жед за крв или страст можеби...
    Негови мокри стапала потопени во бесконечноста на еден миг..
    нејзини црвени нокти и фустан над коленици,
    потонати заедно во сите дождови пролетни,
    собрани во еден бакнеж,
    тој еден,
    единствен,
    без почеток, без крај,
    без разум, без суета, без его, без предрасуди, без осуди..
    еден,
    магичен,
    обвиен во јато пеперутки,
    и бели цветови,
    еден,
    од кој срцето воскреснува и после илјада умирања,
    тој еден
    вековен,
    бесмртен.
     
    На st-el, BubbleBum94, SV1911 и 2 други им се допаѓа ова.
  4. st-el

    st-el Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2010
    Пораки:
    697
    Допаѓања:
    4.784
    Пол:
    Женски
    Оди си,
    оди си од мисливе,
    тивко отпатувај со спомените,
    бесшумно одлетај
    на крилјата од минатото,
    нечујно изгуби се
    низ шумолењата
    на празните зборови....

    Оди си,
    оди си и ослободи ме,
    од страдните ноќи,
    од несоните утра,
    од сончевите изгрејсонца,
    кои во утробата солзи кријат,
    и паѓаат ли паѓаат,
    та невреме настанува,
    бура беснее,
    свирепо уништува
    црвен трендафил во цут,
    та од него ништо не останува,
    само трња што боцкаат,
    и со крв натопуваат
    чувства што никогаш
    нема да избледат....
     
    На BubbleBum94, SV1911, Sandman и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Sandman

    Sandman Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2016
    Пораки:
    144
    Допаѓања:
    507
    Пол:
    Машки
    Би сакал да живеам без збогувања и проштевања,
    така лесно, ко пролетен поветерец, априлски, нов, од ѕвездите обсјаен,
    милувајќи туѓи лица и свои лисја,
    од исти корени разеленети.
    Некако душава ми е самотна и гледа љубов нема, во сѐ, што очиве ќе дофатат со нежни прсти, дур крвта го бои небото со насмевката на црвената месечина.
    Одамна залутав во некои сини води, после кои нема враќање,
    само ноќта кога го пресекува денот со меч, ме воздигнува од мртвите, ко дете на лулашка што достигнува височина.
    Не сум суров, кога велам дека понекогаш ниту солзите не ме разбираат, мачен во своето постоење, а толку убавина не светов, малечка, но бескрајна во искреноста.
    Би сакал повторно да се родам и се пронајдам во истиве очи, но во друго време, кога сѐ ќе потсетува на љубов, без моќ и желба за одмазда, без нож.
    Така срцево ми е скроено и покорено, моја најголема жед, сега, во нечии ириси насликана,
    наопаку.
     
    На st-el, BubbleBum94, Karinas и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Sandman

    Sandman Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2016
    Пораки:
    144
    Допаѓања:
    507
    Пол:
    Машки
    Ноќва сум земјен,
    расприкажан ко гранка изртена,
    насмеана од корен жеден,
    како никогаш досега нежен,
    лицево ми го допира мек ветер пролетен, мириса на вљубеност,
    чинам бакнеж од свила е,
    кревок,
    а толку истраен и искрен.
    Прва молитва пее телово,
    кобна,
    во зачетокот,
    а колку е сѐ убаво и волшебно,
    малку среќа и во крвта,
    заигрува детски,
    ко да не е моја,
    истекува со дождот од залутани облаци,
    над градов збрчкан,
    во коси испреплетени,
    нечии,
    што име незнајно имаат,
    а толку милуваат,
    ко да се последни.
    И со едно посакување, велам тоа е тој живот вишен,
    кој задира во порите на ова постоење,
    после кое нема сенка,
    сокриена во новото сонце,
    за едни нови очи,
    зрели од подмладување.
     
    Последна измена: 11 април 2024
    На st-el и Elenpelen им се допаѓа ова.
  7. Sandman

    Sandman Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2016
    Пораки:
    144
    Допаѓања:
    507
    Пол:
    Машки
    Животот е безвреден

    Во темницата на времето,
    се сокрива една тајна,
    дека животот е привиден,
    како сон што исчезнува со новата мугра, бела ко тен на лицето што сонува.

    Преку полиња на магли и реки жуборливи,
    шепоти ветрот тајни ненапишани,
    со сите мисли и мечти,
    што се губат во непостојното,
    во бесмисленото.

    Сè што видоа очите,
    сè што чувствува срцето,
    тоа е само мрак и самрак,
    во бездната на бескрајот,
    кој се губи во тивкото капење на дождот, кој наговестува ново раѓање.

    Безвреден е овој свет,
    што се гради и распаѓа,
    што заминува и поминува,
    и сè што живее во него,
    повторно умира.

    Но, во оваа темнина,
    кој го дели истокот и западот,
    изгревот и крвта во потопот,
    и сенката ја гасне во свеќата последна,
    има една светлина,
    една надеж искрена за нешто исконско,
    што дава смисла на сè,
    после која сеуште сум жив,
    со збор запишан,
    од душата гладна,
    непремолчен.

    Животот е безвреден,
    ако нема утре,
    после кое не останува,
    барем едно сеќавање,
    на тоа што некогаш беше.
     
    Последна измена: 26 април 2024
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Sandman

    Sandman Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2016
    Пораки:
    144
    Допаѓања:
    507
    Пол:
    Машки
    Кога недостасуваш

    Под луната сјајна,
    тишината звучи раскошно,
    со звездите од водни свеќи,
    името ти го испишувам на небото,
    во ноќта априлска,
    а во неа те посакам со сонети,
    од зборови што одамна се сонуваат.

    Во мислите ми те викам,
    ко река што тече кон морето заборавено,
    посакувајќи те со магијата од воздишки,
    што лутаат во градиве,
    за твојот допир.

    Под небото мрежно,
    те чекам,
    со срце набрекнато,
    што тивко шепоти за тебе,
    од каменот студен до твојта топла крв.

    Ноќва и да е последна,
    ќе те посакам со целово тело од капка што се раѓа во дождот ненаситен,
    со чувствата што горат ко пламен во мракот,
    испишувајќи го твојот лик,
    од очите ти од мракот потемни,
    што ја воспеваат душава моја,
    со нејзиниот последен крик.

    Со секој миг што го чувам во срцево,
    со секој замислен твој допир,
    не престануваш,
    те посакувам и тагувам,
    чекајќи те,
    дур мојот свет не стане твој и тишината не проговори гласно.

    Питом сум во своето постоење и воздивнувам само една желба,
    таа една за тебе,
    од лицево што во брчкиве е запишана,
    брчки во лов,
    желни од подмладување,
    натопена со твојта жед.
     
    Последна измена: 27 април 2024
    На st-el и Elenpelen им се допаѓа ова.
  9. Sandman

    Sandman Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2016
    Пораки:
    144
    Допаѓања:
    507
    Пол:
    Машки
    И сега фалиш повеќе,
    понекогаш помалку,
    но полноќта не дели подеднакво,
    како што ти сакаш,
    кога зборот твој го нема,
    во ноќва велигденска,
    кога животот воскреснува,
    а ти си ми толку потребна,
    твојта крв за мене е божество и кога изгрева и кога заоѓа,
    ми дава нова сила,
    за чекор поголем од илјада скали,
    што ме водат до твоето светилиште.

    Нашава приказна е поинаква,
    дур нижам стих,
    ти стоиш насмена и тивка,
    разбирајќи ме ко ветвото истрајно,
    во новото руво,
    што ти прилега ко брош старомоден,
    на градите ти испишан,
    од ѕвездите запишан,
    со прстиве нежни.

    Еве дланкиве бисерни,
    ги пружам кон тебе,
    па нека се и последни,
    имај ги во пазувите скришно,
    да ти ја земат душата кога срцето ќе ти посака,
    во мајските дождови што се враќаат,
    да загинат вечно во пролетта што одамна се роди.

    Темно е ноќва,
    некој поветерец ми го румени лицево,
    да го испамети виното црвено во очиве модри,
    да не заборават да те сонат,
    иако веќе во нив,
    ти одамна се вгнезди,
    дур векот ги збира,
    годините немирни,
    за повторно од крстот вечен,
    твојот бакнеж врел,
    на усниве ко леб насушен ми се носи.
     
    Последна измена: 5 мај 2024
    На st-el и Sophitas им се допаѓа ова.
  10. Sandman

    Sandman Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2016
    Пораки:
    144
    Допаѓања:
    507
    Пол:
    Машки
    Повторно ти и твоите игри враголасти,
    ми ја смееш крвта со нив,
    да речам не,
    а од бога си ми дарена,
    веќе не знам што е вистина,
    јас со тебе или ти со мене,
    во беседата доцна,
    се прегрнуваме ние,
    ко одамна да не сме се допреле.

    Шепоти ноќва,
    со по некоја капка од небото дарежливо,
    обезглавена,
    во неа,
    само те чувствувам,
    дишам повторно,
    со секоја пора врз кожава моја,
    што ја носам со години,
    за сега да ја оживееш со твојата мисла,
    знајна и понекогаш заборавена,
    можеби и сосем случајна.

    Прагот твој, за мене е весел,
    со чекорот твој, до мојот,
    ме следиш ко да е последен,
    ако има утре,
    во муграта негова,
    ќе бидам најсреќен,
    иако ѕвездите,
    ја запишуваат нашата тајна,
    длабоко во ноќта трошна,
    со која вљубените ги хранат душите,
    за да се родат повторно нови,
    за еден сон,
    и во него едно вечно постоење.
     
    Последна измена: 9 мај 2024
    На st-el и mira.mira им се допаѓа ова.
  11. Sandman

    Sandman Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2016
    Пораки:
    144
    Допаѓања:
    507
    Пол:
    Машки
    Прва и последна

    Кога тишината заспива,
    го слушам твојот глас,
    нежен и кревок,
    ко првиот крик на муграта,
    радосен и наросен од мајските брчки,
    а во душава темна,
    кандило е твојта насмевка,
    чиј пламен виори над споменици незнајни,
    во мене потајни,
    одамна заборавени.

    Во темнава ноќ,
    млада и сонлива,
    тишината тивко заспива,
    ѕвездите намигнуваат и го пеат името твое на небото,
    допирајќи го срцево со мудрост и шарм,
    кој во крвта го носиш,
    толку позната,
    колку што си убава,
    од реброво машко,
    скината,
    да бидеш прва и последна,
    да се сториш и пролет и есен.

    По патеките на соништата и мечтите,
    носам куфери стари,
    со уморни дланки,
    стоејќи на пероните од бол и тага,
    дур месечевата светлина заносно заигрува,
    кога душите си ги отвораат крилата,
    и само тогаш,
    сакам уште еднаш да те допрам со прстиве стаклени,
    да негувам врз твојта кожа, расцутена од божури сјајни,
    потајни и незаборавени.

    И во тој свет,
    создаден од нас,
    од мене за твојта длабочина вековна,
    од тебе за мојта рана,
    каде времето заспива,
    спомените нека се ткаат во мека мрежа и невина од вина,
    со преврски од соништа и надеж,
    каде љубовта е вечно светла и жива,
    ко жуборлива река,
    со која,
    жедот го гасат,
    ангелите на вечноста.

    Така едноставно,
    во молкот на маглата од бескрајната ноќ создадена,
    тишината тивко заспива со песна лесна и певлива,
    а моето сѐ што ликува и недоликува,
    нека е дар за тебе,
    исполнет со мир и хармонија,
    во својата вечна рута,
    нека тивко плута,
    немирна и дива,
    од очиве мои до твојте гради,
    со кои ја надои нашата прва и последна рожба.
     
    Последна измена: 13 мај 2024
    На st-el и BubbleBum94 им се допаѓа ова.
  12. DragonflyKami

    DragonflyKami Активен член

    Се зачлени на:
    26 април 2024
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    38
    Пол:
    Женски
    Бура од спомени
    како патување меѓу сини чаршафи,
    бродови на духови се превртуваат во амнезија,
    санта мраз фрла замрзнати камења по градите,
    приказни кои требаше да се заборават,
    но историјата се повторува.
    И приказната се враќа,
    напредува како недопрена
    магла,
    и повторно бегам во сеќавањето,
    се изгледа исто
    нуклеарни облаци на моите усни,
    се трудам да ги задржам
    а ме уништуваат,
    поезија на затворени очни капаци
    како улични немири на жежок асфалт,
    зрачат од мене,
    ги враќам
    ме трујат.
    И повторно се појавуваш,
    те потиснувам,
    само еден правилен и сигурен рез,
    и еве те пак
    ледениот брег што ме дави
    и распарчува на очекувани парчиња,
    толку познато.
     
    На Sandman му/ѝ се допаѓа ова.
  13. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    5.936
    Допаѓања:
    15.914
    Пол:
    Женски
    Мал обид.
    Чисто искажување на моите емоции.
    IMG_20240516_005159.jpg
     
    На Sandman му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Sandman

    Sandman Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2016
    Пораки:
    144
    Допаѓања:
    507
    Пол:
    Машки
    На работ од времето останаа денови,
    изгубени во сенките на сонот,
    со ѕвездите за сведоци,
    во темнината што трагаат за својот вистински пат.

    Сред полето на тагата,
    ги допирам житата со врвот од прстиве,
    сам и нежен во силуети од солзи во мракот и заборавени зборови во ноќта,
    оставајќи ме долго таков,
    во океанот на молкот,
    волк со дланка на срцето,
    барајќи ја жедта во една нова зора.

    Остана и маглата во спомените,
    допирајќи ја душава со скриени желби во ветрот,
    кои чекаат некаде да се совпаднат повторно,
    со тебе или некому налик на тебе.

    О, време неуморно,
    што животот го замираш и пустошиш во мене,
    останав сам со тебе,
    претворен во вечност и очи со огледала во минатото,
    носејќи ја иднината на плеќиве.

    Покрај тебе ми остана и само вербата во себе,
    ранет во мечтите,
    тие далечни граници покриени со љубов,
    со еден оган од страст и водена бура,
    неуморно што течат во срцево надежно,
    дека на крајот на тој пат,
    ќе биде повторно пронајдено,
    како дар од вениве истечен,
    можеби во еден живот,
    живот незнаен,
    но нечија радост,
    нека е и трошна.
     
    Последна измена: 18 мај 2024
    На st-el му/ѝ се допаѓа ова.
  15. DragonflyKami

    DragonflyKami Активен член

    Се зачлени на:
    26 април 2024
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    38
    Пол:
    Женски
    Те гледам,
    во себе,
    гледам
    во тебе,
    работ на небото, и зора
    што гори зад него.
    Ти си изгрејсонце, и огнено зајдисонце,
    ти си голтка вода
    во пладневна горештина,
    ти си врел блесок на уморна молња,
    и лесен воздух низ липов сокак.
     
    На Sandman му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Peppermint28

    Peppermint28 Нов член

    Се зачлени на:
    20 мај 2024
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Женски
    Отуѓеност,чувството кое ми го будиш.Во сиот мрак и безнадежност,ти беше покрај мене,но тоа сега е минато,само неколку спомени кои се веќе исчезнати во далечината.Но што е всушност далечина?Европа од Австралија,два далечни брегови одвоени од океанот?А можеби одговорот е толку едноставен,за мене далечина претставува твојот допир,мирисот на твојата коса,копнежот кој го чувствувам секоја ноќ и не ми дава да заспијам.Отуѓена од твоите маслинести очи,од твојата насмевка чиј звук го барам по градскиот булевар,по кафулињата каде одевме.Душата ми е исполнета со празнина,толку длабока ко бездна и со отуѓеност,која ме одвои од сопствениот дом.
     
    На Eunoia му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Sandman

    Sandman Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2016
    Пораки:
    144
    Допаѓања:
    507
    Пол:
    Машки
    Не барај ме повеќе,
    во ноќва дождлива,
    ниту во следната,
    ниту во стеблата разеленети во утрото од неа,
    што ја красат муграта бледа и пркосна,
    ко да е од дланките твои извајана.

    Кога очите ќе ти прогледаат поспани,
    во градиве машки не барај засолниште,
    не ќе го најдеш повторно,
    тој часовник и сказалките твои,
    во нив застанаа немо,
    од тебе,
    овде и сега,
    пред сонот,
    допрен од волјата божја,
    покрај мојта,
    ко понизен слуга,
    што моли за нов дар,
    живот,
    кој одамна го немам.

    Не колни ја тишината која ти ја оставам,
    во неа ќе бидеш повторно осамена и своја,
    со твоето лажно посакување,
    кое ги напиша овие зборови,
    зборови последни,
    од твојта коса исткаени.
     
  18. Sandman

    Sandman Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2016
    Пораки:
    144
    Допаѓања:
    507
    Пол:
    Машки
    Последното затишје пред зората,
    умот ќе го роди,
    во мене ти и самракот пеат песна,
    што срцето во камен ќе го стори.

    Некогаш беше лечебна и жива,
    а сега далга во далечината што се одродува,
    со мене во тебе,
    а јас со нас во мене.

    Чувствувам жал во градиве,
    кој го разбираш и венее во твојот молк,
    со кој ги минуваш дните,
    ко да се вечни,
    со насмевка оплакувајќи го нашето минато што некогаш беше.

    Тука е тој наш оган,
    под оваа наша кожа,
    што уште стои,
    што ја разгорува муграта,
    која мора да постои и кога свеќите ќе ја стишат молитвата,
    од бога замолена,
    во која ти се предавам ноќва,
    уште еднаш како некогаш,
    обременувајќи ја пролетта задоцента,
    во која беше вљубена,
    без пепел на усните,
    со кои ме бакнуваше,
    без допирот твој,
    со кој ме посакуваше,
    моја и сечија,
    ко да е последна.
     
    На st-el му/ѝ се допаѓа ова.
  19. st-el

    st-el Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2010
    Пораки:
    697
    Допаѓања:
    4.784
    Пол:
    Женски
    Тука си,
    во мртвата тишина
    сокриена во тежината на погледов
    кој бара
    повторно и неуморно,
    еден зрак на надеж,
    еден допир на зборови,
    една топлина на емоцијата....

    Тука си,
    од аголот на душава,
    погледнуваш,
    со очи уморни, тажни,
    со несреќа што зборуваат,
    со чемер што проколнуваат,
    со огорченост повикуваат
    на заборав,
    на исчезнување и погубување,
    на моево и твоево, заедничко,
    што како исконска сила опстојува,
    во вечноста што се пресликува
    во нашиве души...
     
    На Sandman и SummerGirl им се допаѓа ова.
  20. Sandman

    Sandman Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2016
    Пораки:
    144
    Допаѓања:
    507
    Пол:
    Машки
    Во тивката ноќ што бездната на постоењето ја воздивнува таа една последна,
    со деновите шумни,
    разгалени од сонцето јулско,
    разгорени од него и вреват во гласот мој и шепотот кој го чуваат срцево грижно,
    со звездите и темните води, потемни,
    од поемата моја која вечно ќе биде тука,
    запишана и тешка,
    милна и лечебна,
    но и смртна во зародишот на овенативе прсти.

    Со мислите што ноќва пловат,
    во молитви што до небото стигнуваат,
    се заплеткува мојата душа,
    во мрежа од песни што немат граници ниту крај во последниот слог,
    со бодеж од рог,
    во крвта нежна,
    ко да е прва и нема,
    од последното истекување.

    Ова е мојата последна поема,
    во тишина напишана и во вечниот стремеж за поинаква мугра,
    од денот и ноќта натопена,
    за секое слово што ко икона блеска,
    со сиот тој мек допир и длабок воздив,
    во иднината запишана.

    И кога времето ке помине и кога сè ќе замине,
    сеќавањето на ова чувство што гори,
    сега и овде,
    во таа една поема,
    тука во еден поинаков свет,
    згаснат од минатото,
    кое премногу боли,
    ќе избледи таа,
    на моето лице,
    со едни дамнешни брчки.
     
    Последна измена: 25 јули 2024
    На st-el, Milobebence, inchixx и 1 друга личност им се допаѓа ова.