Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ваши дела – поезија или проза

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од Shelea, 7 декември 2009.

  1. Sandman

    Sandman Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2016
    Пораки:
    144
    Допаѓања:
    507
    Пол:
    Машки
    Нека биде ден,
    кога ќе ја земеш душава,
    ти што ја даваш светлината на светов и ова згаснато парче од крв и коски,
    што срце има,
    со кое постоев некако пред раѓањето на зората и после неа ништовен,
    после полноќта,
    до сржта распорен.
    Нека биде ден,
    затоа што ноќта сенка им беше,
    на крвта и коскиве,
    кои течеа и се кршеа во дамариве,
    на ова парче земја со илјадници изгреви.
    Нека бидат допири од ветрот нежни, што очиве од гроб го светат небото сонливо,
    ко да е последно,
    во црната земја оплодено.
    Нека биде ноќ, тивка,
    со полна луна,
    затоа што без неа, не умеев да бидам сит поинаку.
    Нека биде сплотување, на тоа што создава и згаснува,
    во вечното и напишаното,
    што нема име,
    ниту религија,
    ниту тага, ниту среќа,
    во една небиднина за сето одродено и родено,
    што живот се нарекува,
    кој го носам ко товар на плеќиве,
    уште еднаш, но никогаш последен.
     
    Последна измена: 2 август 2024
    На dead.flower23 и mira.mira им се допаѓа ова.
  2. Sandman

    Sandman Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2016
    Пораки:
    144
    Допаѓања:
    507
    Пол:
    Машки
    Кога ќе не нема,
    ќе се избрише ова време,
    во кое зборувавме и чувствувавме,
    нели знаевме и да се посакуваме.
    Нашите зборови, емоции и крвта што ни рече скришно во телава,
    како прашина во ветрот,
    ќе се изгубат во просторот што никој не го познава.

    Ќе останат само сенки од нашата смеа,
    нели знаевме и да се насмееме,
    а тогаш во тишината ќе танцуваат само спомени на звуци,
    од нашите усни,
    модри од зреење.

    Ќе се наполни светот и после нас,
    со нови и други,
    нечии,
    подмладени,
    но ќе бидат само сенки на она што било живо во нас и ќе се пресликува повторно во ноќта и денот,
    кои ги трошевме ко да се последни.

    Твоите очи, кои го црвенеа мракот во срцево,
    ќе бидат само ѕвезди во далечните небеса,
    за кои не сме ни свесни, сега,
    дур те милувам поетично, со ѓердан од стихови.

    Ќе изгледаат тие,
    како сон во времето што изминало,
    со секоја светлина,
    што згаснува врз нашиот отпечаток,
    на две дланки споени.

    Нема да остане ништо освен некои ветрови диви и оваа една песна што ја пишувам, сега,
    песна што ќе ја носат нашата љубов на крилјата од спомените.

    Кога ќе не нема,
    ќе исчезнат сите овие зборови,
    од душава навезени,
    за твојта,
    ко дар невенчан,
    во заборав,
    но во срцата на оние што остануваат после нас,
    ќе живее нашата приказна,
    со крикот на новороденото.
     
    Последна измена: 14 август 2024
    На st-el, BubbleBum94 и Milobebence им се допаѓа ова.
  3. Sandman

    Sandman Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2016
    Пораки:
    144
    Допаѓања:
    507
    Пол:
    Машки
    Црна болка

    Во ноќта,
    мракот црнееше длабок,
    а тишината крикот на душата го криеше.
    Срцето болно од дожд летен,
    темната болка во сенка ја одразуваше,
    со секоја капка,
    запишана на дланките.

    Кога сонцето згаснува,
    а светлината заминува,
    душата се распаѓа,
    внатрешниот свет во неа се распаѓа,
    со секој збор тивок,
    ко далечниот шум на ветрот,
    што лицето го гребе,
    врз каракаменот побратимен,
    со брчките посестринет.

    Во страдањето се губи часот,
    денот и ноќта,
    во него изгледа сѐ толку празно и толку насобрано.

    Тежината на страдањето се носи во секој миг,
    а со секој чекор црн,
    се ништи и раѓа повторно,
    во неговиот мрак.

    Но иако црната болка ја обвива душата,
    таа носи сила исконска од желба и во темнината сокрива една надеж,
    надеж за нова светлина,
    за утрешен ден,
    што ќе донесе мир и ќе ги скрши сите ланци на тоа страдање.

    И во најцрниот мрак,
    болката,
    иако тешка и многу јасна,
    секогаш носи сјај на една поубава мугра.
     
    Последна измена: 30 август 2024
  4. Sandman

    Sandman Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2016
    Пораки:
    144
    Допаѓања:
    507
    Пол:
    Машки
    Каде сме љубов?

    Во вечерта без крај,
    кога звездите се бледи и налегнати врз одари сиви,
    дур сивата магла од нив,
    нежно се спушта,
    низ мисливе плута,
    таа една слика,
    во пастелни бои,
    каде сме љубов,
    каде се изгубивме?

    Во изгубените денови,
    покриени со сребро,
    што некогаш во срцата ни,
    со жубор од радост,
    се слеваа.
    Сега таму е само тишина и едно ехо на патот,
    преку кој двајцата газиме,
    како да ни недостасува нешто толку малку,
    кое не умееме да го пронајдеме, повторно.

    Во мракот на спомените,
    со светлата што го гаснат уморот во вените,
    јас одново ја барам твоја сенка,
    твој глас,
    секој допир,
    што се топат во бескрај,
    од восочни букви,
    каде сме љубов,
    каде сме се изгубиле?

    Со секој нов ден,
    алчен за нас,
    можеби на некој свиок во него,
    повторно ќе се најдеме.
    Но до тогаш,
    во спомените и соништата,
    те прашувам,
    каде сме љубов,
    каде сме?

    Можеби ќе се најдеме во некој друг живот,
    во насмевката на некое ново утро,
    во зеницата на светлината,
    но дур се вратиш со мене во неа,
    ќе го носам твојот спомен,
    на реверот,
    со секој чекор во тишината,
    што го изустува твоето име срамежливо,
    ќе ја носи таа вечна рана,
    што не знае лузна да стане,
    со прашањето што не преболува,
    каде сме љубов?
     
    На BubbleBum94 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Sandman

    Sandman Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2016
    Пораки:
    144
    Допаѓања:
    507
    Пол:
    Машки
    И веќе ништо не ми е важно ел,
    моите очи се и твои,
    ги имаш иако се сомневаш,
    понекогаш,
    но кога во мене толку жал ќе бликне,
    ко жедна река,
    ти си тука да ја успокоиш,
    со сета таа тага недоносена,
    што телово ја сони,
    јалова,
    ѕвезди што носи.

    И не ми е важно дал ќе изгрее мугра во неа,
    со очиве сонливи или во надеж дека ќе се родиш друга,
    со крвта истечена за некоја нова љубов,
    налик на твојта насмевка.

    Но ти знаеш и стоиш насмеана пред мене,
    ко да си била секогаш прва,
    со копнеж од вила во самовила,
    на срцево машко,
    и во него,
    јас далечен,
    а ти,
    најблиска,
    една жена последна,
    со амин крштевана.

    И не ми е важно колку ќе трае,
    земи ме во тебе уште илјада пати,
    и врати ме во себе,
    во тебе,
    дур не заболи.
     
    Последна измена: 20 септември 2024
    На st-el и Milaaaaaaaaaa им се допаѓа ова.
  6. Sandman

    Sandman Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2016
    Пораки:
    144
    Допаѓања:
    507
    Пол:
    Машки
    Една ѕвезда

    Во темнината на небото,
    блеска една ѕвезда,
    тивко сее модра убавина,
    со светлина што срцето го смее,
    во бремена далечина,
    врз душата од која тага навира,
    а во неа поделени две зеници,
    две очи и бои,
    нечии.

    Над мирната површина на водата,
    што бранува копнеж пред стапала боси,
    нејзината рефлексија се тресе и замира со мудрост и болка во крвта,
    крвта нечија,
    ко мечти што бегаат од злото,
    за во ноќта,
    надежта повторно да се роди,
    под месечината да се весели.

    Таа една ѕвезда,
    сведок на времето,
    ги носи приказните од минатото и со секоја светлинка,
    капе спомен за спомен,
    навезен од едни очи,
    со искри на љубовта,
    за еден живот во бисерно руво,
    за кое копнее едно тело и една сенка,
    нечии.

    Нека со неа и ноќта есенска,
    дојдат мирот и спокојот,
    и од неа се родат нови ѕвезди во жедни погледи и шепоти во ноќта,
    со една тишина,
    во која ќе сподели,
    еден сон,
    сонуван и неодсонуван,
    прероден,
    во кој срцето повторно ќе зрачи,
    како некогаш,
    подмладено со брчки,
    украдени од иднината.
     
    Последна измена: 5 октомври 2024
    На st-el му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Sandman

    Sandman Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2016
    Пораки:
    144
    Допаѓања:
    507
    Пол:
    Машки
    Сам се раѓаш,
    сосема сам и умираш,
    самиот првата болка ја осознаваш,
    како и првата насмевка,
    како и последната.

    Сам создаваш и пролетуваш,
    бакнуваш и обожуваш,
    со сета самотија повторно се вљубуваш,
    имајќи две есени на дланките,
    кои му се восхитуваат на едно сонце,
    а во дождот повторно,
    со восхит од солзи,
    златно жолто сам заоѓаш.

    И дека сам пишуваш,
    стои,
    трепери нежно,
    допира и не,
    една душа,
    во сонот својата,
    ко да е севишна,
    некому на дланките,
    избројана.

    Сам и со надеж,
    векот те дарува,
    со искривена потребштина,
    толку далечна и блиска,
    во крвта истетовирана,
    со мастилото на срцето,
    вечно запишана.

    И небото е само без ѕвезди кога денува,
    а толку очи му се восхитуваат кога ќе го погледнат,
    дури и кога е најтемно,
    потемно од товарот на своето постоење,
    со тишината навезено.

    Сам стоиш пред цела вселена,
    нека ја земе и проголта сета самотија,
    која ја негуваш во себе,
    нека нема име,
    нека нема и презиме,
    кое со муграта избледува,
    во мене до бледеење.
     
    Последна измена: 12 октомври 2024
  8. st-el

    st-el Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2010
    Пораки:
    697
    Допаѓања:
    4.784
    Пол:
    Женски
    Спокоен октомвриски ден и една голема желба, која стрпливо чекаше на прагот од животот....
    Сончевина, разбранувана од молба претворена во тивок шепот која безгласно збореше и посакуваше желбата што побрзо да се претвори во бебешки плач...
    Безбројте есенски лисја и шаренилото од бои ја најавија радоста што чукаше на вратата, повторно и повторно...
    И ете, најпосле бидна, едни мали темни очиња, црно косиче и бело лиценце ја здогледоа светлината на денот што понатаму живот се нарекува... Се роди девојче, кое денес храбро чекори низ предизвиците и убавините на сегашноста, посакувајќи си уште многу години да биде вака... :party: :^:
     
    На BubbleBum94 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. BeMyFriend

    BeMyFriend Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2023
    Пораки:
    507
    Допаѓања:
    1.371
    Пол:
    Машки
    Утрински како џез те галам по меката кожа и кафето кое го сварив вибрира на моите допири.Тоалетата уште ти мириса на чадот од барот и здивот на алкохолот кој често го пиеш.Немо гледаш дали навитина сум истиот човек од вчера.Истегни се, испружи се низ белите чаршафи, уживај во кафето и утрото.
    Јас сум сеуште тој, барам утеха во туѓите прегратки, се хранам со твоите воздишки, наоѓам утеха во твоите усни, бегам од своите стравови.
     
    На st-el му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Peppermint28

    Peppermint28 Нов член

    Се зачлени на:
    20 мај 2024
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Женски
    Naked

    Is it a feeling to be ashamed?Being naked,so many ways,too many options.To say or not to say?To feel or to fear?Having your body naked,appreciated,touched or desired,so easy,right?But having your soul open,honest,true,why is it so hard?What about having both,your body and soul bare for some person to show up for you and paint you.Paint all the curves in red at the beginning,then change in yellow and before you know it it’s all grey.Your body trapped in desire and longing for that person,and your soul undefined.So empty,craving for love,but so full and heavy from longing.Longing to be desired and seen.
     
  11. Sandman

    Sandman Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2016
    Пораки:
    144
    Допаѓања:
    507
    Пол:
    Машки
    Кога љубовта е сон,
    што се распаѓа
    ко облак во дожд,
    што небото не го додржува,
    тогаш тишината станува возбудлива,
    а срцето мечтае и лета ко птица,
    без своите крилја натопени, претешки.

    Не знаеш каде почнува,
    ниту каде завршува,
    се лизга меѓу прстите,
    ко пенливо море,
    иако чувствата стануваат посилни,
    ги немаш зборовите,
    да ја опишеш ниту еднаш.

    Таа љубов е сон што се раѓа од таму
    каде што реалноста и фантазијата се спојуваат,
    таа е светлина која не умееш да ја погледнеш со очи,
    туку со душата што липа,
    но не се жали.

    Ти си тука,
    а таа е таму,
    не можете да се допрете со дланките,
    ко две сенки што се погледнуваат,
    но не се среќаваат,
    љубовта во сон е само исчекување,
    за уште едно раѓање,
    на кое не се сеќаваш.

    Понекогаш,
    во сон,
    таа љубов станува вистина,
    но кога ќе се разбудиш,
    останува само копнеж и срцето продолжува да сонува,
    да сака и повторно да љуби,
    иако знаејќи дека тоа е само сон,
    таму,
    во длабочината на стапките,
    со чекорите во тоа сонување,
    сме најсреќни.
     
    На merriel0 и st-el им се допаѓа ова.
  12. Sandman

    Sandman Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2016
    Пораки:
    144
    Допаѓања:
    507
    Пол:
    Машки
    Белата роза на вечноста,
    во сонот на светлината,
    нежна и чиста,
    без грижа,
    без рана,
    прозвана,
    но во срцето,
    нејзиниот дух е заробен,
    со темнојадни јажиња што ја водат,
    по патот на несреќните.

    Светот ја гледа,
    во цвет што создава,
    но таа носи тежина од тишини и болки,
    нејзината мирисна патека го носи името небесно, негово,
    на одарот распнато,
    но не е слободна,
    дур душата нејзина во мракот се крие,
    бела во шепотот од молитви.

    Белата роза,
    а под нејзините бедра,
    кревки латици со црни јажиња ја врзуваат во судбински круг,
    невидливи за очите на оние што гледаат неми и изгубени,
    но во нејзиното срце,
    тие непоколебливо го обвиткуваат сето она свето што на светов постои.

    Секоја илузија за слободата е скршена,
    секој сон за мирот е изгубен во тмурната ноќ,
    но розата,
    иако врзана со јажиња,
    се бори да цвета,
    да живее во светот,
    со светлината искажан.

    И кога ќе падне и кога ќе исчезне под студениот порив,
    црните јажиња ќе бидат дел од нејзината приказна,
    но во секој пад,
    во секоја болка,
    од ноќта,
    белата роза ќе открие нова сила,
    сила за животот кој продолжува да трае во крвта од бога дарувана.
     
    Последна измена: 21 ноември 2024
    На In4efinche му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Peppermint28

    Peppermint28 Нов член

    Се зачлени на:
    20 мај 2024
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Женски
    Ти си мој благослов,личноста која ме исполнува со таков мир и ми помага да се изборам со најголемите стравови.Понекогаш се запрашувам дали воопшто си свесен каква моќ имаш врз мене,секој твој збор и следен чекор ми влијаат премногу силно.Ако треба да ја прикажам таа моќ во вид на светлина,би можела да бидам светилникот за целиот свет и луѓето никогаш повеќе не би морале да живеат во мрак.
     
    На In4efinche му/ѝ се допаѓа ова.
  14. In4efinche

    In4efinche Активен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2024
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    43
    Пол:
    Женски
    Еве нешто напишано од душа за мојот покоен дедо.

    ДЕДО МРАЗ

    За мене навистина постоеше Дедо Мраз jас навистина верував во него.
    Имаше еден човек, човек со бела коса ме потсеќаше на Дедо Мраз.
    Тој човек беше мојот Дедо.

    Ете толку многу желби ми исполнуваше и кога ќе ме погледнеше воздивнуваше и велеше, мојата желба ми е вие да сте здрави!

    Колку денови, месеци и години ќе поминат животот ќе помине без твоите очи милни и раце силни.

    Нова Година Бадник и Божиќ ќе дојдат.
    Софрата без тебе ќе биде поставена но за тебе чинија ќе биде оставена, и една свеќа силно ќе свете.

    Столчето твое празно ќе биде твоето лице никој нема таа ноќ да го виде.
    Присуството твое ќе го почуствуваме и за тебе ке се помолиме.
    Во нас ќе те чуваме.

    Дедо Мраз и тогаш ќе те очекувам иако веќе одамна твоето мало девојче порасна, тоа мало девојче секогаш во тебе ќе верува.

    И ете ви кажувам...

    За мене навистина постоеше Дедо Мраз jас навистина верував во него.

    Тој беше мојот Дедо.
     
    На Sandman, Peppermint28 и st-el им се допаѓа ова.
  15. Sandman

    Sandman Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2016
    Пораки:
    144
    Допаѓања:
    507
    Пол:
    Машки
    Кога ќе се одродиш од овој свет,
    нема веќе враќање,
    нема луѓе, ниту збор што ќе те утеши, затоа што си од болката погрд,
    не те чека ниту мека постела за утешни солзи.

    Кога ќе се одродиш,
    само ноќта и ѕвездите ти се утеха,
    и погледот ти е сеќавање, венеење во длабочините на небото,
    што менува бои,
    ко образи румени, бледи и темни.

    Одроден со муграта до полноќта,
    само ти знаеш како времето поминува,
    а не лекува,
    и ги броиш со прсти,
    деновите на календарот,
    златни, бели и со дождот натопени.
     
    На st-el му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Peppermint28

    Peppermint28 Нов член

    Се зачлени на:
    20 мај 2024
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Женски
    The way I feel when you say her name,
    I’d rather die than have to explain.
    Of course you don’t see it,
    of course you can’t understand me.
    I know you wonder why I act like this,
    but with you it’s either a shoot or miss.
    I’m too afraid to tell you and risk it all,
    so I’d rather take this fall.

    I honestly miss the guy you were before,
    but who am I to say anything.
    I miss the way you used to look at me,
    but what can I change.
    You make me feel so sick,like a fever,
    my heart stops when I look at you.
    My soul drowns in this cold river,
    I wish I could tell you how much I love you.
     
    На Sandman и st-el им се допаѓа ова.
  17. Peppermint28

    Peppermint28 Нов член

    Се зачлени на:
    20 мај 2024
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Женски
    Премногу боли,
    ти болиш.
    Твојот поглед е како стрела,
    која упорно сака да влезе во моето срце.

    Твоите зборови се како зима,
    кога прстите ми смрзнуваат од снегот,
    но не го оставам.

    Прости ми што не зборувам,
    бегам од тебе како исплашена срна.
    Се правам дека те мразам,
    само Господ знае дека не можам без тебе.
     
    На Sandman и Malesia им се допаѓа ова.
  18. >mima<

    >mima< Активен член

    Се зачлени на:
    30 септември 2023
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    43
    Пол:
    Женски
    Да бев птица небесна, со големина колку една дланка, па да ти дојдев кришум до прозорецот, да те гледав, слушав...

    Да видев која ја милуваше сега, да видев дали и нејзе ја бакнуваш на левата слепоочница, или тоа беше само за мене.

    Чии коси сега мирисаш мил мој?

    Да можев да дојдам, да видам дали бар малку се сеќаваш на мене.

    Да можев да знам дали тагуваш, или бар некогаш си тагувал воопшто.

    Ех мил мој.
     
    На Sandman му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Sandman

    Sandman Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2016
    Пораки:
    144
    Допаѓања:
    507
    Пол:
    Машки
    Подготвен сум да заминам,
    тивко и без збор,
    нема да ги оставам ниту трагите во песокот што некогаш беа,
    деновите мои ќе исчезнат како магла во зори,
    а во моето срце ќе остане само една мирна тишина.

    Нека замине времето,
    нека се стопат сите сништа,
    нека ме обземат ветровите и ме водат во непознат правец,
    северен и јужен, источно и далечно,
    со секој момент што го живеев, тие беа само војни на светот мој и тој што го живеев.
    Сега, ќе ги оставам сите, моите и овие овде во кои чекорев со болка и блуд,
    во некој стар,
    престар заборавен град.

    Подготвен сум да заминам,
    без да се впишам во книгата на постоењето,
    без да оставам имиња сретнати и заборавени,
    без да правам бучава,
    во силата на молкот,
    со мојот последен збор,
    што ќе го носам со себе,
    ќе го споделам со светот во кој заминувам.

    Не барам одговори,
    не барам објаснувања,
    таму каде што одам,
    нема враќање назад,
    не постои носталгија,
    затоа,
    ќе заминам без страв,
    без сомнеж,
    со благодарност за сите моменти, што беа и што не беа, мои и нечии.

    Подготвен сум да заминам,
    да го спуштам товарот на душава,
    врз еден спокоен дух,
    кој жари,
    со поглед кон неизвесноста.

    Овој свет ми беше само појдовна точка на која можеби и не ќе се сеќавам никогаш,
    но таму,
    каде што одам,
    нема никој,
    нема ништо,
    црна вселена,
    со ѕвезди модри,
    од зреење и повторно подмладување,
    од илјада бои.
     
    Последна измена: 21 декември 2024
    На Peppermint28 и st-el им се допаѓа ова.
  20. st-el

    st-el Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2010
    Пораки:
    697
    Допаѓања:
    4.784
    Пол:
    Женски
    Спокој. Мир.
    Тивко шепотење на зимата, безброј снегулки што треперат и танцуваат пред очиве, исчезнувајќи во белата постелнина на студенилото....
    Сиот пејсаж, цела панорама облечена во кристално-проѕирни нитни на снегот што упорно паѓа и паѓа....
    Чекорам јас, заедно со тебе, друштво ни прави молкот што ни пркоси со наравот....
    Ако, нека го, убаво е вака.... Молчиме, а душите ни зборуваат, дланките ни се преплетуваат во една голема и искрена насмевка, во љубовна среќа и оживување на спомените..... :l: