Ваши дела – поезија или проза

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од Shelea, 7 декември 2009.

  1. Sandman

    Sandman Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2016
    Пораки:
    152
    Допаѓања:
    570
    Пол:
    Машки
    Пурпурна е ноќва,
    тишината дише во неа,
    под звезденото небо,
    светлината занесува бледо и сенките играат божествено,
    тајни носат во себе,
    во овој магичен круг кој не застанува,
    а времето тетовира и се сеќава,
    повторно.

    Месечината сјае,
    ко сребрен медал врз градите искрени,
    со вселената која шепоти,
    страв и храброст, мир и хармонија, во ненапишана поезија.

    Светулките понизно танцуваат разиграни,
    врз белиот ритамот на срцето,
    во светот чудесен,
    под пурпурниот порив,
    од кој нова беседа се ткае,
    со очиве зимзелени, од дамарите истечени.

    Далечни мечти летаат,
    развиорени во мислите пловат безгрижно,
    секој миг од нив и во нив е бесценет,
    секој здив е радосен,
    над слепите улици покриени со бела руба,
    од надежта што се раѓа повторно,
    дур пурпурна е ноќва,
    а во неа и љубовта е повторно родена.

    Затвори очи,
    спиј спокојно,
    ноќта е твоја,
    таа во тебе живее сега,
    жуборлива ко бистра река.

    Пурпурна е вселената,
    во соништата ти игра весела,
    за вечно да остане,
    во срцето твое,
    со кое отчукува вечноста,
    и од неа изгрева новото сонце,
    сонце на младоста.
     
    На Малечка Малинка, Milobebence и st-el им се допаѓа ова.
  2. inchixx

    inchixx Активен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2022
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    29
    Пол:
    Женски
    LEGENDOOOOO ♥︎
     
    На Peppermint28 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. st-el

    st-el Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2010
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    5.279
    Пол:
    Женски
    Те чекам..Ѕидниот часовник одбројува тик-так, тик-так...со поместувањето на сказалките нараснува и возбудава во градиве, илјада прашања го брануваат умов....
    Те чекам... Стариот саат уште еднаш ми напоменува за минливоста на случувањево, за моментот што сега трае, додека шушкањето на собраниот фустан во неправилни набори ми ги иритира мислите....
    Каде си?
    Зошто уште те нема?
    Реални можни сценарија спакувани во причина ми ги достави ти, твоите особини и карактер....
    Сепак.... Еве овде сум сеуште, со очекување што лесно може да се стори во разочарување....
     
    На Milobebence му/ѝ се допаѓа ова.
  4. inchixx

    inchixx Активен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2022
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    29
    Пол:
    Женски
    пораснав со романтични филмови. ги сметав за клише, но ги гледав. не бев од тие кои се воодушевуваат на замислата на љубов, мислев дека нема да се заљубам со толкав интензитет.
    превртував очи секогаш кога некој лик ќе ја здогледаше "вистинската", импулсивно ќе решеше да држи говор пред неа- демек од секогаш ја барал и дека треба да замине со него веднаш, без двоумење. колку што се смеев на тие монолози, толку денес се држам за нив за да не се распаднам од чувства- која иронија.

    љубовта кон неа ме обзема целосно, таа е единственото нешто за кое што сум сигурна. секое отчукување на моето срце е ехо на нејзиното име. сега сум копија на тоа на кое што се потсмевав, ѝ напишав писмо кога не ја ни познавав. сфатив дека мора да го доживееш за да разбереш, зборовите сè празни се додека не ги осетиш на своја кожа.

    сè беше како на филмовите, освен тој типичен среќен крај-
    не замина со мене, а ни од моето срце.
     
    На Малечка Малинка, Milobebence и Peppermint28 им се допаѓа ова.
  5. Peppermint28

    Peppermint28 Активен член

    Се зачлени на:
    20 мај 2024
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    14
    Пол:
    Женски
    Совршенство!
     
    На inchixx му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Peppermint28

    Peppermint28 Активен член

    Се зачлени на:
    20 мај 2024
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    14
    Пол:
    Женски
    Ех,да можам да ја вратам таа вечер,да го запрам времето.Само на еден миг,макар и да е еднаш,да можев да го пијам твојот поглед,да треперам и потонам во твоето присуство.Ех,кога би знаел како ме обземаш,душата,умот.Посакувам да запеам како славеј,а да одлетам како гулаб,нежно,невино и полна со љубов да слетам во твоите раце.Камо да можев уште еднаш да ја почувствувам топлината во твоите дланки,да се изгубам во мигот и да заборавам дури и на своето име.Ех,да можев…
     
    На Milobebence, st-el и Малечка Малинка им се допаѓа ова.
  7. st-el

    st-el Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2010
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    5.279
    Пол:
    Женски
    Венеат твоите зборови, како исушени есенски лисја се прпелкаат од виорењето на студениот ветрец што ми го погалува лицето....
    Како отпечатоци од прсти по снагава ги чувствувам изустувањата безгласни, твои, што ме прекоруваат.....
    Како немирна силуета се појавуваш под светлината на полната месечина што блеска и со нејзиниот сјај ми го осветлува битието....
    Кроце, полека доаѓаш и веднаш се губиш, плашејќи се од сенката што за навек ќе те брка... Бегаш, вечно прогонуван од една студена темнина....
    За жал, засекогаш си осуден на неа, на нејзината борба со сончевата топлина и светлина....
     
    На Milobebence му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Sandman

    Sandman Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2016
    Пораки:
    152
    Допаѓања:
    570
    Пол:
    Машки
    Венеат моите зборови насушни,
    и пред есента мината и пред пролетта праговна,
    ниту ќе се смени некогаш крвта прогонета,
    ниту вкусот на виното ќе сети нови усни,
    ниту дамарите ќе отворат порти за нови бакнежи.
    За жал, за тага, за бол искорнета од дното на душата, за смрт, во јад,
    тоа сум и ќе останам.
    Потпишан со ракопис од небесна светлина и очи со боја од бадеми.
     
    На Milobebence и st-el им се допаѓа ова.
  9. st-el

    st-el Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2010
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    5.279
    Пол:
    Женски
    Како светост стоиш пред мене и ја осветлуваш душава, ко скапоцено, највредно нешто те чувам и пазам, далеку, далеку од погледите на другите....
    Со молитва те заштитувам, со убав збор те облагородувам, со поетично слово те воспевам.....
    А ти немо стоиш, со лице на туѓинец ме гледаш и со саркастична насмевка ми се потсмеваш, љубовта ја тестираш..... Ја ставаш на кантар, шеговито дофрлаш.... За на крај да ја негираш и побегнеш, исплашен од емоциите, емотовно недостапен се засолнуваш во твојот совршен свет....
    Ти посакувам среќен и исполнет живот, онаму.....
     
    На Milobebence, Sandman и Cutiepie1 им се допаѓа ова.
  10. st-el

    st-el Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2010
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    5.279
    Пол:
    Женски
    Мрак. Мртва тишина...
    Едни зборови и мачна тежина што ја притиска душава, едно присуство што свирепо ми ја одзема леснотијата што награда ми беше....
    Зошто, зошто помислив дека конечно се ослободив од искреноста што денес ми ја покажа?
    Зар мораше мислите ко раскрилени птици да долетаат на рамово и да ме потсетат?
    А толку многу не сакам да се дружам со спомените...
    Мрак. Мртва тишина....
    Срце сронето и меланхолија што во време ги претвара миговите.... А тие сеуште траат и којзнае дали некогаш ќе престанат...
     
    На Milobebence и Mumoftwo30 им се допаѓа ова.
  11. st-el

    st-el Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2010
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    5.279
    Пол:
    Женски
    Ноќва една ѕвезда згаснува....
    Глуво доба и мрак,
    тишина,
    обоена со зборови-сивила,
    толкувања,
    претскажувања,
    во спокој прегрнати
    со темнина што извира,
    та напојува воздишки тешки,
    а тие,
    во бол јачат,
    преколнуваат и молат за крај....

    Ноќва една ѕвезда згаснува...
    Во црнината се прекршуваат сенки,
    во заносен танц,
    блескав од месечеви зраци
    повикуваат еден живот,
    шепотат за една душа,
    мамат да им се придружи,
    верен пријател да им стане,
    во нови светови,
    онаму,
    каде тежини нема
    и сѐ полесно е,
    онаму,
    каде ангелските песни
    одѕвонуваат,
    во едно збогум, најмили...
     
    На Sandman и Milobebence им се допаѓа ова.
  12. Sandman

    Sandman Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2016
    Пораки:
    152
    Допаѓања:
    570
    Пол:
    Машки
    Ноќва нека свети на небото една ѕвезда,
    таа е и повеќе од доволна што ја милува душава,
    со твоите нежни прсти.
    Нека не биде глува и пуста квечерината која ја носиш во чекорот твој,
    таа има засолниште во едно срце што чука со часовникот на вечноста,
    што преку очиве се пресликува во дното на душава.
    Не мрачи во светлината која ја носиш во себе,
    јас ја препознав во тебе,
    ко дар кој ми беше толку потребен и никогаш нема да го фрлам во брановите на заборавот.
    Можеби не беше доволно храбра да ја прободеш до срж, молитвата во мене испеана за тебе,
    но твоите стихови се за почит и едно откровение во тебе, за кое не си сеуште свесна.
    Посакувањето ја уби љубовта во мене,
    кога велам мене, мислам на нас двајца, што од хартија напишана во мастило, недостигаме еден за друг, ти во мене, а јас во тебе.
     
  13. inchixx

    inchixx Активен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2022
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    29
    Пол:
    Женски
    се гушам,
    повторно се наоѓам во собата од која долго бегав.
    секој ден сум во неа, но денес нема прозорци.
    нема како да ја видам светлината,
    и ако останам уште малку,
    ќе заборавам дека таа воопшто постои.
    потполно се губам во мислите,
    се чувствувам како срцето да ми запира,
    очајно и тивко изговарам "сакам да сменам нешто",
    станувам,
    излегувам од собата,
    се совземам,
    до следниот пат кога ќе се најдам во неа.
    можеби не ни излегов од собата,
    туку повторно се појавија прозорците.
    повторно го осетив срцето на место,
    и се сетив дека моментот проаѓа.
     
    На Peppermint28 и st-el им се допаѓа ова.
  14. Sandman

    Sandman Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2016
    Пораки:
    152
    Допаѓања:
    570
    Пол:
    Машки
    Пролет, зарем не,
    запросена од зимата,
    што не допира ниту едни прсти,
    ниту прстен венчален,
    да се згоди навезен,
    во мене и ноќите невенчани.

    Пролет,
    уште една на кожава,
    заборавена од првомајските очи,
    насукана во вениве,
    што течат расцветано,
    од божурот до кочијашот,
    што сон растреперува,
    во тропотот на дамнешните чекори,
    кои газеа на помека земја,
    од која стапалата зреат.

    Пролет,
    не си ми омилена,
    ти ги сакам дождовите,
    но не и сонливите утра,
    ко младежи врз кожава,
    од празни сенки што се крстат пред велигден,
    под ѕвездите, после кои,
    нема нови лица, ниту раѓања.

    Пролет,
    ти ќе постоиш и после мене,
    но болкава што ја носам со тебе,
    ќе ја врежеш себично, во брчката на друго лице,
    и то го знам,
    но нека стоиш таму, некому,
    за илјада векови,
    проштевај,
    само сакам да заминеш,
    дур венеам сега,
    затоа што најубавите спомени,
    ми се од тебе.
     
    Последна измена: 28 март 2025
    На st-el му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Peppermint28

    Peppermint28 Активен член

    Се зачлени на:
    20 мај 2024
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    14
    Пол:
    Женски
    Дали си ми болка или лек?Ми делуваш ко опиум,како сакаш сфати го,не ме засега.Ме понесува твојот мирис.Лебдам,се ежам,горам.Колку чини твојата љубов,и што можам да направам за да ја заслужам?Само крај тебе сум своја,умот ми е спокоен,секој здив е се побавен и посмирен.Дозволи да бидам твоја,аман дозволи.
     
    На inchixx и st-el им се допаѓа ова.
  16. inchixx

    inchixx Активен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2022
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    29
    Пол:
    Женски
    постојано сум во исчекување, но не знам што точно чекам. велам дека низ сè можам да поминам сама, но во тишината на ноќите молам за некое чудо што ќе ме извлече од оваа болка, но никогаш не доаѓа.

    телото ми гори, срцето ме стега, како да сум заробена во себеси. не можам ни да се сетам на мирот што го имав кога те гледав. колку подлабоко тонaм во чувствата, толку пошироко се отвораат хоризонтите што ми го шепотат истиот заклучок – не можам да те имам.

    посакувам да можев да бидам плитка, да те заборавев моментот кога си отиде, како ништо да не било- затоа што во твојата реалност ништо не беше. пробувам да се излечам со зборови, но наместо да се смирам- ме растргнува сознанието дека сум толку гласна, а сè уште ја слушам твојата тишина.
     
  17. Sandman

    Sandman Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2016
    Пораки:
    152
    Допаѓања:
    570
    Пол:
    Машки
    Животот е тажен,
    тивка патека по која чекориме,
    секој на својта,
    а толку е сѐ несебично,
    кога ќе погледнеме во небото.

    Течеме низ времето,
    ко река,
    со потоци и брзаци,
    дур сонцето се скрива зад темните облаци,
    дали сме таму родени?

    Надежите исчезнуваат,
    ко дождови во ноќта,
    а ја хранат оваа земја,
    да во муграта прогледаат уште еднаш,
    нашите очи,
    исполнети со љубов и очај,
    нашите вечни клетви.

    Душата ја болат невидливите рани и
    тешко е да се крене главата кога ќе падне,
    но сето околу нас вибрира,
    продолжува и не застанува.

    Погледни се уште еднаш ако можеш и собери храброст,
    кога лицето во ѓонот,
    брчките ги бара,
    ќе ѕирне една малечка ѕвезда,
    да те погледне,
    сосем доволна,
    да ти го осветли патот,
    од сенката поубава.

    Секој ден е битка,
    која ја носиме на челото,
    а сонот е бегство од реалноста,
    нема утеха во светот на болката,
    а тагата е како сенка што не нѐ напушта,
    додека радоста, ако дојде понекогаш, брзо заминува.

    Но и покрај сето тоа,
    продолжуваме да се бориме,
    да се надевавме.
    Во срцето чуваме светлина,
    вродена,
    бидејќи без неа,
    животот навистина ќе биде празен,
    рамнодушен и трае во рамноденица,
    а тоа е потешко од тагата.

    Животот е тажен,
    а ние живи во него,
    можеби смртта ќе биде праг,
    после кој,
    ќе бидеме сѐ што не бевме и не знаевме.
     
    На st-el и Teodoris им се допаѓа ова.
  18. Sandman

    Sandman Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2016
    Пораки:
    152
    Допаѓања:
    570
    Пол:
    Машки
    Во априлската ноќ,
    тивка и нежна,
    на дланкиве растопена,
    ѕвездите ми шепотат тајни модри,
    дур месечината го полни небото сребрено,
    со секој здив свеж,
    од градиве,
    со подмладување,
    лечејќи го мракот со рани.

    Вешто во неа,
    со нежни одари од прсти,
    се мешаат мирисите на земјата,
    со влажниот воздух на дождот кој наговестува милост.
    А јас, потонат во светот на молкот,
    го чувствувам мирот што ноќта го дарува,
    несебично запросена,
    ко да е последна.

    Можно ли е,
    априлската ноќ да лекува,
    да ѝ се довериш во нејзината темнина?
    Да се совземеш кога ќе те прогонат,
    љубовта, болката и изгубените спомени…

    Така размачкан со крв и душа,
    во носталгија,
    меѓу часовите кои ја чекаат полноќта,
    како сон на кој не се сеќаваш,
    оставајќи го само мирисот на пролетта натопена,
    врз кожата,
    со чекорите на утрото,
    кои веќе не чекорат и тихуваат пред бога.
     
    Последна измена: 17 април 2025 во 23:17
    На st-el му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Sandman

    Sandman Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2016
    Пораки:
    152
    Допаѓања:
    570
    Пол:
    Машки
    Ноќва пишува романи,
    сред сонцата сонливи,
    низ тивките сенки
    на фантазијата,
    верувајќи во љубовта.

    Со перото од светлината,
    врз хартијата од месечината длабока,
    златно жолта,
    секој збор во бледоста е магија,
    секој стих е тајна сокриена.

    Во тишината на ноќта,
    мислите се ткаат во сон,
    ко реката што тече низводно,
    и ги носи сите збрчкани болки и желби.

    Тука,
    во парадоксот на темнината,
    се кршат оковите на времето,
    каде секој роман е патување,
    а секој патник е поет во своето срце.

    Ноќва пишува романи,
    со зборовите што сонуваат,
    бледи и румени,
    будејќи се кога ќе помине и
    втората зора,
    обременета со првиот воскрес.
     
    Последна измена: 19 април 2025 во 00:04
    На st-el му/ѝ се допаѓа ова.