Ваши дела – поезија или проза

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од Shelea, 7 декември 2009.

  1. Sandman

    Sandman Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2016
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    648
    Пол:
    Машки
    Ако повторно се вљубам

    Ако повторно се вљубам,
    ќе биде тивко,
    без зборови гласни,
    како капки од дожд,
    што на лисјата паѓаат нежно,
    во утрото магливо и мокро,
    да те допрам повторно,
    како никогаш,
    некого.

    Нема да барам совршенство,
    ниту ветувања што гордо блескаат,
    ќе барам очи што молчат со мене и раце што без збор го разбираат мојот допир.

    Ќе се вљубам во смеењето ненадејно,
    во чекорите што со моите се вклопуваат,
    во две тишини што не се празни,
    туку полни со душа што се откриваат.

    Нема да има повеќе веќе огнови што палат и горат,
    туку пепел што топли тивко одвнатре,
    ќе се вљубам како што времето љуби,
    со трпение,
    со шепот,
    без театар во дамарите,
    ќе биде чиста крв што тече,
    искрено низ одарите ѕвездени.

    Ако повторно се вљубам,
    ќе биде како враќање дома по долг и несовршен пат,
    без чуда,
    без бури,
    ниту громови,
    туку мир што шепоти,
    те чекав да пристигнеш.

    Ако повторно се вљубам,
    нема да брзам како некогаш млад,
    ќе ја следам тишината меѓу зборовите,
    ќе му верувам на срцето,
    без страв,
    од непосакување.

    Ќе се вљубам во поглед што не бега,
    во жена што не крие,
    туку постои,
    со чекор што доаѓа кога сите си одат,
    во глас што молчи.

    Нема да ветам вечности без крај,
    ниту сонца што не заоѓаат никогаш,
    ќе ветам присуство,
    во најтемните ноќи,
    кога светот ќе падне во прашина,
    од која нема воздигнување.

    Ако повторно се вљубам,
    ќе биде со сите лузни на срцето мое,
    знајни и незнајни и токму тие ќе сакаат најмногу,
    затоа што знаат,
    што значи кога љубовта ќе се скрши на половина,
    а од нив илјадници срчи,
    кои не можат да се состават.
     
    Последна измена: 23 април 2025
    На sunrise_123 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Sandman

    Sandman Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2016
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    648
    Пол:
    Машки
    Кога ни небото не е доволно,
    а облаците молчат и се кријат,
    и моментите се потешки од вечноста,
    и светот не се смирува во тишина,
    тогаш ќе изрти во нас внатрешниот глас,
    потонат во бескрајни прашања,
    што не умеат да ги изговорат,
    ниту зборовите утешни.

    Кога не ни е доволно небото,
    не е доволен ниту мирот на земјата,
    кога во нас се крие ветрот на немирот,
    не е и погледот кон хоризонтот,
    кога мислите се изгубени во мракот,
    се чувствува празнина,
    која не се исполнува,
    а се вртат сказалките во часовниците,
    но времето не лекува.

    Кога ни небото не е доволно,
    тогаш немоќно бараш ново небо,
    некоја светлина што не се гледа со очи,
    некоја хармонија што не е од овде,
    која ќе ја засити душата,
    која ќе го смири умот и ќе ги избрише солзите,
    истечени врз браздите на лицето.

    Кога ни небото не е доволно,
    нека барем ѕвездите негови ни светат во душата,
    да не биде залуден животот,
    кој го носиме во нас.
     
    Последна измена: 24 април 2025
    На st-el му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Sandman

    Sandman Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2016
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    648
    Пол:
    Машки
    Не знам дали дишам или тонaм,
    во твојот очај,
    дали ова е љубов,
    или желба да исчезнам од себе,
    во тебе.

    Се смеам во огледалото што ме мрази,
    и му климам со главата покорно,
    не знаејќи,
    дал се гадам од себе си во тебе,
    ко последна нишка,
    што ја врзува темнина.

    Сакам да се заколнам,
    во утрото кога бев светлина,
    а сега?

    Сум само сенка во шарена одаја,
    во која сакав само глас нежен,
    а добив ехо што вришти стој,
    не греши повторно.

    Понекогаш сакам да бидам лотос,
    во мирни води,
    а понекогаш оган,
    но најчесто сум ништо,
    тоа е најлесно,
    ништото не бара извинување.

    Ме засекува што ми фалиш,
    а кога ќе дојдеш,
    сакам да заминам,
    парадокс сум,
    што со срцето трепери во молкот на хаосот.

    Пиев сино небо сношти,
    и сонував дека сум облак,
    барајќи те повторно,
    во дамарите,
    но зошто,
    можеби дека така започна сето наше,
    што сега го имаме,
    јас без тебе, а ти толку многу во мене.
     
    Последна измена: 2 мај 2025
    На sunrise_123 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Sandman

    Sandman Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2016
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    648
    Пол:
    Машки
    Кога женското срце ќе се затвори,
    тивко и без бучава,
    ко бледа сенка,
    незабележано,
    но со тежина,
    во која,
    секој пат љубовта ништовна,
    ја продира во срцето,
    ќе биде затворен патот до душата нејзина,
    со вечна порта.

    Тогаш,
    зборовите стануваат празни,
    гледањето низ прозорецот,
    нем и без боја,
    и сите мечти што некогаш беа светли,
    ќе исчезнат со дождот таговен,
    без ракоплескање и воздишка темна.

    Нема насмевка што ќе ја оживее повторно нејзината душа,
    нема мило слово што ќе и ја допре раната,
    срцето ќе и зимува,
    студено и безживотно,
    а во нејзиниот свет сето ќе се намали до шепотот на тишината.

    Кога женското срце ќе се затвори,
    секој чекор што го прави е тешка борба,
    не за љубов,
    туку за да го издржи светот,
    а во нејзиниот внатрешен мир,
    во нејзината празнина,
    таа не бара спас,
    само мир за својата болка.

    Но срцето не е тврдина,
    и понекогаш,
    во неа,
    ќе се врати некоја светлина,
    што ќе ја помилува низ косата,
    лечебно и нежно,
    ко плач на новородено дете,
    не знаеш како,
    но не знаеш ниту кога,
    кога најмалку очекуваш,
    таа ќе се разбуди во откровение,
    повторно,
    кога ноќта е најтемна,
    во ѕвездите,
    најсилно што светат.
     
    На sunrise_123 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Sandman

    Sandman Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2016
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    648
    Пол:
    Машки
    Недостасуваш,
    во секој мој чекор,
    со кој те носам во себе,
    ко сенка што не се предава,
    избледена од сонцето,
    во улици стари,
    со зборови празни,
    со мелодија која одекнува,
    и не разигрува,
    дождови лечебни.

    Недостасуваш кога ноќта се спушта,
    дур ѕвездите прашуваат за тебе,
    исткаена во тишината меѓу два здивa,
    што ги земам за да преживеам,
    ко овој стих нежен,
    недопишан,
    безвремено,
    што татнее во далечината.

    Кажи ми,
    дали и тебе те боли,
    овој очај ѕвезден,
    истетовиран врз рацеве,
    што пишуваат,
    дали и ти го чувствуваш истиот студ врз душава,
    која те љуби,
    во зародишот на пролетта,
    невенчани,
    одродени од животот,
    во дамарите ни модри,
    залудно истечен.
     
    На sunrise_123 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. st-el

    st-el Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2010
    Пораки:
    815
    Допаѓања:
    5.557
    Пол:
    Женски
    Полноќта е на прагот, само црниот сатен на ноќта ми ја обвива душава.....
    Се раскрилува таа и полетува на крилјата на темнината, во молк ги бара зборовите неизустени, а сепак почувствувани....во мачнина и несигурност бара засолниште и дом, топла прегратка и бакнеж....во копнеж трепери и посакува....
    Полноќта е на прагот, само студениот бакнеж на осаменоста трпеливо ме очекува, исцртувајќи ледена тишина во очиве.....погледот тап, безживотен се пресликува во тага што трае и трае.....
     
    Последна измена: 9 мај 2025
    На Sandman му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Sandman

    Sandman Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2016
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    648
    Пол:
    Машки
    Ќе се разбудиме утре во два света различни,
    едниот ќе биде твој,
    другиот само мој.

    Ќе погледнеш кон небото,
    а во твоите очи не ќе има сенки,
    додека во моите ќе играат
    самовили од минатото исткајани,
    не ќе ти ги подарам,
    затоа што и ти имаш свои.

    Ќе зборуваме без зборови,
    со молк полн од нас,
    иако ќе сме блиски,
    ќе бидеме ко два различни зрака,
    кои не можат да се допрат,
    дур сонце свети милно,
    врз нашите лица,
    небесни.

    Но,
    можеби утре,
    во тој нов свет,
    ќе пронајдеме нешто што на оваа земја не постои,
    можеби наша приказна,
    која одамна постои,
    за која сеуште не сме ни свесни.

    Ќе се разбудиме утре,
    во два света различни,
    но цветни,
    едниот ќе мириса на лаванда,
    другиот на јасмин и роза бодликава,
    што во иста крв извира,
    со тебе и без мене.

    Ти ќе се разбудиш меѓу полињата од амброзија и сончогледи,
    а јас ќе шетам во градините твои,
    каде што лузните пеат под нежниот поветерец,
    што ги бранува,
    нашите чувства.

    Ќе се погледнеме од далечина,
    со насмевка што ќе не однесе на места каде секој лист од цвет,
    наросен со младиот дожд,
    има своја приказна да ја раскаже.

    Вистината ќе остане иста,
    но световите ќе се разликуваат,
    додека ти ги броиш облаците,
    јас ќе ги броам ѕвездите што паднаа,
    во мојата самотија,
    од корените твои создадена.

    Но и покрај сите дни,
    залудно потрошени,
    на крајот ќе се запрашам,
    дали цветот што расте во твојот свет,
    не е ист со оној што цвета во мојот.
     
    На sunrise_123 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. st-el

    st-el Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2010
    Пораки:
    815
    Допаѓања:
    5.557
    Пол:
    Женски
    Сончево утро.
    Утрински зраци во зародиш го галат лицево, додека брзам, поточно итам кон дестинацијата каде што треба да бидам..... Анксиозноста чука најсилно што може низ дамарите на целово мое битие, а внатрешниот монолог ме обзема целата...низа прашања како на филмска лента ги редам и прередувам низ умот, после и можните сценарија со решенијата и одговорите како на филмски сет си ги повторувам и........
    Наеднаш ти, стоиш пред мене,со истата шеретска насмевка ми се приближуваш и пружаш рака за поздрав.... минатото се појавува пред очи, склопено во досетки, муабети, шеги претопени во флерт и обратно....
    Времето не покажало траг на старост кај тебе, сѐ е исто како некогаш, дури и истиот став и однос го имаш кон мене, само јас не сум....
    Учтиво отпоздравувам и иако ти видно расположен за муабет, културно те одминувам до следното случајно видување....
     
    Последна измена: 10 мај 2025
    На Sandman му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Sandman

    Sandman Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2016
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    648
    Пол:
    Машки
    Ти се појави ко светлина,
    и безгрижна радост,
    тивко,
    без зборови,
    но силно,
    ти си таму каде што тагата исчезнува,
    каде што времето застанува за нас.

    Во твоите очи гледам патека,
    врз која чекорите не се лажни,
    секоја нијанса од твојот нежен глас,
    во муграта,
    ко мелодија ме води и трепери во илјада ноќи.

    Ти ми го кажуваш тоа што срцето сака,
    што го бранува,
    вековно,
    без допир,
    ми го покажуваш сето она за што душава моли,
    без да зборуваш,
    од судбината неочекувано,
    а во неа дел од нешто поголемо.

    Можеби не се потребни зборови,
    но тие што ги имаме,
    ќе останат наши,
    во овој миг,
    откриен од љубовта,
    без крај,
    без збогување,
    навезени раскошно во едно минато,
    нека биде последно.

    Зборовите се само сенка,
    но со тебе,
    е божество од сонцето распнато,
    во тишината изродено,
    нека оваа поема биде твојот шепот,
    со кој ги милуваш цвеќињата пролетни,
    ти што не треба да изустиш,
    а во мене,
    пламенот го гориш,
    во кандилото над мојот гроб,
    заборавено.
     
    На sunrise_123 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Sandman

    Sandman Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2016
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    648
    Пол:
    Машки
    Твојата љубов е како вселена,
    тивка и светла,
    темна,
    украдена од ѕвездите,
    без граници,
    без солзи,
    врз образиве тетовирана.

    Ти си мојата зора,
    моето будење,
    секоја мугра е твојот поглед и твоите зборови што милуваат едно срце,
    одамна згаснато,
    во светлината што постои и не избледува,
    и венее за навек,
    во црниот камен нежно навезена.

    Секоја твоја насмевка е мелодија,
    што ја немее душава закопана длабоко во тишина,
    твојот допир е како магија,
    што разбудува светови во мене.

    Како небото,
    таа љубов е бескрајна и сина,
    понекогаш тивка,
    понекогаш бучна,
    понекогаш лоша,
    во мене перверзна,
    но не можеш да ја допреш со прстите,
    дур не ги затвориш очите,
    за да биде во дамарите присутна.

    Твојата љубов е поветерец во косата мокра,
    од пролетниот дожд натопена,
    во океанот од кашмир,
    без дно,
    иако не можам да ја бакнам со усниве,
    ја носам
    со секој мој здив,
    како сон,
    неодсонуван.
     
    Последна измена: 16 мај 2025
    На sunrise_123 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. st-el

    st-el Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2010
    Пораки:
    815
    Допаѓања:
    5.557
    Пол:
    Женски
    Мојата љубов е како океан,
    длабок и темен,
    безграничен во ширините,
    спокоен во убав сончев ден,
    скапоцен бисер,
    кој силно свети заслепен
    од твоите зборови....

    Мојата љубов е цвркот
    на две птици,
    што во нежен љубовен занес,
    ја слават пролетта,
    расцутена,
    раззеленета,
    во шарените бои на природата,
    натопени од мастилото
    на твоите мисли.....

    Мојата љубов е како солза,
    низ образов што потекува,
    кристално чиста и јасна,
    искрена во твојата нестабилност,
    тивка во гласниот молк,
    болна во празнотијата на разочарувањето....
     
  12. Sandman

    Sandman Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2016
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    648
    Пол:
    Машки
    Кога љубовта боли,
    срцето се крши на пола,
    ко ветер што дува низ стари прозорци,
    тешки зборови се коваат во срцето,
    но не се изговараат,
    тагата останува,
    како сенка,
    која не исчезнува.

    Нема повеќе насмев,
    само тишина во душата,
    погледите се сретнуваат,
    но не се прегрнуваат,
    секој чекор тежи,
    ко камен,
    но љубовта е како море,
    кое не престанува да се бунтува.

    Зошто кога љубовта боли,
    сите сонца згаснуваат?
    како да заборавивме кога беа на небото весели,
    се чини дека времето нема да ја излечи раната,
    но сеќавањата ќе бидат вечни,
    дур трае светлината.

    Се губиме во тишината на нашите грешки,
    но сеќавањата се секогаш таму,
    на некој начин,
    дур болката не згасне,
    љубовта ќе живее,
    иако не може мир да подари.

    Во темнината на ноќта,
    сè изгледа изгубено,
    но утрото носи надеж,
    дури и кога не веруваш,
    љубовта боли,
    но понекогаш,
    тоа е дел од патот,
    бидејќи без бол нема раст,
    без солзи нема чиста виделина.

    Болката ќе помине,
    ко дожд по сувата земја,
    а љубовта ќе остане,
    во срцето,
    ко тивка песна,
    ќе научиме да ја носиме и пееме,
    како дел од нас,
    затоа што љубовта, и кога боли,
    е најубавата рана.
     
    На sunrise_123 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. st-el

    st-el Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2010
    Пораки:
    815
    Допаѓања:
    5.557
    Пол:
    Женски
    Кога љубовта е илузија,
    меур од сапуница
    што се распрснува во соништата,
    та мислиш и на јаве се прелева,
    дотекува во лажни зборови,
    цинични насмевки,
    саркастични шеги,
    празни ветувања
    спакувани во еден подарок,
    што нестабилност се нарекува.....

    Кога љубовта е извалкана
    од талентот на едно перо,
    отруена од похотни намери,
    обезвреднета во едни поеми,
    унакажена од нечии постапки,
    и претопена во лаги,
    тоа чувство и не е
    реално и вистинско,
    што зближува и сплотува,
    што копнее и посакува,
    што љуби и овековечува,
    туку е само чиста манипулација,
    зарем не?
     
  14. emiliana

    emiliana Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2019
    Пораки:
    3.826
    Допаѓања:
    43.808
    Пол:
    Женски
    Не ме бараше
    но ме најде,
    а јас во тебе,
    си ја видов иднината,
    наш љубовен завет,
    век среќа,
    век прегратки,
    век насмевки,
    век ветување,
    век за век и навек.
     
    На st-el му/ѝ се допаѓа ова.
  15. st-el

    st-el Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2010
    Пораки:
    815
    Допаѓања:
    5.557
    Пол:
    Женски
    Не те видов,
    ама те познав,
    век - далечини,
    век - зборови,
    век - игри задскриени
    век - лажна љубезност,
    но и трошка вистина
    скриена во празна љубов,
    за век и веков, за навек....
     
    Последна измена: 19 мај 2025
  16. pance24

    pance24 Активен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2024
    Пораки:
    57
    Допаѓања:
    55
    Пол:
    Машки
    Те сакам како месечината својата орбита,
    месечино далечна, но секогаш блиску,
    околу тебе вртам без да прашам зошто,
    мојата сила зависи од твојата близина.

    Те сакам како брегот кој ја чека плимата,
    и кога ја снемува, и кога се враќа,
    со надеж што никогаш не пресушува,
    со љубов што дури и темнината ја осветлува.

    Те сакам како ѕвезда што не паѓа,
    секогаш таму, и кога не ја гледаат.
    Тивко, без глас, но со светлина што трае,
    во небото на срцето, само за тебе сјае.
     
    На emiliana, Eunoia и st-el им се допаѓа ова.
  17. st-el

    st-el Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2010
    Пораки:
    815
    Допаѓања:
    5.557
    Пол:
    Женски
    Стоеше наведната, потпрена на оградата, толку многу високо што пред неа се простираше панорамата на целиот град, осветлен од боите на ноќта, кои треперливо ѝ враќаа спомени.....далеку закопани во минатото, барем така мислеше таа, досега.....
    Розевиот фустан во силни бранови од милувањата на ветерот ѝ ги отсликуваше нејзините внатрешни монолози, дилеми, прашања....
    Баш е секси,а и многу елегантен, истовремено - ѝ рече пријателката на чија забава беше поканета вечерва.
    Кое е ова девојче? - праша туѓинецот кој од нигде - никаде се појави, исцртувајќи кокетна насмевка на лицето...
    Одеднаш, сосема случајно го виде него,шармантен, згоден, со кристално светли очи и втренчен поглед како да ја гледаше и сега горе, на терасата, таков впечаток имаше таа ....
    Се сети на онаа вечер, неговото - те сакам, после И..... на никому не сум рекол такво нешто....
    Потоа и на неговото кукавичко бегање и исчезнување, најверојатно се исплаши....а зошто би се плашел од жена...
    Малку и се насмевна кога помисли, ама знаеше едно - замина засекогаш...
    Веројатно или сигурно, е на тоа не можеше да одговори со сигурност, неговата нестабилност ја спречуваше во тоа....
     
    Последна измена: 20 мај 2025
  18. pance24

    pance24 Активен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2024
    Пораки:
    57
    Допаѓања:
    55
    Пол:
    Машки
    „Во градот на светлата и сенките“

    Во градот што никогаш не спие,
    меѓу бетон и сенки што се сечаат,
    нашата љубов тивко расте
    како тревка што пробива помеѓу асфалт.

    Твоите очи ѕвезди во ноќта,
    мојот глас шепот на ветар што доаѓа.
    И покрај сивилото што нè опкружува,
    нашата љубов е како копнежот за шумата.

    Нема потреба за зборови гласни,
    сѐ е во допир и во тивка најава.
    Во градот што иде со брзо темпо, ние застануваме
    ти и јас како дрвја што се спротиставуваат на секачот.

    И кога светлата ќе згаснат за сите,
    ќе остане само нашиот мир и светлина.
    Љубовта ќе цвета меѓу камења и асфалт,
    како див цвет што никој не може да го набере.
     
    На Eunoia и st-el им се допаѓа ова.
  19. Sandman

    Sandman Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2016
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    648
    Пол:
    Машки
    Те пронајдов
    во тишината на ноќта кога беше најтемна,
    без месечевиот сјај,
    кога душава трнееше и тонеше од немоќ,
    дур надежта згаснуваше,
    низ сенки и соништа,
    со безброј прашања,
    ко светлината што не згаснува,
    а толку е лечебна.

    Не во гласот,
    туку во молкот те почувствував,
    во трепетот на воздухот,
    со здивот на времето,
    во секој поглед изгубен,
    украсен со твоето име цветно,
    од тајната на ѕвездите во вселената создадена.

    Те пронајдов не кога те барав,
    туку кога верував,
    дека љубовта не доаѓа со волчјото завивање,
    те допрев со пролетниот дожд што нежно ја бакнува земјата,
    со мирисот на домот по долгото скитање.

    И сега,
    кога очите ти ги сретнав,
    светот во мене престана да бара залудно талкање,
    затоа што те пронајдов,
    не во времето,
    во вечноста,
    во просторот меѓу две отчукувања,
    на едно срце,
    што зрачи со лицето на сонцето.
     
    Последна измена: 23 мај 2025
    На Eunoia, pance24 и sunrise_123 им се допаѓа ова.
  20. st-el

    st-el Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2010
    Пораки:
    815
    Допаѓања:
    5.557
    Пол:
    Женски
    Кога душата боли,
    и песната на славејот
    не повикува со радост,
    не гали со нежен звук,
    и милозвучноста на пијаното
    не допира со сензибилен тон,
    не успокојува со смирен трепет,
    и искрата во очите
    не е повеќе среќна безгрижност
    и весела смеа....

    Кога душата боли,
    сивилото на есенски облак
    ја обзема,
    а зимата е на прагот,
    та врне ли врне,
    во свирепа, ладна ноќ,
    крунисана со морничава темнина
    и еден слеп поглед
    што бара, ли бара,
    излез, врата,
    да се скрие, да побегне,
    од острилото на нејзиното сечиво,
    што секогаш се зарива,
    длабоко и подлабоко,
    претварајќи се во спомени,
    во убава руба,
    што свети и потсетува
    дека тие секогаш ќе живеат тука,
    во срцево...
     
    На Sandman му/ѝ се допаѓа ова.