Ваши дела – поезија или проза

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од Shelea, 7 декември 2009.

  1. st-el

    st-el Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2010
    Пораки:
    889
    Допаѓања:
    6.004
    Пол:
    Женски
    Еден јули, во омарнината на жешкото лето,со врелина ко распламтен оган, се сретнавме ти и јас....
    Подадена рака и скршено его, отворено срце и повредена суета....
    Безброј насмевки и разговори, испреплетени со по некоја шеговита досетка, зачинети со емоција, составен дел на многу дни нанижани во црн, бисерен ѓердан....
    .......
    Друг, поинаков јули, во квечерината на денот што се губи во прегратките на ноќта, те најдов тебе....
    Една душа, понижена од суровоста на зборовите, мртва од куршумот на себичноста, најде утеха во твојата песна, во твојот лет и малите црни бисерчиња кои сакаат безусловно...
    Трепетот на крилцата во дланкава е чиста, искрена љубов што се прелева во очиве, потсетувајќи ме дека чудата се возможни.... :l:
     
    На Aleks.mar и Ѕвездена им се допаѓа ова.
  2. Alizée10

    Alizée10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 февруари 2024
    Пораки:
    384
    Допаѓања:
    480
    Пол:
    Женски
    Кога ќе напишеш како се чувствуваш на парче хартија почнуваш работите да ги гледаш на друг начин. Дните минуваат а, низ нив нежно но, сепак силно се проткајува животот. И додека наоколу те гледам само тебе спомените еден по еден ги снемува. Летниот дожд ги брише сите лоши сеќавања. Позади мене останува сѐ убаво. Доаѓа подруго време. Време во кое ќе влезам моќно. Се прашувам само што ареса кај мене.

    ...
    Не можеш да купиш кичма. Не можеш. Не можеш да купиш среќа, не можеш да купиш образ, не можеш да купиш талент, не можеш да купиш харизма. Кога некој ме повреди тој човек со мене завршил за век и векови. Само пополека излегувам од неговиот живот и со тој човек сум завршила. За тој што не ме сака јас не го сакам пак ни најмалку.
     
    Последна измена: 3 август 2025
    На dromka и Aleks.mar им се допаѓа ова.
  3. st-el

    st-el Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2010
    Пораки:
    889
    Допаѓања:
    6.004
    Пол:
    Женски
    Тивка, летна свежина збогатена со мирисот на дождот кој штотуку престана да паѓа врз мисливе.... Тие, наместо да се смират, хаотично се бркаат, играат криенка, упорно потсетувајќи на тебе.... Всушност, патувањево разбуди делови од меморијава, која сакам да ја уништам како стар, потрошен хард-диск, да ја сокријам од себе, ама ете не успевам... Самокритичноста наместо сојузник, ривал станува, а сакам само да си ја простам мојава наивност и на моменти и глупавост...
    Се борам со потребата да речам прости, но потоа следува прашањето дали суровата себичност го заслужува тоа....како и да е, недостигаш, а не треба, си го посакувам моментот кога твоите зборови повеќе нема да ја допираат душава убаво, но и толку болно...
     
    Последна измена: 5 август 2025
    На Aleks.mar, Ѕвездена и Eunoia им се допаѓа ова.
  4. Peppermint28

    Peppermint28 Активен член

    Се зачлени на:
    20 мај 2024
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    33
    Пол:
    Женски
    Деновите минуваат, со нетрпение го очекувам твојот повик. Зошто се надевам? Зарем вреди? Начинот на кој ме гледаш, само ти можеш така, камо да можев да разберам какви мисли пливаат во тој прекрасен ум? Розите што ми ги подари одамна овенаа, душата ми е како градина полна со нив, која копнее да ја проучиш. Дали сум единствена што го чувствува ова? Зарем само јас неуморно се будам и секој ден живеам со нова надеж дека ќе забележиш? Кога осамнува денот и настапува мрак, градината се исполнува со трња. Секоја роза го завзема местото во мојата душа и тивко и непрестајно го боде срцево. Секој трн е спомен, од нешто што можеше да биде многу, но ти не дозволи.
     
    На hermosa, st-el и Aleks.mar им се допаѓа ова.
  5. Peppermint28

    Peppermint28 Активен член

    Се зачлени на:
    20 мај 2024
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    33
    Пол:
    Женски
    Знаеш ли колку е тешко да се кријам позади маска на другарка? Да ги слушам луѓето како ми се обраќаат во тоа својство? Ме боли тоа што глумам, секој пат, секоја наша средба играм улога во туѓа претстава. Ми го украдоа животот за да не им го расипам пријателството. Молчам, но до кога? Седам до тебе, а не смеам да те гледам, затоа што ќе го видат она што од сите го кријам. Минуваат денови и ноќи, а јас бегам. Бегам од тебе и од нив, само љубовта ме лекува, само Бог е со мене во овој пекол. Да одиме и на крајот на светот, води ме со себе. Ќе дојдам, не се сомневај во тоа, ќе издржам, боли но јас сум силна. Надежта ми дава сила дека еден ден ќе бидам твоја.
     
    На st-el му/ѝ се допаѓа ова.
  6. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.873
    Допаѓања:
    10.071
    Пол:
    Женски
    Не влече секогаш забранетото ,недостапното.Толку ли не знаев да се оттргнам од тебе сама и на време ,па сега сама по патот чекорам .Ти ми подари нешто што го паметам,и уште го чувствувам вкусот на твоите усни на моите .Ме сакаше,јас за тоа не бев способна да ти возвратам ,барем не тогаш .Ти дадов се од себе за да останеш ,и пак замина .Во очите твои повеќе го немаше стариот сјај и блесок на радост ,згасна чкорчето на љубовта.А тоа е се што добив од животот,а чувствата ги дадов на погрешна личност.Телото го дадов на погрешна личност,се промашив.Се пронаоѓам во тебе,тоа е мојата казна сега .Или е неправда,игра на судбината.Кога ќе заврши оваа игра и како?
     
    На st-el и Cutiepie1 им се допаѓа ова.
  7. Peppermint28

    Peppermint28 Активен член

    Се зачлени на:
    20 мај 2024
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    33
    Пол:
    Женски
    Совршеност- многупати се губиме во мисли, запрашувајќи се:” Зарем ова е тоа, ова ли е животот кој ме исполнува?”. Ние луѓето имаме некоја внатрешна, неопислива потреба да ги комплицираме работите. Вистината е во едноставноста. Среќата е во малите нешта. Бараме совршеност во целост, а тоа што вистински ни треба е мир, љубов и едноставност. Силна прегратка после напорен ден, кафе со искрена личност наместо забава со десет лажни, мирисот на пролетта и вкусот на зрели јагоди. Што ако сето ова е доволно за човек да биде среќен? Зошто се стремиме кон повеќе, зошто инсистираме да бидеме робови на светот кога можеме да бидеме слободни со луѓето што ги сакаме?
     
    На Aleks.mar, Ѕвездена, hermosa и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Peppermint28

    Peppermint28 Активен член

    Се зачлени на:
    20 мај 2024
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    33
    Пол:
    Женски
    Морето нежно го навлажнува песокот, секој бран удира во ритам, ритамот на моето срце, кое чука за тебе. Твојот лик е како сончев зрак, кој ми ја грее душата мигот кога ќе те видам. Нежноста која ти ја будиш во мене е тивка мелодија која тлее длабоко во мене. Во сите мои соништа лебдиш ти. Сонцето изгрева, а јас сакам да те бакнам...
     
    На Ѕвездена, st-el и Aleks.mar им се допаѓа ова.
  9. st-el

    st-el Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2010
    Пораки:
    889
    Допаѓања:
    6.004
    Пол:
    Женски
    Студенило и мермерна плоча ја покри душава. Срцето одамна престана да чука во ритамот на љубовта. Погледот го изгуби сјајот на среќата, насмевката присутна вешто ја крие солзата...
    Чемерни дни, ладни ноќи и дождливи утра...
    Тоа е сѐ што остана во мене. И сознанието за живот во илузија.
     
    На Aleks.mar и mira.mira им се допаѓа ова.
  10. st-el

    st-el Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2010
    Пораки:
    889
    Допаѓања:
    6.004
    Пол:
    Женски
    Сакам да се изгубам во синилото на небесата, да се сторам мал облак што безгрижно лебди над животот....
    Сакам да потонам во длабочините на океанот, да бидам шарен корал што засекогаш ќе ја кити темната широчина....
    Сакам пак да бидам дете и безгрижно да ја бркам белата, крилеста пеперутка што нежно, трепетно застанала на оној цвет....
    Посакувам да се сторам во свирепа суша, да го исушам изворот на солзите.... Немилосрдно капат и го гризат срцево, што плаче и не престанува...
    Ете тоа си пожелувам....
     
    На mira.mira и Aleks.mar им се допаѓа ова.
  11. Викторија.

    Викторија. Нов член

    Се зачлени на:
    28 мај 2025
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    15
    Пол:
    Женски
    ПРАЗНИНИ

    Празна сум.
    Исцрпена.
    Секој здив ми бега,
    секој звук ми одекнува
    како далечен плач.

    Рацете ми се ладни,
    срцето ми бие бавно,
    како да се плаши
    да не се распадне во тишината.

    Се гледам во огледалото
    и таму не се гледам себе.
    Гледам само сенки,
    само празнини,
    го слушам уморот како ми шепоти:
    „Се е изгубено.

    И додека светот продолжува да живее,
    јас стојам, тивка,
    исцрпна,
    празна.

    Но во најдлабоката темнина,
    мал шепот ме потсетува:
    ти се уште си тука.
    И посилна си.
    Од таа меланхолична жена која те гледа од спротивната страна на огледалото.

    ВИКТОРИЈА СТОЈОВСКА
     
    На st-el и Aleks.mar им се допаѓа ова.
  12. Peppermint28

    Peppermint28 Активен член

    Се зачлени на:
    20 мај 2024
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    33
    Пол:
    Женски
    Тензијата танцува бавно околу нас, а моето срце трепери. Од една страна ти, а од друга личност со очи како твоите. Од една страна е љубовта, а од друга тајната. Двете се испреплетуваат една во друга и танцуваат околу тебе, но ти не гледаш. Го молам Бог да ми даде знак. Се губам во едни очи, но дали тие ја гледаат тајната која ја кријам за нејзиниот син? Дали душата ѝ ја чувствува оваа длабока вистина која не се осмелувам да ја изустам, па ја затскривам во проза?
     
    На Aleks.mar му/ѝ се допаѓа ова.