1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ваши дела – поезија или проза

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од Shelea, 7 декември 2009.

  1. Sandman

    Sandman Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2016
    Пораки:
    186
    Допаѓања:
    683
    Пол:
    Машки
    Само посакав да те гушнам уште еднаш,
    да го запрам за миг овој луд и брз свет,
    кој не демне,
    и не го можам,
    врз кој газам со чевлите ветви,
    за да стигнам до тебе,
    да ти кажам сè што премолчив одеднаш,
    додека времето ни крои нов и далечен свет,
    без нас,
    каде се губи погледот наш,
    без крилја и насмевка вредна илјада ѕуници неискажани,
    а толку многу сокрива и не издава,
    врз небото модро, сосем случајно набрано со прстите наши, кревки и уморни.
    Само посакав во прегратката твоја,
    да пронајдам мир од сите ладни денови,
    кои ги навјасаа нашиве души,
    во топлото лето,
    да се слеат повторно во твојата и мојата боја,
    со крвта од срцето натопена и запишана,
    исчистени од стари таги и болки,
    од сомнежи,
    за кои верував дека не се можни.
    Но рацеве ми останаа празни во ноќта,
    а мислата како сенка по тебе се уште шета и те бара во немиот поветерец,
    кој ги милува очиве и ги занесува лисјата нежни,
    дур сета снага попушта и се пара од телово, од недостасување за твоето лице,
    насмеано, расплакано и мило.
    Во секое сеќавање ја барам моќта во дамариве,
    да го преживеам прагот на новата есен, која те наговестува со последната капка на дождот,
    што врз дланкиве ми те носи.
    Само посакав, но тишината твоја не ми одговара,
    на желбите кои ќе останат само сон,
    со кој се векува и умира без крај.
    И додека срцево по тебе сè уште талка,
    те гушкам во мисливе,
    на некој невидлив,
    изопачен и необичен начин,
    за да се излажам себе си уште еднаш,
    дека повторно ќе ми се случиш и повторно ќе те гушнам,
    но овој пат, засекогаш.
     
    Последна измена: 8 септември 2026
    На valkyri, Aleks.mar и mira.mira им се допаѓа ова.
  2. valkyri

    valkyri Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2024
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    100
    Пол:
    Женски
    Понекогаш како ноќва,
    се прашувам каде ги оставив моите соништа,
    каде загубив дел од себе,
    на кое почивалиште да ги најдам..
    И барам упорно чекор по чекор,
    а со секој чекор парче надеж закопувам под земјата,
    со секој чекор подлабоко и подлабоко,
    таму каде ни сончев зрак не продира,
    ни месечината не милува
    та дури и темнината бега од мојата надеж,
    чиниш проклета е,
    чиниш од лоша крв задоена е,
    од лошо семе изртена,
    само плевел,
    изгорен во еден летен здив,
    чија пепел ми ги гори очиве,
    и веќе ништо не гледам,
    и веќе ништо не барам,
    знам што ме чека таму некаде,
    само крст и епитаф на него.
     
    На st-el и Aleks.mar им се допаѓа ова.
  3. st-el

    st-el Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2010
    Пораки:
    983
    Допаѓања:
    6.287
    Пол:
    Женски
    Душата ти е светла, зборува со добрината и кроткоста..... Колку пати досега се засрамив од твојата несебичност и пожртвуваност,од твојата поддршка - дури и во најтешките моменти за тебе ти помисли на мене и малечкото....
    Некогаш беше жена - карпа, со утешен збор знаеше да смириш и успокоиш, а сега староста полека те зема во прегратките,во нејзините пазуви кои болат, изнемоштуваат и постепено го гаснат животот....
    Ти посакував и сеуште ти пожелувам мирни и достоиствени дни поминати во здравје и виталност, ама веројатно не било пишано така....
    Ноќва само солзиве сведочат колку многу може да боли срцево од нечија тажна, тешка судбина.....
     
    На bubemconia и Aleks.mar им се допаѓа ова.
  4. valkyri

    valkyri Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2024
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    100
    Пол:
    Женски
    Знам

    Знам се,
    и тоа што се крие како епитаф во зборовите твои,
    и она премолчаното, неискажаното,
    во дамарите љубоморно што го чуваш.

    Знам и кога љубиш, чезнееш,
    како звездите по своето небо,
    па копнежот ти растргнува одвнатре,
    како крволочен волк парче месо,
    до гола коска,
    до морничав крик..
    И боли,
    боли како илјада жигови истовремено
    што ја горат кожата,
    горат воздишките,
    гори немирот,
    горат бедрата,
    тела испреплетени,
    горат усни полни зборови неизустени,
    безбојни,
    па само крвта моја им ја гаси жедта.

    Знам и кога се плашиш,
    кога чекорот ти оди наназад во минатото можеби,
    и бегаш, со тешки нозе бегаш,
    од мене или од себе не знам,
    ти се пресликува отсутноста во очите,
    зборот,
    на лицето,
    и гласот незнаен,
    а мене присутност ми фали,
    и врел здив кој живот вдахнува.

    Знам и дека има и ден и ноќ,
    а сепак честопати
    само целосен мрак околу мене,
    знам дека е еден универзум,
    а во мене два војни војуваат,
    знам дека срцево до сега многу пати умирало,
    а сега пак воскреснува со тебе.
     
    На Aleks.mar, John Snow и st-el им се допаѓа ова.
  5. FriendOfDorothy

    FriendOfDorothy Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2024
    Пораки:
    2.983
    Допаѓања:
    25.165
    Како реагирате кога ќе налетате на пастув со самодоверба?

    Али онаа тивка, ненаметлива, поткрепена со интелигенција, ослободена од ароганција...

    Дали одите на прсти,
    застанувате,
    за да не го исплашите?

    Дали си велите:

    Псссст...
    не прави нагли движења,
    може да исчезне.


    Дали го прашувате
    од каде е дојден
    и дали има уште такви?

    Можеби е еднорог.

    Да, еднорог бил, еднорозите се почести.

    Ова е нешто многу поретко.

    Пастув со самодоверба.

    Дороти Ќулавкова.
     
    Последна измена: 16 септември 2026
    На Aleks.mar му/ѝ се допаѓа ова.
  6. st-el

    st-el Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2010
    Пораки:
    983
    Допаѓања:
    6.287
    Пол:
    Женски
    Ноќва кога залезот на летото
    полека, бавно догорува
    во нечии очи
    и кроцум се прикрадува до моиве мисли
    што немирно талкаат низ минатото
    и нечујно бараат во спомените,
    ноќва кога темнината шепоти
    со зборови безгласни,
    но силни и стаменити,
    а совеста бара прочка
    во оправдување на постапките,
    вечерва кога едно срце заробено од љубовта на некоја друга,
    копнее,
    умира и пак се раѓа
    во оганот на посакувањето,
    исчезнува и пак воскреснува
    во нежноста на емоциите,
    заспива и повторно се буди во словото на вечноста,
    вечерва кога мислата војни војува со неизвесноста на утринските мугри и со молитва им се обраќа,
    да исполнат желба одамна посакувана,
    исконска и скриена во плачот на нероденото,
    еден збор брановито одекнува низ времето - прости.....
     
    На Aleks.mar и valkyri им се допаѓа ова.
  7. st-el

    st-el Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2010
    Пораки:
    983
    Допаѓања:
    6.287
    Пол:
    Женски
    Има...
    Има едно мало сонце
    покрај мене вечерва,
    што свети во ноќта и на месечинката ѝ се смее,
    што сончето тивко го гали и приспивни песни му пее,
    што прегратката
    во спокоен допир го успокојува,
    нишка и шепоти,
    расти голема, среќна, безгрижна....

    Постои сега...
    Постои сега едно мало бебенце,
    со усте ко шумска јаготка млада, црвена и штотуку созреана,
    со очиња ко океани, модри и темни осветлени од месецот-чувар на детските тајни,
    со лице тркалезно
    ко погачка, ровка и снежно-бела,
    со косиче, црно и густо
    ко коприна,
    со носе малечко, минијатурно,
    ко чоколадно бонбонче....

    Се роди,
    се роди една голема љубов,
    облагородена со мојата среќа,
    која секој ден се поголема е,
    која секое утро се посилна е,
    а секоја вечер се понежна е,
    се роди моето С......
     
    На valkyri и Aleks.mar им се допаѓа ова.
  8. valkyri

    valkyri Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2024
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    100
    Пол:
    Женски
    Зошто усните ни занемуваат,
    а толку многу имаат за кажување,
    зошто се мора да се мери и сече,
    за помалку болно да биде,
    кога либелата одамна се скршила,
    и ништо веќе не е исто.

    Зошто да не можам да испеам љубов,
    да танцувам заводливо со муграта,
    да напишам сонет за твоите очи,
    накитени со смарагден немир,
    што неуморно ги криеш од месечинката што ги бара.

    Зошто да не трчам босонога,
    со илјада пеперутки во косиве,
    и чекор што ја милува тревата,
    како вино нечии усни во ноќта,
    во кои се собрал сиот копнеж,
    од кој горат телата на блудните,
    што ги оставиле зад себе сите окови
    и се предале на ноќта без страв.

    Зошто да не се искапам гола,
    во длабочината на една солза,
    која ги знае сите вистини,
    од кои душата повторно се раѓа,
    слободна и бестрашна во ноќта,
    без минато,
    без спомени,
    без бреме,
    сосема невина и чиста,
    фрлена во грев од еден допир незнаен.

    Ако сепак замолкнам во ноќва,
    нека ме убие неискажаното,
    нека згасне сета светлина во очиве,
    и таа една искра што танцува во срцево како заборавена молитва.

    Нека остане само тишината,
    тешка како свештенички крст,
    што ја носам во себе од раѓање,
    па нека замолкне се она што некогаш горело на усни,
    пеплосано со последниот здив.

    Ако некогаш пак замолчам,
    никогаш повеќе нема да пропеам.
     
    На Aleks.mar и st-el им се допаѓа ова.
  9. valkyri

    valkyri Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2024
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    100
    Пол:
    Женски
    Ноќва е навидум сосема обична,
    со октомвриски бои прошарана,
    а јас нејзина сенка на прозорецот,
    треперам како свеќа на поветрец,
    додека молкот се одбива како бумеранг,
    од сите четири ѕида,
    и одекнува уште појако,
    и продира уште подлабоко,
    во секоја моја пора се впива,
    како мастило на парче хартија истурено,
    па воздухот наеднаш станува потежок,
    чиниш душите на покојните се разбудиле,
    или тоа можеби мојата умира,
    па мириса на неподнослив трулеж и јад,
    додека гавранот трпеливо стои
    до часовникот на смртта,
    кој врти како огнена ветерница,
    па саатите ги претвора во секунди,
    со крилјата го сече времето,
    и се она што се сокрило во него,
    на парчиња толку ситни,
    што никогаш повеќе
    нема да се состават,
    а моето тело лежи неподвижно,
    бледо како месечева светлина во ноќта,
    додека со последниот зрак во зениците,
    гледам како темнината
    сурово голта се што ми останало,
    без да праша,
    без да се извини,
    како никогаш да не сум постоела.
     
    На Aleks.mar и st-el им се допаѓа ова.
  10. Sandman

    Sandman Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2016
    Пораки:
    186
    Допаѓања:
    683
    Пол:
    Машки
    Дали може некој толку многу да ти недостасува,
    има ли мерка љубовта,
    кога си дете или маж,
    или само длабочина во која се губиш и самиот себе си,
    носејќи ги очите искрени,
    прашувајќи се дали убавото поминува за миг,
    за да остане тагата вечна,
    зошто мора да постои бол и непребол,
    толку присутна што минува и не заминува,
    како она што ти се чини дека е преголемо во утрото,
    а најмалечко кога ноќта му го зема здивот.
    Дали есента си ги собира своите лисја овенати врз дланките,
    за да ги роди во пролетта нови и поубави,
    немам одговор, само сум без глас.
    Не сум умен зошто тишината ми прилега,
    зошто јас, покрај толку ѕвезди на земјава,
    кога сум искажан без драма,
    лесен и едноставен,
    за животот да ме пороби,
    без чувство на срам,
    во кафез да ме стори.
     
    Последна измена: 11 октомври 2026
    На Aleks.mar и valkyri им се допаѓа ова.
  11. valkyri

    valkyri Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2024
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    100
    Пол:
    Женски
    Кога болката е толку силна,
    та мислиш воздухот од градите ти го краде,
    и не знаеш како здив да земеш,
    а очите ти гледаат темни патишта без патокази,
    па се губиш во некој свој лавиринт,
    илузија на сегашноста,
    од кој ни ѓаволот не гледа излез,
    тогаш застани и само замижи,
    без мисли,
    без стеги,
    без сенки,
    ранлив како новороденче,
    кое очајно бара утеха во мајчини гради,
    и за прв пат чувствува што живот значи,
    само замижи ти реков,
    и не,
    нема да осетиш сончевина да те помилува,
    нема утро што веднаш ќе те спаси,
    но затоа еден зрак месечинка,
    ќе те води тивко во ноќта,
    денови, месеци, години...
    колку и да треба,
    ќе биде твоја сенка што те чува,
    од самиот себе,
    од се што носи болка и тага,
    се додека крвта не засири,
    и рана не се залечи,
    се додека не остане само лузна,
    како вечен сведок,
    на едно минато,
    на кое ќе се сеќаваш,
    со насмевка.
     
    На sunrise_123, Sandman, Aleks.mar и 2 други им се допаѓа ова.
  12. valkyri

    valkyri Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2024
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    100
    Пол:
    Женски
    Понекогаш се е толку јасно,
    а сепак очиве не го гледаат тоа,
    залепени од некоја
    бесмислена илузија,
    забрането посакување,
    кое душата решила да не го пушти,
    иако неуморно ја ранува,
    мазохистички од неа би рекла.

    Ама и срцето ми е такво,
    кршено, лепено,
    изневерено, изгазено,
    со години измачувано,
    со лузни наместо вени прошарано,
    но се уште низ него тече крвта моја,
    посилна и потешка од кога било,
    што ми го крепи телово
    да не се предаде,
    да не се распадне.

    И тогаш месо за коска се залепи,
    и здив во гради се врати,
    во очиве универзумот се откри,
    со сите негови тајни и мудрости,
    како слепец да прогледал
    се осетив и сфатив,
    дека не сум создадена
    од нечие присуство,
    ниту ќе исчезнам
    во нечие отсуство.

    Не секој што ми ја разбудил душата,
    заслужува да остане во неа,
    оти тој самиот без душа оди,
    не секој што запалил оган во мене,
    знае како да ми го стопли телово,
    оти тој самиот мраз во срцето носи,
    не секој што ме натерал да чувствувам,
    заслужува да стане причината поради која страдам,
    оти тој самиот со смрт се родил.
     
    Последна измена: 13 октомври 2026
    На sunrise_123, Sandman, Aleks.mar и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Sandman

    Sandman Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2016
    Пораки:
    186
    Допаѓања:
    683
    Пол:
    Машки
    Ноќва,
    нека ти се отвора душата ко цвет во мугра,
    остави ја поезијата со сончеви прсти да ти ги милува и бакнува раните во срцето,
    претворајќи ја болката и тишината во исцелителни стихови и почеток на една нова, силна ти.
    Испушти го здивот што тежи во градите,
    ослободи ја секоја мисла што те приковува длабоко во земјата,
    за од неа да изртиш,
    нека потече мастилото на зборот ко лековита вода,
    капка по капка во ноќва пред тебе,
    да ти го врати одот,
    оној твојот што подрипнуваше покрај мене,
    и не плаши се од празнината,
    таа е само простор,
    каде светлината допрва треба да се роди.
    Секоја рана што сè уште те пече и наболува под кожата,
    ноќва нека добива име, глас и крилја,
    тие не се твојот крај, туку твојата моќ,
    воскрес од маглата и патоказ до нови хоризонти.
    И сега добро запомни го ова,
    бакнежот на темнината не е казна,
    туку штит,
    за душата да си ја вратиш, цела, чиста и света,
    а мојата, таа моја палава душа,
    ќе биде само твоја и ничија друга,
    нека те крепи засекогаш.
     
    Последна измена: 16 октомври 2026
    На Aleks.mar и valkyri им се допаѓа ова.
  14. st-el

    st-el Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2010
    Пораки:
    983
    Допаѓања:
    6.287
    Пол:
    Женски
    Вечерва е тивка,
    во темна руба облечена,
    во црнила накитена,
    ко млада невеста разубавена,
    во изворот на младоста искапена
    во боите на есента различена....

    Вечерва е спокојна,
    само острината на северецот
    се насетува,
    само песната на стариот ут
    повикува,
    на нешто исконско, древно и
    во зародиш усмртено,
    за навек упокоено
    и во вечност сторено....

    Вечерва е нежна,
    украсена во лично ѕвездено небо,
    што свети и трепери во ноќта,
    та надополнува и смирува,
    и во мојава душа се пресликува,
    во моево срце се раскрилува,
    ко приспивна песна одѕвонува,
    со ангелски глас најавува
    исполнување на една желба
    престорена во среќа и мир...
     
    На valkyri и Aleks.mar им се допаѓа ова.
  15. valkyri

    valkyri Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2024
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    100
    Пол:
    Женски
    Недостигаш понекогаш,
    па те барам во тишината на зборовите,
    те барам меѓу редовите,
    низ испишаните страници,
    и низ оние празните што останаа,
    а и јас не знам што барам,
    дали тебе или себе,
    таква шашава и спонтана,
    каква што можев само покрај тебе да бидам,
    со детска душа, а страст на жена што се разбудила,
    и насмевка како полумесечинка на лицево,
    чиниш сета радост на светот
    се собрала во мене,
    и не прашав колку долго ќе трае,
    не знаев дека толку кратко ќе трае,
    а сепак може ли времето да ги измери спомените?
    Две илузии или две вистини,
    или илузија и вистина,
    не знам што бевме,
    не знам ниту што сме,
    еден свет собран меѓу два збора можеби,
    а тишината уште го чува она што не го кажавме.

    Само знам дека не завршив,
    таму каде што замолкнавме.
     
    На Aleks.mar, sunrise_123, Sandman и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Sandman

    Sandman Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2016
    Пораки:
    186
    Допаѓања:
    683
    Пол:
    Машки
    Есенско небо

    Се затвора кругот на златниот раскош,
    во прстен од сеќавања,
    сега небото влече плач од тешкото сивило,
    чиниш болка вековна лекува,
    а во душава огледани окер и темно,
    дур врз земјата модна,
    немирна тишина се прелила.

    Облаците тешки, пловат ко лаѓи од олово,
    носат во себе и тага и дожд,
    зарем не е романтично и идилично,
    дали сум тоа јас,
    нежен и кревок,
    пред сонцето плашливо,
    истекувам во своето липање на глас.

    Птиците во јато се распрснале ко букви на хартија,
    му пишуваат збогум на синиот свод,
    а ветрот ги мати небесните бои,
    со четка натопена од крвта,
    дур погледот ми темнее,
    а срцево ми црнее.

    Но, дури и во овој есенски меч,
    има некоја чудна и меланхолична моќ,
    небесна убавина што не учи,
    дека секој железен залез,
    ќе разбуди уште една пролетна ноќ.
     
    На valkyri, Aleks.mar и Elf им се допаѓа ова.
  17. valkyri

    valkyri Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2024
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    100
    Пол:
    Женски
    Посакувам бакнеж,
    од кој месечинка ќе ми заспие на градиве,
    а усниве ќе распукаат како црвени булки во утробата на ноќта,
    посакувам прегратка,
    во која стивнуваат сите урагани,
    и веќе не боли светот,
    посакувам допир,
    од кој ќе остане отпечаток на душава,
    после кој,
    ни сопствената кожа
    нема да ме препознава,
    посакувам љубов,
    страстна како жив оган под кожава,
    дива и перверзна како најскриена желба во грешни очи,
    опасна како поглед што те соголува до твоите урнатини,
    длабока како бездната на ноќта
    во која почиваат блудните,
    онаа љубов која те опседнува како демон,
    што умот и мислите ти ги заробува во своите пранги,
    па дури и сонот веќе не ти припаѓа тебе,
    а копнежот ти го претвора во грев,
    од кој целото твое битие престанува да дише, да постои,
    без разум и совест,
    се додека не исчезне се
    со него,
    и остане само еден грешник
    кој во својата пропаст
    конечно го пронашол својот олтар.
     
    Последна измена: 22 октомври 2026 во 22:10
    На st-el му/ѝ се допаѓа ова.
  18. valkyri

    valkyri Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2024
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    100
    Пол:
    Женски
    Полноќно ѕвоно,
    во мисливе нечии чекори
    тивко одѕвонуваат во мојата тишина,
    и носат еден добро познат мир,
    како молитва на душава,
    и милост како нежна игра на пеперутки
    кои танцуваат со леснотија,
    слично на нас,
    кои без подвиткани плеќи
    газиме некои чудни години,
    со синхронизирани насмевки,
    во некоја паралелна димензија,
    кај што сини пролетни дождови
    ми ги мијат очиве,
    ми ги квасат усниве,
    а ластовичките ги носат своите арии,
    и се е повторно зелено,
    како бршлен обвиен околу моето тело,
    кој ме храни со своите корења,
    длабоко сокриени во
    некои одамна заспани светови,
    каде што две безимени души
    се уште си ги препознаваат сенките,
    низ некои туѓи животи,
    и тивко пулсираат
    под кожата на времето.
     
    Последна измена: 24 октомври 2026 во 00:36
    На st-el му/ѝ се допаѓа ова.