1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ваши дела – поезија или проза

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од Shelea, 7 декември 2009.

  1. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.649
    Те гледам ѕвездо далечна!
    Качи се повисоко, јас ќе те дофатам.
    Ослепи ме со твојата светлина,
    јас пак ќе оздравам.
    Имам мелем,
    минатото ми го подготви.
    Не плачи ако повеќе не светиш,
    па јас сум те дофатила.
    Јас сум сега посјајна!
    Не биди љубоморна,
    јас пак ќе бидам осамена.
     
    На happygirl и skyAngel им се допаѓа ова.
  2. OzzyAngel

    OzzyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2010
    Пораки:
    1.884
    Допаѓања:
    1.225
    Љубовници

    Се кријат од другите тие,
    а таа никогаш во негов кревет не спие
    знае- ноќва друга од усни му пие
    а тој неверството вешто го крие

    Мирис на женски парфем
    во неговата спална како да е отровен!
    На сред разговор- телефон затворен
    дошла сопругата порано од работа тој ден

    Плачат кога се заедно, хммм... љубов??
    А ја осудува да биде “друга“
    не ја носи во неговиот круг
    си има за таму сопруга

    Машко име во негов именик,
    пораки со љубов, а безимени!
    Љубовта над него и е одземена
    таа му е само сексуална замена!
     
    На Плоко Поетот, donna.17, kate21 и 2 други им се допаѓа ова.
  3. jassna

    jassna Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2009
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    2
    ****Судбина****

    Ана и Боби се знаеа од мали нозе.Другаруваа, ги живееа детските денови заедно, делеа се дури и лебот кој нивните родители макотрпно го заработуваа.Не се ни осети времето кога тие станаа тинејџери кога лудуваа во своите средношколски денови, кога го запалија своето прво цигаре, кога ја испија првата чашка алкохол.Овде ви средношколските денови тие го остварија и нивниот сон, се сличи и нивниот прв бакнеж кој и двајцата не веруваа дека ке се случи тоа.После матурирањето и двајцата го продолжија своето школување, докторираа и двајцата.Се сакаа многу, си веруваа еден на друг.Го правеа она што го сакаа, си го живееја животот онаков каков што сакаа како од бајките.Се вработија и двајцата во државната болница беа едни од најуспешните доктори кој за брзо време се збогатија и го прошетаа светот.Нивните родители беа пресрекни што имаа такви деца се гордееја со нив.Откако го прошетаа го погледнаа светот во друго светло Боби реши да ја побара Ана за жена.Тогаш како целиот свет на Ана да се сруши, целата пребледе и почна да плака.Од нејзините очи зелени почнаа да течат болни солзи, на нејзинито лице се познаваше дека сака да му каже нешто но немаше храброст.

    Тогаш силно го прегрна и го праша дали ке ја прифати таква каква што е? А тој бидејки знае дека ја познава од мали нозе со драго срце и рече па мила зошто прашуваш...знаеш дека те сакам ? Ана уште толку се расплака знаеше дека ако преговори за тоа што го чува во себе можеби ке го изгуби Боби.Но некако доби храброст и знаеше дека ова и е единствена шанса да преговори и да му каже.Почна низ солзи да зборува дека таа со години криела нешто од него незнаела како да му каже бидејки се плашела да не го изгуби.Тој зачудено ја гледаше и не и веруваше што зборува.Таа продолжи со зборувањето....направив некој испитувања и резултатите покажуваат дека неможам да имам деца, моите полови клетки се оштетени единствен начин ми е вештачкото оплодување-INVITRO.Боби како склуптура стоеше не велеше ништо, во неговите очи се појавија капки солзи но бидејки беше премногу горд на себе не дозволи пред неа да заплака ја прегрна и ја бакна, набрзина истрча и не рече ништо.Ана остана сама обвиена со тага и гнев, се покаја што му кажа но знаеше дека кога тогаш мораше да преговори.Поминаа недели, месеци тој не се појави не се ни јави да кажеше збогум, даде и отказ од болницата.После година дена Ана почна да не мисли на него знаеше дека повеке нема да го види и се навикнувасе на животот без него.Реши повторно да се забавува, да го продолжи својот живот без него иако веке наполни 26 години.Сите и завидуваа на нејзината убавина имаше милион понди за пак да започне врска но таа ги обиваше бидејки живееше со помислата дека секој нареден би ја напуштил.Другарките ја убедуваа дека било што било и поминало, дека треба среката да си ја испроба со друг.Така Ана една вечер запозна еден згоден млад дечко кој беше 2 години постар од неа.Почна полека да го прифака иако сеуште го сакаше Боби, иако сеуште копнееше тој да се врати назад.Се запознаа, излегуваа дури понекогаш заедно одеа на шопинг.Александар се обидуваше на секој можен налин да ја насмее, да ја усреќи, повторно да и ја врати насмевката.Ана со текот на времето се повеке и повеке се менуваше од онаа тажна и намуртена девојка се врати повторно во старото јас но овој пат со похрабро срце.Александар ја знаеше целата приказна зошто Ана прекина со Боби, зошто таа долго време остана затворена дома одвоена од својата средина.Додека Ана го поминуваше времето со него, цело време се прашуваше зошто иако Александар ја знаеше целата нејзина сторија е толку фин кон неа, а таа се повеке и повеке му се доверуваше нему.Еден ден собра доволно сили за да го праша зошто, иако срцето и трепереше икако и беше обвиено со стра да не погреши.А тој тогаш толку силно ја прегрна и и кажа дека ја сака најмногу на свет.Дека ја прифака таква каква што е, без разлика што господ не ја дарил со плодност.Срцето на Ана беше толку срекно од зборовите на Александар, не знаеше дали сонува или не, и просто не веруваше.Почна да плака да го прегрнува Александар и да му кажува колку го сака а тој така изненаден застана и и кажа да повтори што му кажа. „Те сакам“-вели таа.И во неговите очи се најдоа слози радосници бидејки досега Ана не му беше кажала дека го сака.По извесен период Александар ја побара Ана за жена таа без двоумење прифана.Отидоа на меден месец, си поминаа како во бајките од цртаните филмови, тој и овозможи се што таа посака, си дојдоа по месец дена со полни кутии подароци за најблиските. По неколку месеци и двајцата одлучија дека сакаат да имаат бебе.Знаеа што ги чека каков тежок момент но сакаа да видат дали ке им успее, одлучиа Ана да се оплови вештачки-INVITRO.Таа имаше желба ако се биде во ред детето да е машко, а на Александар не му беше важно што е сакаше само Ана да биде во ред и детето да се роди здраво и живо.Година дена трчаа по болници, од врата на врата тропаа се молеа да им се оствари најголемата желба и Господ како да ги послуша нивните желби.После маката која е вложија таа година господ ги награди со едно здраво машко дете, поточно кажано и и ја исполни желбата на Ана.Порагајот помина во најдобар ред сите беа среќни плакаа од радост.Како одминуваше времето малиот Марко растеше, живееше во семејство полно со љубов, почна да ги изговара и првите зборови, почнаа да му растат и првите запчиња а наскоро ги направи и првите чекори.Ана секој ден беше сонего, се грижеше занего му ја подаруваше мајчината љубов.Еден сончев ден решија сите тројца да испаднат да го прошаат малиот Марко низ паркот во градот, а тој ден сонцето ги беше измамило сите да испаднат надвор и младо и старо да прошетаат.Така шетајки се по кејот на реката, разговараа се смееја и забавуваа.Застанаа да си поиграт малку во паркот со Марко да го истрчаат по зелената трева каде имаче и други млади брачни парови со своите деца.Играјки си така еден момент Ана го смени изразот на лицето и зачудено гледаше во една точка, му кажа на Александар дека ке отиде до фонтаната да се напие вода се врака набргу.Чекореше кон зацртаната точка незнаејки дали постапува правилно но знаеше дека ако не отиде докај него ке се кае.Како што се повеке и повеке се наближуваше не и веруваше на сопствените очи.Да, тоа е Боби прешепоти и застана пред него.А тој пак како да небеше тој, од угледно стабилно момчесега беше претворен во скитник кој нема дом, кој проси за да преживее.Не беше тој некогашниот Боби избричен, среден, стокмен и убаво намирисан, сега нанего носеше едни прталави панталони, искината мајца и во раката држеше шише со алкохол.Тој кога ја виде неа се вкочани и ги отвори широко неговите очи сакаше да ја прегрне, но Ана не му дозволи само му кажа види во што си се претворил во чудовиште.Да беше некој друг би поверувала но дека ова си ти не...она дете кое игра во паркот со својот татко можеше да биде твое...да тоа е мојот син, добив здрав и жив син, се омажив и бракот ми е супер.Ана стана се заврти и си замина, а Боби седејки потпрен на ѕидот почна да плака и да ја моли Ана да се врати, но залудно се обидуваше.Ана се врати кај семејството и го замоли Александар да си заминат дома.Додека се вракаа назад кон дома Ана цело време траеше сеуште неможеше да си поверува за сликата која ја виде пред некој момент.Утредента му кажа се на Александар за вчерашната случка, тој само ја погледна и и кажа дека тој дознал дека Боби пред неколку години се оженил, но неговата жена го изневерувала и се развеле, така тој се одал на алкохолот и коцката.Се коцкал така што стасал до хиоптека на својта кука.Му ја земале куката и тој завршил на улица каде ден денеска е бездомник.
     
    На ecen4e му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.257
    Допаѓања:
    43.755
    Овдешна

    Ајде да основаме
    малечка империја
    во двор
    или во мал агол од некое наше заедничко видување.



    Моите чевли да бидат твое засолниште
    да наоѓаш вечна инспирација
    од моите влажни очи од умор
    или... под здолниште.
    Купи ми бакнеж за роденден
    залепен со милион грамови верност
    а јас ќе бидам твојата ноќна светилка
    врз купот умор и музика.


    Ќе бидам твој памук
    врз железни времиња
    жена што може да те види
    и кога скриено сонуваш.


    Силата може да се преслика
    во заедничката миризба.
    На пултот на животот.
    Јас сум твоја и незаменлива.
     
    На FBI, Theodora, renata77 и 7 други им се допаѓа ова.
  5. Trikson

    Trikson Нов член

    Се зачлени на:
    27 август 2010
    Пораки:
    130
    Допаѓања:
    35
    The Champion



    You were...lost and alone, on the battlefield of love
    with no way to shield yourself from the pain
    falling down...again and again...
    surrounded by fire and wishing for the rain.

    You...were living life trapped in the depths of your mind
    with an iron case, fence to your heart
    not being able to trust in anyone...
    For too many times you've been thorn apart.

    But...

    Can I be your Champion, my Lady ?
    Rescuing you from all your pain
    Carrying you off the battlefield,
    Through the fire and after the rain.

    Tending to each emotional wound
    while dusting off that old iron case
    making right all the wrong that was done to you
    pitting that shinny glow, back on your face.

    And you will be...
    all the grace of this soul of mine,
    the beat of my heart,
    and a pulse, into my life.

    If you let me...

    I can be your Champion, my Lady
    rescuing you from all the lust demons
    carrying you on the wings of tomorrow
    trough the dark clouds, on a way to the sun.

    All these words I say to you,
    might come as a surprise
    Because of all the other champions my Lady, that came in your life
    telling you nothing but lies
    I can tell you to trust me...
    with all you've been trough...
    ...and...
    everything I say here, I say because I truly love you.
     
  6. ecen4e

    ecen4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 август 2010
    Пораки:
    81
    Допаѓања:
    27
    uste nesto od mene:

    My love

    My minds are full of you yeah yeah yeah uohh
    Those sweety lips i seem them in my dreams ohh
    I will give everythink to see you again
    But i am not sure that that will hapend
    Every night my wish is you
    I just wanna be your ouhhh
    But you don't wanna be mine uohh
    What else can do to be with you?
    I sware to God that the future will be what i want
    Shame I never makes that come true oohhhhh
    The stars wouldn't shine for us
    I never ever gonna be me again ohh nooo
    Now I wish to make the past right
    To make that meeting that we had to not hapend ouhhhh
    Why,Why you always make me cry
    Why,Why this hapening to us
    Whyy,Whyyy I can't make my dream ohhhh
    This is the last tear for you
    And the last thing i ever wish to come try
    Now I am so alone...
    I am diyng so alone....
    So tell me what to do
    This song has been OUR TRUE.
     
  7. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.257
    Допаѓања:
    43.755
    Вторник

    Посетата на продавницата за книги
    дипломирањето на Лени
    Џеф Бакли и ситуацијата:
    "знам што сакам, ама којзнае дали ќе го добијам",
    температурните разлики
    овој ден полн исечени вени
    зборува.



    Шарени лакови
    и трк до автобуска
    Изгубена сум во денов
    како во магла гуска.
    (наивна рима, зошто е вторник)


    Здив уморен, удавен во пиво
    лаптопот нема батерија
    дома сум и храбра сум
    само кога им мафтам на кучињата од кола.
    Сонувам будна
    сакам да ме гушкаш
    и добив многу пари, случајно
    немој да мислиш дека сум чудна.



    Си цртам со очи,
    килими магични, розеви патики
    дремам на работа
    и се отрезнувам
    кога главата почнува да ми кочи.


    Вторник
    Ден за секс.
    А јас само пиво.
    На екс.



    (и онака кога сме уморни, радо би заспале).
     
    На Плоко Поетот и Sweety-Tweety им се допаѓа ова.
  8. Trikson

    Trikson Нов член

    Се зачлени на:
    27 август 2010
    Пораки:
    130
    Допаѓања:
    35
    Прозорче


    Постојат, многу прозорчиња на светов
    некои гледаат во дворовите
    некои на улиците...
    понекои во зидовите,
    а некои во океанот.

    И јас имам прозорец
    мојот, гледа кон тебе...
    малку замаглен од надвор е
    но од внатре сеуште ја чува сета топлина
    однадвор е како снегот чист и ладен
    а одвнатре жежок, како сонцето е...топол.

    На прозорчињата има рамки
    некои се метални, како затворски решетки се...
    некои се дрвени, како оградите што се
    понекои се од пластика, и се виткаат
    а некои пак се отворени....

    A и рамка имам на прозорецот
    мојата е со 5 дела
    ја направив така, за да можам
    да ги нацртам, сите симболи на љубовта
    со прст и топол здив, кога сум на прозорецот......дишам, тебе да те вдишам само...
    прозоршето мое, кое сеуште гледа кон тебе.
     
  9. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.649
    Ти си пелин.
    Ти си мој џелат.
    Срцево на кол го набиваш,
    душата моја на лед ја фрлаш.
    Прави што сакаш!
    Јас сум наивна,
    заљубена,
    поразена.
    Крадеш од достоинството мое.
    Ако, се нека е твое.
    Ноќва си чувар.
    Ме штитиш од мојата психа.
    Не, не ми е растроена,
    јас сум само вистинска!

    Ме кубиш,
    палиш оган на мојата слабина,
    ги гризеш усните мои,
    ја одземаш невиноста, најмилото.
    Ти си владетел на моето тело.
    Ги стегаш колковите снажни,
    дивееш и копнееш за повеќе.
    Цицаш ко вампир од женственоста моја.

    Јас сум мазохист,
    повредувај ме!
     
    На mysterious му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.257
    Допаѓања:
    43.755
    Тикови

    Зариени нокти
    во денов, без многу страв
    и страст
    Ќе грабаме од она што ни останува
    додека не остане
    само прав.



    Мислев, филм е.
    (и беше, во право сум била)
    лулање на погрешно игралиште
    искористена потенцијална сила.


    Проверување
    до проветрување
    ништо да не помине
    низ паметот
    само сеќавање
    на музика
    Што ако ја чујам.
    Сепак.
    Ќе фатам ритам.



    Подобро не сме биле никогаш.
     
    На Sweety-Tweety му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Trikson

    Trikson Нов член

    Се зачлени на:
    27 август 2010
    Пораки:
    130
    Допаѓања:
    35
    Rose Red

    Her lips and her dress
    they're both in passion red
    she thinks that's how she can hide
    the pain she feels inside...

    And she comes out every night
    to soak up the lights from the stars
    her perfume, in the form of a voice that she has
    just fills the air...
    ...consuming all the attention around...


    But rose red is looking for the truth in somebody's eyes
    willing to believe in someones lies
    Red rose's petals have been crushed along the way
    ...she's just growing sad, every day.

    One more drink, one more song...one more dance...one more chance...
    she need someone to hold
    when the night is growing old
    she needs someone to keep her away, from the cold
    and if you don't mind the thorns
    she'll take you in, keep you warm...


    Lying in the dark, in a bed of roses and broken hearts...one more...
     
  12. angel4e121

    angel4e121 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2010
    Пораки:
    687
    Допаѓања:
    291
    Ова не е мој расказ на една другарка е но бидеќи таа не е на форумот јас го објавувам :)

    ‘’КОГА СКРШЕНОТО СРЦЕ ПОЧНУВА ДА ЗБОРУВА’’
    Кога скршеното срце почна да зборува,во очите ми светна една блескава бистра и искрена солза;која никој не ја виде,дури ни тишината со која бев опкружена бидејки ја задржав длабоко во мене недозволувајки и да капне...
    Ноќта беше тивка и мирна...
    На небото блескаше светла месечина....
    Воздухот беше студен,но носеше во себе некоја необична пријатност...
    Длабоко воздивнав и го вперив погледот кон тоа мирно небесно море по кое пловеше сјајниот месец и тивко реков:
    ,,ЧУДНО...ИСТА НОЌ КАКО ОНАА КОГА...,,

    Моите зборови лутаа во тишината,покрај широко отворениот прозорец,во празната соба...во самотијата,онаму каде немаше никој....и никој,ама баш никој не ги чу...нити пак некој го разбра нивното значење...
    Ги затворив очите и посакав да доловам нечиј лик во темнината...
    Тогаш пред мене...наместо лик....наместо она што посакував да го доловам...се појави нешто малечко црвено и обележано со силна лузна...наликуваше на човече а всушност пред мене стоеше моето срце....и отчукуваше со ритамот на моите мисли...



    ,,ПОМНИШ ЛИ???,,-ми рече...
    Морници ме полазија по телото.....стоев како стаписана и чувствував како крвта силно удира по моите скаменети крвни садови...наслушнував и некое далечно и немногу чујно оддекнување на некакво ехо...
    Бев премногу збунета за да можам да одоговрам и само немо дадов знак на незнаење.....
    ,,ДОВОЛНО Е ДА СЕ НУРНЕШ ВО СВОИТЕ СЕЌАВАЊА ЗА ДА СЕ СЕТИШ...СЛОБОДНО НАПРАВИ ГО ТОА НЕ ПЛАШИ СЕ....,,
    ,,КАКО ДА ГО НАПРАВАМ ТОА??,,
    ,,НАСЛУШНИ МЕ...,,
    ,,ЈАС ЗНАМ СЕ....НАСЛУШНИ МЕ И НУРНИ СЕ ВО МЕНЕ...ТАМУ СЕ ТВОИТЕ СПОМЕНИ....,,



    Наеднаш завладеа тишина....бисерната солза се слеа по лицето...неможев да ја задржам...
    Тишината владееше наоколу...
    Наслушнував...
    Слушав како моето срце зборува...


    Слушав како ми зборува за копнежите.....копнеев да бидам среќна...пред очите играше тој врел копнеж....
    Слушав како ми зборува за радоста,сакав да се радувам...
    блесокот на радоста рипаше пред мене...
    Слушав како ми зборува за љубовта...љубовта беше единственото нешто кое ми беше потребно а го немав...ја изгубив кога најмалку се надевав...и сега неможам да ја преболам и заборавам...
    Спомените ме вратија назад...
    Времето како да запре...
    Бев во длабочините на коморите на тоа малечко нешто кое стоеше пред мене како статуа...
    Оживееа чувствата,оживеа една заборавена љубов,оживеа една болка,оживеаа настаните кои некогаш ме правеа најсреќна ...
    ,,ЈАС СЕ ПЛАШАМ ОД СТРАДАЊЕ...,,-изустив најпосле...

    ЗНАМ...СЕ ПЛАШИШ ОД ЗАКАНИТЕ НА СВЕТОТ...СЕ ПЛАШИШ ДА САКАШ И ДА ЈА ПОКАЖЕШ СВОЈАТА ЉУБОВ...СЕ ПЛАШИШ ДЕКА Kога ке го изгубиш тлото под нозете, кога ке осетиш дека немаш сила, кога ке посакаш а ке го немаш посаканото, кога ке гледаш бесцелно во една небитна точка, кога ке прегризаш усни за да не заплачеш кога рацете ке ти затреперат а од болка во градите ке стиснеш тупаници......
    Кога ке те пресече нешто во колениците, кога ке почуствуваш чуство кое оди од стомакот нагоре по желудникот и се погоре и погоре, кога солзите ке станат ладни, кога ке паѓаат без никаков тажен лик, кога ке имаш лик на мртовец иако знаеш колку те боли, кога ке сакаш да кажеш но не ке можеш да најдеш начин........
    Кога ке кажеш а нема кој да те слушне, кога ке кажеш а не те слуша иако е околу тебе, кога ке сакаш прегратка а ке добиеш изговор, кога ке сакаш допир а ке добиеш одбивност, кога ке сакате чуства а ке добиеш немарност, кога ке сакаш топлина а ке добиеш ладнокрвност, кога очите ке молат а ке бидат гледани наопаку.......
    Кога со страв ке збориш и срцето ке ти трепери да не го изгубиш, кога душата ке ти се распарчи на милион делчиња а ке нема кој да ги спои за повторно да љубиш, кога за секој потег ке добиваш пререка, кога за секој чекор ке добиеш лош глас, кога за секоја победа ке се сврти и ке ти зарие нож....кога за се ке има нешто лошо....
    СЕ ПЛАШИШ ДЕКА ТОГАШ КЕ ОСТАНЕШ САМА....
    ДЕКА КЕ УСПЕЕШ ДА ИЗБЕГАШ ОД СВОИТЕ ЧУВСТВА....НО,НИКОЈ НЕ УСПЕАЛ ДА ИЗБЕГА ОД НИВ..ПУШТИ ГИ СЛОБОДНО....ПОКАЖИ ГИ...КАДЕ И ДА СИ СО КОГО И ДА СИ....
    ТОА ТИ ГО КАЖУВА ТВОЕТО СКРШЕНО СРЦЕ...ПОСЛУШАЈ ГО....

    Знаев дека тоа е последна ноќ...во неизвесност,во бура од чувства...моето срце никогаш повеке нема да ми го повтори овој монолог....
    а јас.....морам да се борам со чувствата...каде и да одам....
     
    На jasmince91 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. renata77

    renata77 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2009
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    8.604
    Пол:
    Женски
    СЕЌАВАЊЕ

    Воздухов е ладен и скокотлив
    и додека бесрамно се вовлекува под облекава и ме наежува,
    ноздриве ми ги исполнува пријатен мирис од едно далечно сеќавање.
    Сеќавањата не можат да стоплат,сеќавањата понекогаш болат.
    Понекогаш се минливи како есенски лист разносуван од ветрот,
    а понекогаш се` што имаш.

    И кога душата е осамено парче искршен копнеж,
    а во очите полека се гаси последниот пламен на надежта,
    на лицето се чита жед за топлина и блискост,
    дојди подели со неа ведар и пресен сон.
    Зашто соновите и онака умираат сами и пусти,
    а на душата и треба само еден здив од нечија мечта.

    Јас одамна чекам на погрешно место,
    а сонови немам веќе.
    Со скриена болка и уморен поглед
    го дишам овој воздух
    задушлив и полн со мачни сеќавања.
     
  14. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.888
    Допаѓања:
    25.959
    Cekoram. Po rabot na stvarnosta a so svrten grb na mesecinata. So osamena nasmevka I zalutan pogled. So skrseni sonista I so izvesna idnina.
    Ladno e. Ne mi studi. Temno e. Ne mi e strav. Zaspivam. Ne sakam da se razbudam. Odam poleka. Poleka. Nikoj da ne cue. Nikoj da ne mi go ukrade zdivot. Nikoj da ne cue deka sum tuka. Da ne vidi svetot deka postojam. Boli. Ne vristam. Pece. Ne umiram. Nikoj ne slusa. Se smeam. Nikoj ne primetuva.
    Nasmevka. Solza. Krajnosti. Zivot so rizici.
    Rizikuvav. Izgubiv.
    Sega, me demne sepot I senka. Me demnat prasanja.
     
  15. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.517
    Нештото. За неа.

    „Таа, како и многумина, на моменти не знае што точно сака или не сака. Многу нормално, многу јасно. Млади години се во прашање. Таа, исто така, можам слободно да ја окарактеризирам како прекрасна девојка. Многумина ја сакаат за пријателка, а момчињата и за повеќе од тоа. Таа е добра. Таа е една. Со свое минато, сегашност и иднина.

    Во последно време таа е чудна. Природата ја навлекува на нешто. НЕШТО со големи букви! Зборувам за неослободена енергија од нејзиното тело од месо и крв. Знаете, таа не е парче месо. Таа е тело со душа. Душа со тело.

    И да, време е. Време е за нештото, бидејќи сонот веќе не е доволен. Погледот не е доволен. Зборот не е доволен. Мислите не се доволни. Време е. Идот во неа се појави и баш сега тешко дека ќе се смири и застане под егото.“



    Извадок од еден ненапишан дневник.
     
    На teddybear, SexyLady, Gordana10 и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.257
    Допаѓања:
    43.755
    Џемпер


    Меко "хууу" надвор наутро
    чизмите се борат со уличните соништа
    19ка од новите
    и срце нацртано со прст на стаклото од прозорецот.
    Слушам музика
    од внатрешноста
    ритам на оваа сага
    септемвриска.

    Од`, само за да се впие градот
    манијачка капа, ми студи на ушите
    како скитник -куче
    пробувам да го зауздам гладот
    за соживот со моево ќоше
    во банка мислат дека сум бандит
    со рака си ја поправам фризурата.


    Додека да помине 13,
    седам на фризерско столче
    "шишај кратко, за инает на студов"
    на носот капка дожд
    пад меѓу врвот на устата и новите очекувања.


    Кога сум дома
    веќе е подобро.
    Ти се јавувам тебе
    И заедно меланхолизираме.
     
    На FBI, Hipica, Bright и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.257
    Допаѓања:
    43.755
    Сон

    Нацртан сон
    никој не може да го избрише
    од перницата
    на која се лигавам
    и останува сеќавање.
    На морските миризби
    разбушавена коса од спиење
    ах,
    колку пати ферментирам
    од ноќ помината во пиење.



    Сон, што те вози збеснато
    а не се плашиш да седнеш на совозачко,
    зошто во него
    друг е оној кој управува.
    Тој е и сеќавањето,
    што се заглавува.



    Немој, не давај да си отиде
    зачувај го
    како пеперутка во тегла
    млечен заб под перница.
    Ќе никне нов
    само ти живеј
    и не буди се
    од нашава приказна.
     
    На OzzyAngel, Bright и starfish им се допаѓа ова.
  18. malarusinka

    malarusinka Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 август 2010
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    2
    уште не е многу добро зборам македонски, затоа ово е нешто од мене на моjот роден руски jазик, амо доле ке пробам да преведувам.

    Улыбнись своему отражению,
    Это было только во сне.
    И поддавшись ледяному скольжению,
    Помолись о себе в тишине.

    Разгреби паутиной покрытые,
    Беспорядочные мечты.
    Даже если немного побитые,
    Аккуратно их в руки бери.

    Как снежинки-прекрасные, хрупкие,
    Превращаются в серый снег.
    Так и грезы твои карамельные -
    Заблудившихся мыслей бег.

    Погледни со насмевка на твоj одраз,
    Ова било само во сон,
    Предаваjки на ледено лизгање,
    Се моли за себе во тишината.

    Нареди, покриени со мрежа,
    Неуредни соништа,
    Ако дури малку претепани,
    внимателно ги земи во раци.

    Боже снегулки - прекрасни, кревки,
    Станува сив снег,
    Така и твоите карамелни соништа
    Е трчање на твоите изгублени мисли


    P.S. Sorry, за грешки))))
     
    На SexyLady му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.257
    Допаѓања:
    43.755
    Чајанка


    Песни,
    ко кесички за чај
    инстант уживање
    Се разлеваат во твојата умствена вода
    се топлиш од моето доживување.


    За секоја настинка
    патување
    заборавена 50денарка во заден џеб
    смислувам приказна
    што има боја
    и смирување.


    Дојди ми на чајанка
    да рецитираме.
    Јас, својот живот продаден на реалноста.
    Ти, твојот, уловен во полетување.


    Ќе се изгориме, под јазик
    лажичките ќе ѕвекнат на подот
    (забавена снимка, и виолончело во заднина)
    мртва е оваа песна веќе
    штом допрела некаква површина...
     
  20. doktorka-an

    doktorka-an Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 мај 2010
    Пораки:
    1.078
    Допаѓања:
    345
    Додека

    Дали сонувам додека те бакнувам
    додека спиеш мирно до мене
    Додека сонцето изгрева зад твоите образи
    радоста извира од очите мои

    Сакам да сонувам, мирис да чувствувам
    мирис кој ме потсетува на тебе
    Додека сонцето грее во душата твоја
    додека радоста живее во мене

    Дали згаснуваш додека опиен стојам
    пред твоето ангелско лице
    Додека сонцето заоѓа во срцето твое
    во моето никогаш нема