Во кревет Вешто ги чувам тајните врз мојата перница и ги кријам копнежите под ќебето. Соништа... Моите стравови се топат, како снеговите на пролет и паѓаат на чаршавите. Звуците се плеткаат низ замрсената коса како потсетник, дека ова веќе не е минатото. Но,мирисот ми враќа таква тага, што очите сами ми се склопуваат. Главата под перницата! Мислев дека ќе ја пронајдам својата душа тука, но таа веќе отпатувала, кај тебе.
Тука не си Каде да се свртам? Облакот натежнал врз небото како стравот врз моето срце. Кафе за добро утро, порака за лека ноќ и пак нешто фали. Твојот мирис, закован во мојата коса, на устава, во срцево. Тука си, повеќе од било кога, а собава е празна. Мој си? Зарем толку малку фали, да ова срце се излечи, со твоето присуство.
Jas te sakav,ti me mamese sonceto se ragase rakata tvoja po kosata me galese,ti sepak me ljubese no vo dalecina se gubese. Covekot e toj sto ljubi,gubi a jlubovta vo srcata,spomeni ni budi taa sto e so tebe,ja mamis vo mislite tvoi so mene se budis. Ne sonceto nemoze bez zracite svoi ljubovta moja sekogas ke postoi. Taka ni bilo sudeno da bideme odvoeni zivotot da go mineme so nasite spomeni. Polena.
Сигнали Овде се менувам и ме снемува како скопскиве семафори што денес збудалеа. Во старките, чамци пловам сигурно знам, и да се свртам кога ми свиркаат ѓубреџии лицето ми е сигурно. Во експлозија од еклер и музика најдов Петар Пановска качулка на животот како од лижавче обвивка. Им се јавив на стотина луѓе и нелуѓе на сеќавањата им врзав сини панделки (орден за храбро одржување на мојот неспокој) и сега си свиркам како пензионер со рацете позади врткајќи клучеви. Брадата, на нога потпрена додека решавам здодевна крстозборка мачилиште на гласните здодевачи е мојата дупната фантазија што како лажлив покрив. Бледо си прокиснува. Овде ме има, па ме нема убав е животов кога можеш да го зауздаш во зборови, Ех, можам да продолжам со пејсажи од метежот денес и од украдените, случајни насмевки. Ама не сакам. Стоп.
Коридор До мирисот на перницата се бркаме како Мерлин и верверицата а, овде не треба магија ниту лага. Само двајца на ист кауч и смрзната тага. Модар патлиџан, место срце водени очи, демек плачеме. Среќни сме, што бевме тажни и сега одново, веруваме. Сакам да ти го покажам, барем мојот видик онаму кај што се спојуваат боите и сомнежите страста и стравот кај што ништо не е онака како што изгледа. Само затоа заспивам за да се разбудам повторно во сон, и да дознаам. Што сме јас и ти, навистина.
Има денови! Има денови кога сеќавањето на тебе не ми е доволно, да продолжам да живеам. Кога посакувам да си покрај мене И да престанат да се лизгаат солзите Кои неможам да ги спречам. Има денои кога посакувам Другите да не гледаат колку многу ми требаш и колку многу те сакам Но има и денови Кога посакувам да викнам гласно и на сите да им кажам дека ти си тој за кој живеам! Ќе продолжам да го чекам денот Кој никогаш нема да дојде, Денот кога ти ќе ми се вратиш. Откако не си покрај мене јас не го гледам сјајот на сонцето, не ја чуствувам нежноста и милувањата на ветерот А повеќе во мене не се наоѓа Топло срце кое силно чука, Туку студен камен кој Незнае како е да си сакан…
Редови Играње, на несигурно тло како во прастара паркет - фискултурна сала. Можеме да си ја разгледуваме релацијата како тазе среден нос по хируршка интервенција. Мојата сетилност твоите интелектуалности еден куп семоќни претпоставки магични формули тротоар што не не собира двајцата (па јас се обидувам да се качувам на тоа издигнатото одстрана) се како набилдано его пред искрена пијанка. Затоа, бирам молк и спокој чаша вино и музика што ми помага да се гушнам себеси И веќе ми е здодевно да се гадам од сопствените слабости да делам она што е веќе поделено пуштено во воздух и излебдено можеби закачено на превисоки столбови. И кога ќе се дотерам и станувам повеќе жена, а помалку Ана, не давам ни грам од она што ми остана зошто знаеш некогаш е полесно да си грд одошто тврд пред животот.
Утрински бит Не сакам да ме будат гаврани насабајле разгракани од чудна возбуда ниту идиотскиот аларм со глупава мелодија Сакам да ме буди маж со поглед и ерекција допрена врска со папок и сексуална тензија чисто онака, зошто тогаш животот е поубав.
Болка за татко ми Видов луѓе нареден еден до друг а пред вратата мојот семеен круг, Болка во срцево осетив силна кога слушнав- Тато, почина! Па не личеше на мртовец тој насмеан, како да спие таткото мој. А околу него наредeно бело цвеќе и безброј запалени свеќи. Слушам плач од мојата мајка млада судено и било, вечно да страда! Една душа со него беа а јас остави, насмеан. Ах да можеше да се врати да престанеше срцево да пати да не гледав како те ставаат во земја оваа тага во душа да ја немам!
Presveta majka Bogorodica, ljubov ni poseala od nea ne se odvoila,siot svet go spoila BLAZESTVEN AMANET ni skroila.
Ноќеска Сув е воздухот, а и образот мој изморен од плачење, сува е и ружава, црвена. Ти лежиш во твојот кревет сониш,можеби, додека се ронат парчиња копнеж како лебот од вчера. Ги испраќам моите влажни воздишки да те галат, ги пуштам моите соништа да лебдат далеку од тебе. И мижам цврсто!! Можеби креветов ќе ме гушне, баш како ти. Се прашувам дали оваа перница,понекогаш си игра со моиве мисли зошто се чини, и таа веќе го познава твојот скап парфем.. Толку е сув воздухот, и здивот ми е пресушен... Чекам... можеби зората овојпат порано ќе дојде.
Замаглување Во тишина изгребана од ксилофон милион џезови како мирис на цимет после љубов ме протнуваат низ врати и влезови да допрам небо од свила обвивки на кревет од прашања. Дали сум, дали твоја инспираторка? Или само... Поданик кој танцува на твојот личен подиум и замира во погледот кога тонеш со испиени соништа од умор...? Најди го Својот одговор. Во моите очи. Гледам. Секогаш повеќе од другите.
Flesh Отиде мислата јабана. Чуден сјај, закачен на завесата. Земи го во раце денот. Не го пуштај додека не се стемни. Од 2 до 22, работa Ќе смислам начин да се одбранам (аикидо ме научија) на некој можеби, двапати ќе помислам. Играј додека спанаќот се вари, бендот лаже дека љубовта е вечна. Мислев дека ќе останам цврста. Фино е, кога жената е течна. (може да се скрие во процепите на паркетот и другите да мислат дека ја газат а таа е основа на секое откривање на стабилноста). Отиде мислата. Јабана.
Извинете за офф, ама морав да си кажам.. не е доволно само да стиснам МИ СЕ ДОПАЃА. Шилеа ја обожавам твојата поезија, само напред, прекрасна е Толку, извинете уште еднаш за оффот, мене не ме бидува за пишување затоа нема што друго да кажам
Скокање со пречки Рокабили чевел малку ракија нос кренат до небо (имам таква тенденција) да врзувам крај со почеток надевајќи се на усни преданија нема врска се’ е минливо, само не и заедничката главоболка. Ќе отворам ресторан и во него ќе правиме лажна боемска фела а, да ќе има онакви новајлиски колачи за да ги пишуваат по весници без дозвола. Си гугуткаме, о љубовнику мал. Сив од досада бел од политичка незрелост посран од моите очекувања. Ќе ти купам разгледници во боја закачи ги на сушалната за алишта. Како кугла од билјард онаа, тажна и пакосна осмица, црна боја во погледот чека дупка за пад под верноста. По трагите на птицата Годо има уште многу да се чекори. Да летаме, не знаеме. Нема ни да научиме се додека ги копаат улиците.