1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ваши дела – поезија или проза

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од Shelea, 7 декември 2009.

  1. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.600
    Истрошена

    Ти го распарчуваш тивко и безмилосно.
    А јас ти давам уште поголем дел, секој нареден пат.

    Глупушкава сум, троа отповеќе.
    Поможена со наивност и солзоотпорност.
    Ме добиваш мене, совршена комбинација
    На жена – воин, на која не и' пречат твоите
    Празни ветувања и бајковити приказни.

    Мене одамна срцето ми е мовливо.
    Земи си, дроби го.

    Сркај го, замајувај ме,
    Сервирај ми лаги, залажувај ме.

    Јас ќе бидам и сонце и мила
    И дожд и огноотпорна свила.

    Само за тебе.
     
    На Плоко Поетот, missperfect, 1209 и 2 други им се допаѓа ова.
  2. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    ~Тајна~

    Времето лета
    зад оваа ролетна,
    и парфемите ветреат.

    Целиот свет запира,
    и се случува магија,
    кога се затвара оваа врата.

    Сетилата се мешаат
    во прекрасна екстаза
    додека нежно шепотиш,
    Љубовта е само хемикалија,
    а страста е експлозија.

    Дозволи ми да сум твоја
    слатка, шербетлива тулумба
    па вкуси ме сластно, гладно
    ненаситно...
    Сите пожарникари на светов
    овој пожар не умает да го згасат.
    Сите хемичари ја бараат оваа тајна.

    Нашата тајна!

    Љубовта е хемикалија,
    и вечерва ме труе,
    но ноќта не е вечна,
    не е доволна,
    зошто времето лета
    зад оваа ролетна.
     
    На skyAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  3. viku

    viku Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    163
    Допаѓања:
    157
    Кога ќе ја најдеш љубовта
    исцртај ја на вечноста,
    ако има желба
    пушти ја да искри,
    од око пламен да фрла,
    не болно ами страсно
    во крвта жар да ми пали...

    Така ѕверски човечно,
    бесрамно, гордо, величенствено,
    безмалку ниско, достоинствено
    исцртај ми лудила во вените
    да бранувам воздух чекорејќи
    земја да тресам пишувајќи
    така ѕверско човечки...

    Кога ќе ми ја тргнеш блузата
    не запираш кај кожата
    нуркаш длабоко во душата
    ме правиш така бела сребрена,
    така дива пожелна,
    така смело понизна,
    или само вљубена...

    Кога ќе ти ја тргнам блузата
    на рацеве им ја наоѓам смислата,
    од очите ти ја пијам искрата,
    од рацете ти ја црпам силата,
    можеби ќе ти ја распарам кожата,
    да ти пуштам лудила во вените,
    да ти нурнам длабоко во душата,
    да ти се скријам во мислата,
    за кога ќе ја црташ вечноста
    јас да ја бојам со љубовта...
     
  4. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.257
    Допаѓања:
    43.755
    Vis a vis

    Нема ништо подобро
    од средба со внатрешното огледало
    што, и да е матно или со лузни
    кажува тивки вистини
    што ќе вреснат
    од експресија
    кога сфаќам, јас сум посилна
    од она што бев
    од она што мислев дека е невозможно
    сега станува само крај
    и удар со тупаница во огледалото.


    Крш и стакленца
    за во коктелот
    наречен, нов живот.
    Наздравје.
     
    На Плоко Поетот, Bright, skyAngel и 4 други им се допаѓа ова.
  5. De-lovely

    De-lovely Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2010
    Пораки:
    722
    Допаѓања:
    932
    Копнеж
    Ноќта е тивка. Ѕвездите светкаат весело на небото, а Месечината се смее на нивната игра. Ситен снежец почна да паѓа. Снегулките играат како фигури во доцната вечер. Темно е, а во едно ќоше осветлено само со жолтата светлина на уличната светилка, стојат две силуети.
    Таа: прекрасна костенлива кадрава коса која благо се спушта врзрамениците, прекриена со шал да не накисне, а две перчина весело разиграни од ветрот стрчат од под шалот и го галат нејзиното прекрасно лице. Кафеави очи како маслини, долги густи трепавици врз кои се накачила по некоја снегулка. Мало тркалезно носе и црвени напупчени усни како зрели јагоди. Врз нејзиното витко тело долго палто и високи чизми.
    Тој: Кратка црна коса, прекрасни големи костенливи очикои некако чудно сјаат на Месечината и се претвораат во две тенки линии кога тој ќе се насмее. Под розовите од студот испукани усни наѕираат бели забчина. Врз неговото набиено мажествено тело црно палто и црни чизми.
    Црната боја владее и кај двајцата како да знаеле што се спрема уѓте пред да стигнат на тоа место. Неговото насмеано лице сега се претвори во темно, мрачно и смуртено, а од неговите очи потече солза:
    -Морам да одам...- најпосле проговори.
    -Таму има поволни услови. Овде ни е многу тешко, едвај крај со крај можеме да скрпиме . Сиднеј е далеку, но има поволни услови за нас.
    Замолчи. Секој проговорен збор му изгледаше сувишен. Изговорен за да ја правда целта во која ни самиот не веруваше.
    - Кажи нешто маленка...
    Наташа како да претчуствуваше. Цел ден една огромна горчина стоеше во нејзиното грло, го стегаше нејзиното срце, не и даваше мир. Како да не ги слушаше неговите зборови. Нејзиното лице се скамени. Врз него ни трошка светлина. Тој не очекуваше поинаква реакција, сепак ја познаваше цел живот и знаеше дека нема да се стопи во неговите раце , туку ќе порекне се и ќе замине. Се наведна и ја бакна толку нежно и невино.
    - Зборум, Алек..... -најпосле проговори.
    - Се надевам дека ќе бидеш среќен каде и да одиш. Ти посакувам се најдобро, Ти посакувам љубов, многу љубов. Но сепак ниедна нема да те сака како што те сакам јас.
    Гласот и затрепери. Наеднаш се сепна. Се извлече од неговата прегратка и замина без да се обзирне назад.
    Стоеше како закован уште доста време и ја гледаше нејзината силуета како исчезнува од неговиот видик. Конечно се прибра дома. Гневносе истури на секој што дојде пред него и направи дупка во ѕидот со десната рака од која протече крв.
    Наташа се довлечка до креветот, ја стави главата на перницата и почна да плаче.
    Беше тивка ноќ. Снегулките играа на ветрот како две силуети, како да сака да се потсмеваат на младите љубовници. Две срца кои досега биеја како едно беа растргнати. И остана само копнеж. Копнежот за неа. Копнежот за него. Солза по солза. Кап, кап, кап.....
     
    На jasmince91 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.257
    Допаѓања:
    43.755
    Силуета

    Светло сум што испарува низ дожд.
    Пази каде одиш
    и која е твојата логика
    на облачење
    и сонување.
    Некогаш, доволно е само
    близина со дланки
    и внатрешно согорување.

    Светулките, умреа на детските чела
    есента вози искрцкана кола
    во орнаментите на времето без наметки
    лежи песнава луда и гола.

    ...

    ние...
    Како будали по булевари
    молиме небо да ни подари час
    посветен
    на нас.
    Кога правам слика
    на овие будни пејсажи
    раскажи ми...
    Ист ли си како сите други мажи?



    Не барај ме во капките под стреа
    ниту во топлината на соблечениот џемпер после работа
    само пикни ја главата во перница
    кога страствено ме сонуваш.
    Шшшшт.
    Јас сум светло што испарува низ дожд.
    Поттргни ја завесата.
     
    На Плоко Поетот и Bright им се допаѓа ова.
  7. ciribiribela

    ciribiribela Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2010
    Пораки:
    1.272
    Допаѓања:
    652
    Пол:
    Женски
    Момент


    Јас сум цвеќенце
    што виси од саксијата
    на балконот.
    Небаре тркачки автомобил,
    Ги престигнувам сите,
    а последна сум.
    Ножните палци во разговор се,
    Додека мојата подрага половина,
    не е во конверзација со нив.
    Како овие безречија течат,
    а сонот на клепкиве ми тежи,
    ма дај ти се молам,
    како да знам за непознатото,
    веројатно тоа е тоа.
     
  8. ciribiribela

    ciribiribela Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2010
    Пораки:
    1.272
    Допаѓања:
    652
    Пол:
    Женски
    Јас, ти и мојот живот


    Откога паметам за себе,
    бевме јас и мојот живот.
    Небото си кружеше,
    облаците брзаа некаде,
    те сретнав тебе.
    Станавме тројца,
    јас, ти и мојот живот.
    Небото е пак исто,
    а под него јас и ти
    шетачи на умот,
    непријатели на срцето.
    Ја кренав главата,
    темни облаци го сокриле
    небото што кружи.
    Сфатив, пак сме си сами
    јас и мојот живот.
     
    На Nina24 и Gordana10 им се допаѓа ова.
  9. ciribiribela

    ciribiribela Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2010
    Пораки:
    1.272
    Допаѓања:
    652
    Пол:
    Женски
    Ветерот носи



    Леснина ко нежност
    заспала меѓу моиве дланки,
    затворени очи, а будни мисли.
    Допирот ко нож реже
    иако е толку нежен,
    зариен во мојот врат.
    Ми доаѓа да не те пуштам,
    засекогаш да останам,
    не сакам да страдам.
    Тешка жештина
    се спуштила на твоето лице,
    потта се лизга низ нашиве дланки.
    Несакајќи дувна тих ветрец
    и мислам дека сакајќи
    ме откина од твоето присуство
     
  10. Cacy

    Cacy Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    2.244
    Допаѓања:
    1.547
    Јас многу обожавам поезија и проза...уште од мала пишувам песни,поговорки,честитки....Оваа песна ми беше прва што ја напишав...Се надевам дека ќе ви се допадне....

    Песна за тебе

    Првиот лист од нашиот цвет
    што ќе падне на земјата
    од пролетниот лет
    тоа знај ќе бидам јас

    Кога сонце ќе дојде
    ти отвори ги вратите
    да можат да влезат зраци
    а ти фати ги со своите раци.

    Не очајувај и чекај
    од раните зори
    до ноќните мори
    и јас ќе се вратам.
     
  11. Cacy

    Cacy Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    2.244
    Допаѓања:
    1.547
    Живот

    Животот е како сон,сон кој го живееме,секој избира своја патека по која ќе оди.
    Во мојот сон луѓето беа сложни,ветрето дуваше во една страна,а дрвјата се лулаа во друга страна.Небото беше во дрга боја како ѕвездите и Месечината.А пак сонцето сјаеше во друг правец а дождот во спротивен правец.
    За жал тоа беше само сон,не беше реално,бидејки во реалниот свет луѓето живеат токму во спротивната страна од сонот.
     
  12. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.257
    Допаѓања:
    43.755
    Дома

    Мирис на "Solea" во влез
    поминала мајка со бебе
    или тазе избричан средношколец,
    паднати сметки од кабловска
    се меткаат под мојата патика.
    Не ги враќам
    во правите сандачиња,
    ми е гајле ако е пакосно
    и тоа е дел од соседската незаедница.

    Се качувам по скалите
    и на гелендерот, стоиш ти
    (илузија на ангел, сеедно)
    со крилца што би ги зготвила
    и би нахранила петчлено семејство.
    Те одминувам.
    Нема шанси да има такво нешто
    замижувам.
    Влезната врата ми е отворена
    и влегувам во сопствениот Рај.
    Дома.
     
    На OzzyAngel, skyAngel, Cacy и 4 други им се допаѓа ова.
  13. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    ~Hello Again~

    О,здраво,старо јас!
    Па кај се криеше ти?
    Зарем зимски сон те фати?
    Убаво е што се врати.

    Изгледаш совршено,
    слаба си, но ти прилега
    и таа насмевка што те краси
    кажува повеќе од твојата уста
    со розев сјаен кармин.

    Па каде беше? Те барав!
    Речиси заборавив,
    ти имаш и дух, и сила и моќ
    не си прва ни последна,
    но си единствена.

    О,здраво, старо јас
    одиме оваа вечер повторно, заедно,
    додека нозете не држат
    ќе пијам за душманите,
    и за оние кои ме мразат.

    Ај на здравје!
     
    На 1209, ciribiribela и skyAngel им се допаѓа ова.
  14. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.257
    Допаѓања:
    43.755
    Линии

    Напиши песна
    за чекорот
    по дожд
    на сонце
    за корнизите
    и сообраќајните несреќи.
    Задржи ги луѓето
    живи
    во сонот
    во реалноста
    онаму каде што никој не припаѓа.
    Задржи ја свеста
    под вода
    во гнев
    и секаде каде што
    тешко се држи
    главата исправена.


    Напиши песна
    реденка
    без смисла
    и основа.
    Напиши, само напиши...
    Вода е, да се излева.
    Љубов е, да се раздава.
    Песна е.
    Да се заборава.
     
    На Плоко Поетот, blond и Hipica им се допаѓа ова.
  15. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.257
    Допаѓања:
    43.755
    Тато

    Утринско кафе со тато
    непроценлива радост
    на мигот.
    Ајвар во тегла што вреска
    пушти ме
    да го здиплам сирењето.
    Си зборуваме
    за соништата и океанографијата
    за неостварената желба
    да се биде играорец
    (од каде ми е мене желбата
    за телесна вертикала и блам)
    надежта дека ќе сум била син
    а подобро е што сум ќерка...
    Му купувам весник
    го чита од далеку
    напразно е да зборуваме за животот
    среќни сме и со толку.
    Ми дава лешници
    ги собрал од некое прилепско село
    секогаш, секогаш
    кога ќе сум тажна
    ме бакнува в чело.



    Пишувам
    сентименти задржани.
    За да ми е мирно
    и лицето
    и умот.
    Ме научи да бидам силна.
    Среќна сум и со толку.
     
    На Плоко Поетот, LivingGlam, BoaVista и 5 други им се допаѓа ова.
  16. ciribiribela

    ciribiribela Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2010
    Пораки:
    1.272
    Допаѓања:
    652
    Пол:
    Женски
    Есента во мојата душа


    Без дожд. Без ветре. Без здив.
    Те имам само тебе,
    а всушност те немам.
    Протегам рака, а не те допирам.
    Во моите уши одѕвонува твојот глас.
    Неми сенки, глуво време,
    ништо повторливо, а се еднолично.
    Само овој прозорец
    и жеден поглед
    впиен во неговата осаменост.
    Чекорам сама, сама и сама.
    Ја подавам раката пак.
    Ме скокотка нешто,
    измамува израз на лицето мое.
    Нежно, беспомошно листе трепери
    меѓу моите прсти.
    Паѓа, паѓа и паѓа.
    Ни ветре, ни дождец, ни здив.
    Не ќе може тоа да се вивне
    во просторот сив, слободно.
    И еве пак. Жолтило, бледило.
    Го нема ни твојот глас.
    Празнина, пустелија, безживот.
    Ни небото со своето синило,
    а од сивилото – конечно дожд.
    Дожд на моето лице.
    Застанат здив меѓу две мисли,
    Тажно лице за еден спомен
    што можеби значи вечност.
    А есента и душата моја,
    прегрнати со страст,
    другарки верни,
    верни на едно поминато време.
     
    На blond му/ѝ се допаѓа ова.
  17. mysterious

    mysterious Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    1.491
    Допаѓања:
    2.661
    Твоето отсутвство ме исцрпува. А твоите зборови ми делуваат како скоро догорен отпушок од цигари.Свесна сум дека во даден момент ќе престане да гори,но тоа што уште жари догорува ми дава надеж. А потоа го пуштам во пепелникот и згаснува. И потоа пак одново. И се така.
    А зошто со моите чувства не е така? Зошто едноставно не би можела да ги изгаснам како цигарата,да исчезнат? Па сепак,не се тие цигари. Не траат пет минути.Не ме смируваат како никотинот.И најлошо,не можат туку така да исчезнат,да ги изгаснам.
    Ти. И таа твоја насмевка.И тоа твое муце во кое би се изгубила безусловно.Тоа е она што ми беше надеж.
    Колку само сум се заљубила во тебе...Се изгубив.Начисто.Максимално.Безднадежно.Бескрајно многу.Би можела да поминам часови и часови со тебе.Без ни еден момент да ми стане досадно.Тие твои усни...Долго ќе ме прогонуваат.Нив би ги бакнувала,и бакнувала,и бакнувала,и бакнувала...Додека не ти здосадам. (А би ти здосадило ли тоа некогаш :) )
    Не,не би имала секс со тебе. Со тебе би водела љубов деноноќно,додека не испуштам душа. Би станала нимфмански зависна од тебе. Би го имала тоа задоволство да се будам покрај тебе и секое утро да ја доживувам твојата ерекција како нов предизвик. И тогаш ќе почнам да те бакнувам,и да те гњавам,и гризам,и да те будам,за повторно да го доживеам тоа блажество од оргазам кое само со тебе би можела. И би се почувствувала толку моќно кога ќе го слушнам твоето "Не,секси,неможам повеќе", а веднаш ќе се предомислиш откако ќе се изгубиш себеси во моите очи. И ќе се откажеш.
    Би уживала и во караниците со тебе,за потоа уште повеќе да се стопам во твојот бакнеж. Би го дала и последниот здив за тебе...
    Не чекај...Не би го дала.
    Не го заслужуваш. Ништо мое не заслужуваш,а веќе највредното го имаш...Моето срце...Време е да си го земам назад...
    П.С. Би се заљубил ли во сјајот во моите очи? :)




    Те бакнувам...
    Бескрајно...
    :inlove:
     
  18. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Те мразам


    јас само сакам да се исплачам
    и да тонам во својот очај,
    свесно, но прекрасно.
    И сакам да се сеќавам
    но како да имам забрана
    како црвена граница
    меѓу реалноста и моите тајни...

    Сакам само да сакам,
    да бидам неговото “се“
    и да мечатаам без страв.
    Но имам дупка,
    голема,празна , болна.
    Ми ги кочи солзите,
    и сеќавањата,
    и љубовта,
    и надежта.

    Имам стара дупка-стара рана
    Болка што нема да си замине.
    Дупка што ти ја направи!
    Те МРАЗАМ!
     
    На Night.Star, De-lovely и ciribiribela им се допаѓа ова.
  19. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.071
    Допаѓања:
    72.408
    Пол:
    Женски
    напишано во депресивни денови хаха, се смеам коа го читам сега ама убаво е, и не знам шо ми има текнато на англиски да го пишувам


    i'm not with you, but that doesn't mean i'm not thinking of you
    i'm not with you, but i love you everyday more
    i'm not with you, but that doesn't mean it'll stay that way
    i'm not with you, but i'm hoping i will

    I'm not with you, cause it's too hard right now
    I'm not with you, cause i'm trying to live my life
    I'm not with you, cause i'm waitng for you to get over yourself
    i'm not with you, cause i've learned i should love myself

    I want to be with you, but i'll wait
    I want to be with you, but you don't care
    I want to be with you, but you are not gonna stay
    I want to be with you, but it won't be fair

    I want to be with you, to see your smile everyday
    I want to be with you, to make you laugh when you can't

    If I ever be with you, it'll be perfect
     
    На Night.Star му/ѝ се допаѓа ова.
  20. yawn

    yawn Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2010
    Пораки:
    697
    Допаѓања:
    700
    “ Сонот на душата “

    Длабочина,копнеж,немир
    некротлив дух лебди во темнината
    бледа светлина открива силуета
    ја црта во бесконечниот мрак.

    Месечина со дијамантски сјај
    го открива кралството на ноќта
    се до следното бело утро
    до крајот на магичниот танц.

    Кристално огледало од вода
    се топи со секој трепет и шум
    ноќта се капе во чистота
    и секоја секунда станува вечност.

    Безгранична разиграност и совршенство
    хармонија на тело и дух,
    на прсти неосетно се прикрадува сонот
    и ја обзема душата вечна.

    Тело и душа предани на мигот
    тонат во мал неспокој
    безгрижен шепот го води
    таму каде што е ТАА.

    Сончеви зраци ко нејзините руси коси
    небесно синило и бистро поточе во очите
    нежност на бела роза
    која се капе во утринска роса.

    Рајска градина и млада девојка
    Тука е тој,обземен од нејзината убавина
    му се радува на секој миг
    миг кој го чека цел живот.

    Со секој поглед и невина насмевка
    со секој допир на двете тела
    и срце кое лудо бие во гради
    тој знаеше : Вљубен е во неа !

    Но,темно сивило го обои небото
    брзо ко молња во невреме
    облаци тешки го прегрнаа бескрајот
    а ТАА отрча без збор,
    полека губејќи се во далечината.

    “Љубов,не оди,остани
    ќе го дочекаме виножитото заедно”,
    беа неговите последни зборови
    зборовите на едно скршено срце.

    Залудно талкаше со погледот
    да ја пронајде и прегрне силно
    со него остана само дождот
    да му го сокрие плачот од лицето.

    Не,ТАА не ме гледа како јас нејзе,
    Не,ЈАС не сум оној за кој и трепери срцето
    Не,ТАА не знае што е тоа љубов
    А јас, а јас ...
     
    На ciribiribela му/ѝ се допаѓа ова.