1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ваши дела – поезија или проза

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од Shelea, 7 декември 2009.

  1. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.257
    Допаѓања:
    43.755
    По асфалтот

    Ние се бакнуваме
    како птици
    со смешни потези
    јас те гушкам, додека го држиш телефонот
    во едната рака јаболко
    во другата, замислени линии.
    Има, во чевлите на обајцата
    некоја невозможна растегливост
    Како ќе стигнеме далеку
    освен ако не скокнеме
    во истиот оган.
    Различно ќе не гори,
    да знаеш.

    Имаш кошула
    што треба да се валка
    по коцкасти чаршафи во кафеани
    или на искасапени мушами.
    Имам образ за гризење
    само кога со тебе
    би паднала на подиум
    (шиз, шизење).

    Дрдориме, на клупа
    среде ископаниот плоштад
    какаото ми се истура на новата торба
    каков ли е овој град?
    Што ни ги брише соништата
    со крпа пачавра
    и остава трага само
    колку кармин на чашата.

    Ние, се бакнуваме
    како дожд и земја, пред октомври.
    Кога, дури и денот
    здосадува...
    Ние сме свет
    вилушка
    заборавен кондом во палто
    крастава жаба избегана од Вардар
    несоница.
    Ние сме.
    И ќе бидеме.



    Се’ додека, времето не’ убие.
     
    На Devi, LivingGlam, 1209 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Night.Star

    Night.Star Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2010
    Пораки:
    278
    Допаѓања:
    117
    Го помнам секој миг поминат со тебе, секој детаљ, секоја скриена и нескриена насмевка што ми ја подаруваше, секој случаен и неслучаен допир што ми го испраќаше, секој загрижен и безгрижен поглед што ми го упатуваше, секој совршен бакнеж што ми го запечатуваше.
    Би сакала да сум посилна личност и без проблем да можам да кажам дека не ми е битно што не си со мене, дека не ми е битно каде си и со кого си, дека не ми е гајле дали мислиш на мене или не, бидејќи ми подари четири неверојатни денови и четири неверојатни ноќи, безброј прекрасни мигови и чувство дека бев единственото важно нешто во твојот живот тие четири дена...но не е така. Битно ми е да знам што правиш во моментов, дали си сам или можеби се држиш за рака со некоја друга, дека и таа се чувствува како што се чувствував јас, дека и на неа и зборуваш слатки работи и ја уверуваш дека ги има најубавите очи што постојат во оваа земја, дека ти значи повеќе од сите.
    Не ми е јасно како некој може да биде толку рамнодушен, безчувствителен идиот. Се прашувам дали сум јас само една од пет, или десет, или колку и да ги има. Се прашувам дали навистина си таков, или нешто навистина се случило што те натерало да пробаш да ме заборавиш. Се беше толку реално, толку искрено...не знам...не знам веќе ништо.
     
    На red му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.257
    Допаѓања:
    43.755
    Диплома за есента

    Во чест на есента
    ќе го извадам
    мојот шарен шал
    по кој ме препознава
    и соседот, далтонист.
    Со него ќе го обојам
    секое осамено ќоше
    од себственоста
    замотана во личната
    Меланхолија.

    Гушкав дрвја прееска
    (дендрофилија
    фикс идеја
    ама барем е лековито)
    и со здивот пробував да го смрзнам
    семафорот на црвено.

    Во чест на есента
    дома згреана ракија
    два три збора со моите
    и потреба за филтрација.


    Се чудам, како ќе станам утре
    кога очите бараат нови глетки
    на тв ништо ново
    каблите водат љубовни сплетки.
    И знам,
    оној шал што треба да ги спои
    нашите вратови
    е само илузија
    на превисоките љубовни катови.
     
    На Плоко Поетот и blonde.lavender им се допаѓа ова.
  4. ciribiribela

    ciribiribela Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2010
    Пораки:
    1.272
    Допаѓања:
    652
    Пол:
    Женски
    Не чувствувам веќе

    Ноќта е ладна, маглива.
    Некоја прикриена енергија
    излегува од моето тело.
    Меланхолија, мрачен занес,
    изветени чувства царуваат.
    Нешто едноставно не ми дава
    да си признаaм
    дека веќе не чувствувам.
    Некој застанат здив
    ми пречи во градиве,
    за да не крикнам, тивко.
     
  5. ciribiribela

    ciribiribela Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2010
    Пораки:
    1.272
    Допаѓања:
    652
    Пол:
    Женски
    Виновен си



    Кога низ времето
    ќе ги читаш моите стихови,
    ако дојдат меѓу твоите прсти,
    сигурно, неминовно
    ќе мораш да сфатиш,
    дека единствен виновник
    за нивното раѓање, си ти.
    Не мисли се дали за тебе пишувам,
    или подобро речено,
    тонам во самотија и надеж.
    Уште и ќе речеш:
    -Ма не ја разбирам јас
    таа твоја, како беше,
    метафора?
    Сепак морам да те обвинам,
    а ти сам пресуди си!
     
    На marama му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.257
    Допаѓања:
    43.755
    Мрсна љубов

    Најубаво е
    меѓу два залака бурек со месо
    и измастена хартија
    да се гледаме
    и да се смееме,
    колку нашата врска не е романтична.

    Зошто,
    меѓу симитот и погачата
    се валка нашата приказна
    и кога ќе се бакнеме
    се судираат
    твоите два-дена бркови
    и моите
    меки, проѕирни веќе
    бркчиња.


    Во салатата од туна,
    ја бркаме туната
    како мачки
    мајонезот капнува на салфетката
    и остава перверзни траги.
    Мрсни прсти играат танц
    на чинијата
    со вкусови драги.
    Сакаме да се дебелееме
    легнати во ниедно време
    со чипс и павлака
    (како Американци)
    и после, секој со својата мрзеливост дреме.

    Најубаво е
    кога мрсната љубов
    доживува кулминација
    на спојување.
    Тогаш
    се’ што е мрсно
    е лубрикантот на
    кондомите.
     
    На 1209 и Lolipop23 им се допаѓа ова.
  7. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.257
    Допаѓања:
    43.755
    Out

    Вреди да сум овде
    можеби
    зошто, додека шетам
    со себеси
    Ме видоа неколкумина
    и коментарот беше:
    "Што си ваква, како излезена од шеесети".

    Многу е забавно
    да те возат низ години.
    А ти да немаш ни возраст
    ни непријатност.
    Само сонот и сонцето пред себе.
    И на грбот тетовиран
    бескрајност.
     
    На Hipica и starfish им се допаѓа ова.
  8. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.257
    Допаѓања:
    43.755
    Совети

    Имај крилја
    за да ти ги отсечат
    од пердувите
    да си наполнат перница
    на која ќе се лигават
    моќно
    бревтачки.
    Манијачки.
    Имај сон
    за да ти ја удрат реалноста
    по нос
    да ти ја раскрварат уметноста
    на која ти и се предаваш
    затоа што во неа веруваш.

    Ако, имај сон и крилја
    обете нешта
    создаваат мистерија.


    Оти, оној кој сонува
    не е од тука.
    Инспирирај ги
    здодевните.
    Потроши се’.
    Немаме време за губење.
     
    На De-lovely, 1209 и blonde.lavender им се допаѓа ова.
  9. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.257
    Допаѓања:
    43.755
    Дијалог

    X:Господине?
    Може да ви ги симнам панталоните?
    Да видам,
    дали пластелин
    или нафталин
    пиштол, сеедно
    во се крие меѓу џебовите?


    Y:Многу прашувате, госпоѓо
    Длабоко ви се поклонувам
    (онолку колку
    што ви е длабоко деколтето)
    и внимавајте
    каде седнувате.

    Овде, пластелинот
    гради лажни љубови
    нафталинот
    мириса на спомени
    а пиштолот е само
    врска на суровоста.
    Што јас и ти.



    Ја немаме.
     
    На Springy, ciribiribela, blueeparadise и 2 други им се допаѓа ова.
  10. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.600
    Мојот свет е сосема во ред.
    Во него нема надредни шефчиња
    кои по игра на случајност
    успеале да дрпнат грнци туѓо злато,
    а секоја моја жива мисла
    да ја претопуваат во нафта.
    Мојот свет е сосема во ред.
    Таму не се расправаме жолчно
    за долгови и кредити,
    со зелени банкноти
    лепиме шарени летала
    со копнежи како фиксатор.
    Мојот свет е сосема во ред.
    Во него не размислувам за
    твојата поранешна девојка
    и не барам соодветен предмет со
    остар врв
    со кој би те убила
    додека ми зборуваш за неа.
    Мојот свет е сосема во ред.
    Не заспивам со грутка во гркланот и ретко плачам.
    Кога ќе паднам, наоѓам паричка,
    и некој задолжително ми го бакнува коленцето велејќи ми -
    Твојот свет е сосема во ред.
     
    На 1209, blueeparadise, marama и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.257
    Допаѓања:
    43.755
    Минливост

    Кога ќе ме покриеш
    со ќебе стоплено од твојот умор.
    и се смешкаш блескаво
    на мојот зезнат хумор
    знам дека сме
    фатени во иста стапица
    со ширум отворени врати
    (јас веќе предвидов)
    но, кој да сфати.


    Дека никогаш не сме вљубени.
    Туку само задржани
    на иста страна од
    Веројатноста.


    Зарем не е добро
    кога на себе
    ја врежуваш
    Вечноста...

    Те молам, покриј ме пак
    Засекогаш.
     
    На blueeparadise му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.649
    Поетеса

    Проклета нека е мојата несигурност,
    мојата ситна гордост
    и ноќите јадни.

    Моите усни за копнеж се гладни.

    Додека ги имам овие колкови,
    ќе играм!

    И оваа ефтино пенкало,
    проклето нека е.
    Никој неможе да разбере,
    ниту пак да објасни, само да осудува!

    Есен тажна,
    ти ме опишуваш,
    јас ти се восхитувам,
    јас за тебе и за него живеам.

    Чудна сум
    и страсна,
    затоа што сум поетеса
    и не сум разумна.

    Јас го имам зборот и делото
    преставно на хартија,
    тие ги имаат мислите и предрасудите
    набиени во главата.
     
  13. Gunshine

    Gunshine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    817
    Допаѓања:
    665
    (Тинејџерската бес сеуште трае, сега сум сама и скапана)

    Зар има нешто за признавање?
    Зар има нешто за воодушевување?
    За мразење?
    Ве мразам сите!
    Оние кои ми го загорчија животот,
    оние кои ми го загорчија денот,
    оние кои го предизвикаат татнежот,
    на една млада душа,
    неспособна да љуби.

    Нечистите мисли се сеуште тука,
    ти душо, само подај рака,
    ќе те однесам во мојот свет,
    полн со бои и поезија,
    полн со сила и корозија.
    Очите ќе ти светнат ѓаволесто,
    кога ќе видиш што е во мојата фантазија,
    ќе растегнеш насмевка на лицето,
    кога ќе видиш од слаткоречливост експлозија.

    Повели... влези...

    Само така ќе ја почувствуваш таа прега,
    која мојот дух го стега,
    и неможејќи да се реши каде да бега,
    се крие, прета внатре и тивко вреска.

    Со очи широко затворени,
    гледаш ли како ми е мене,
    гледаш ли што се случува тука?
    Тука со крвта низ вените,
    тука со молнежот на трепките,
    тука -се случува збрка.

    (Премногу тешка за ти и твојот све на возрасни да ја скратите, ти и твојот свет на возрасни за бедни пари да ја исплатите)
     
  14. pink4ever

    pink4ever Популарен член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2010
    Пораки:
    1.042
    Допаѓања:
    1.013
    ме натеравте да почнам да пишувам.. дефинитивно сум единствена која ништо нема напишано :)
     
  15. Gunshine

    Gunshine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    817
    Допаѓања:
    665
    Колапсот на моите мисли,
    зависеше од силината на ветерот,
    измешан со тешки јазоли во косите,
    и со кинењето на вировите со нозете.

    Необично за овој дожд и облаци,
    е што на нешто труло и бајато мирисаат,
    знаеш, умртвувањето чадори од задоволство,
    ми е како навика одамна поминато.

    Ги распарчив атомите кислород,
    насекаде околу мене,
    немав во предвид,
    дека ќе треба да ги чувам за навреме.

    Невреме...
    кога никој не те слуша.
    невреме,
    кога си само осамена душа,
    невреме,
    кога никому не му требаш,
    невреме,
    кога се трудиш од се да избегаш.

    Невреме...
    кога се слуша во тебе врева,
    невреме,
    кога сенката те стега,
    невреме,
    кога нема време за ништо,
    невреме: пукаш куршум од празен пиштол.



    И да нема никаква смисла, онака напишана во еден саат после полноќ.
     
    На LightOFF му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.600
    God put a smile upon your face...

    Ти и јас, немаме заеднички пресек,
    но образуваме совршена унија.
    Ти и јас , немаме ништо за набројување после двете точки,
    но имаме многу за кажување после напишани три . . .
    Стабилни елементи сме , независни еден од друг,
    но во комбинација образуваме тринитротолуол.

    Мразиш кога превртувам со очињата,
    - јас уште повеќе кога си играш Господ и мислиш дека знаеш се'!

    И што дека?
    Навечер ги подавам рацете
    и поспано ти го допирам и душкам лицето
    само за да видам дали се смееш.
     
    На marama, teddybear, mysterious и 6 други им се допаѓа ова.
  17. De-lovely

    De-lovely Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2010
    Пораки:
    722
    Допаѓања:
    932
    Црвениот дневник

    Повторно тежина во срцето.
    Повторно го барам дневникот
    со црвени корици.
    Повторно посегам по пенкалото
    и пишувам.
    Пишувам зашто слушнав
    -Така ќе заборавам.
    Ќе се истурам на пожолтените
    страници на црвениот дневник.
    Него да му тежат мислите,
    зборовите и гласовите.
    И длабоко да воздивнам,
    да се вратам во реалноста
    силна како секогаш.
     
    На silvy му/ѝ се допаѓа ова.
  18. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    ~Шал~


    Ветерот шиба низ голите гранки
    шибам и јас на патот кон дома
    со чекор брз и лесен,
    одам низ сивилото на градот,
    влажен и скапан од доцната есен.

    Не сакам воздишките топли
    со секој сопатник да ги делам,
    па во белилото на мојот волнен шал
    сигурно и бавно галвата ја веднам.

    Љубоморно ја чува топлината на здивот мој
    како љубовник моето лице го гали
    и нежно со мек допир ги грее
    вжарените мои образи мали.

    Замислувам како чекорот
    со воздишките прават симфонија
    “Да се позлатат бабините раце“-
    мсилам во себе, да разбијам монотонија.

    И патот полека се намалува...

    Едај чекам да сум дома, помислувам
    да ме чека чајче со колачиња вкусни
    па конечно моите воздишки врели
    да не ги чува шалов,
    туку твоите румени усни.


    п.с.
    Песничкава ме потсеќа на оние кои ги пишував кога бев помала, со римата и ритамот.Па дури и самата тематика. И не знам што ми дојде, ама убава испадна :)
     
    На skyAngel и Magnolija им се допаѓа ова.
  19. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.257
    Допаѓања:
    43.755
    Oblivion

    Пробувавме да си дадеме нешто од себе, во погрешните долапи за леб.
    Во местата кај што дури ни четирилисната детелина не се осмелува да расте.
    Занесот, во улиците со црвени пешачки премини, не трае долго.
    Уметноста, е само за силните и оние што забележуваат премногу.

    Пак, на наредниот сон, ќе му пукаат шавовите
    и ние, веројатно по некојси шаблон...

    пак ќе ги сошиеме.

    Ништо да не ни избега.
    прекратко време
    за толкави умови
    премалку чекори
    за проширени друмови.
    Можеби едноставно е.
    Но такво, никогаш не го сакаме.
    Моите очи
    ќе вивнат поглед нагоре.


    Што ли ќе видам следно.
    ?
    !
    Или можеби слепилото е најдобро гледање...
     
    На x.Daisy.x му/ѝ се допаѓа ова.
  20. GeorGinnA

    GeorGinnA Популарен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2010
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    2.008
    ... Набери ми босилок од градината и донеси ми...Од лилеавиот мирис ќе ми се смири душата,а од китките стиснати ќе се истрие гнасотијата од твоите раце.Босилок е,божевствен е.Можеби немаш право да го допираш,немаш да,оти ќе го извалкаш со твојата нечистотија закоравена под ноктите,навлезена во твојата срж.Нема да помогнат неговите китки оти се невини и знаат само да даваат опоен мирис и чувство на среќа,а ти си навикнат таквите нешта да ги гмечиш,да им го исцедиш и последниот сок без око да ти трепне.

    Ех,безнадежно мое ,што знаеш ти за убавината? Што знаеш ти за среќата?

    Патот по кој тргна е само пепел,а со твоите ножиња мали и млитави го газиш ли газиш,ќоравите очи не ти даваат да видиш како жарчињата што останале ти ја горат сржта.Немаш срце, па да почувствуваш.Јас застаната на брдово со расечени колена ти го гледам грбот кој го запрашува пепелта од твоите чекори,сеуште не си заминал подалеку па прашината допира и до раниве мои,ќе ми ги затресе колената од болка ама се исправам.Морам да стојам како кукурек,да видам кога ќе го направиш и последнито чекор пред да се струполиш во бездната.Таму завршува твојот пат,ти не ја гледаш оти ќорав си,ама јас ќе те испратам таму точно застаната на ова брдо,само што тогаш и раните ќе ги нема ,не си до мене па да ги напрашуваш така што ќе поминат......

    Извадок од еден текст мој ЗАКОПОТ НА СЛЕПИОТ...ова го пишував пред некои 3 години,малку е подолго ама да не ве заспијам сите ете еден мал дел.
     
    На marama и Angelche им се допаѓа ова.